Рикардо Сапонара (роден на 21 декември 1991, во Форли) — италијански фудбалер, играч од средниот ред на Фјорентина.

Италија Рикардо Сапонара
Лични податоци
Роден на 21 декември 1991(1991-12-21)(32 г.)
Роден во Форли, Италија
Висина &100000000000001770000001,77 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Фјорентина Фјорентина
Број 8
Младинска кариера
Самартинезе
Форли Форли
Равена Равена
Емполи Емполи
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008–2009 Равена Равена 3 (0)
2009–2013 Емполи Емполи 83 (12)
2013–2015 Милан Милан 8 (0)
2015-2017 Емполи Емполи 68 (14)
2017- Фјорентина Фјорентина 10 (1)
Репрезентација
2009 Италија Италија 18 3 (0)
2009 Италија Италија 19 1 (0)
2011-2013 Италија Италија 21 22 (3)
* Ажурирано на: 22 мај 2012
** Ажурирано на: 27 јуни 2012

Технички одлики

уреди

Сапонара е офанзивен играч од средниот ред со добра техника, брзина и физичка сила, исто така, има одличен дриблинг, но не ги заборава ни дефанзививните задачи. Може да дејствува и како офанзивно крило (најчесто десно).[1]

Клупска кариера

уреди

Равена

уреди

Сапонара пораснал играјќи фудбал во младинските школи на Самартинезе и Форли,[2][3] а во текот на летото на 2007 се префлил во екипата на Равена во Серија Б, иако сè уште настапувал во Примавера првенството. Во сезоната 2008-2009 екипата на Равена испаднала во Лега Про Прима Дивизионе и Сапонара бил вклучен во првиот тим на тренерот Џанлука Атѕори, каде што тој собрал седум натпревари, вклучувајќи и еден настап во Купот на Италија против Џенова[4][5] и 3 во Лега Про купот.

Емполи и Милан

уреди

На 24 јануари 2009, Емполи го купил Сапонара преку договор за ко-сопственост[6] за 750.000 евра.[7] На 25 јуни 2010, по две сезони во Примавера, екипата од Тоскана целосно го откупила договорот на играчот од Равена.[8][9] за 500.000 евра.[7] Тој го направил своето деби во првиот тим на 13 ноември, во натпреварот против Аталанта во Серија Б во кој неговиот тим победил со 3-0 на домашен терен.[10] Својата прва сезона во Емполи ја завршил со 17 лигашки настапи, од кој седум како стартер.

Следната сезона тој го постигнал својот прв гол како професионалец, за време на натпреварот против Реџина (3-2) на 26 септември 2011.[11] Во текот на неговата втората сезона во клубот одиграл 30 натпревари во Серија Б, од кој 21 како стартер, 2 во плејаутот (во кои Тосканците излегле како победници по два натпревари против Виченца и обезбедиле опстанок) и 2[12] во Купот на Италија. На 1 септември 2012, за време на сезоната 2012-2013, за првпат во кариерата постигнал два гола на еден натпревар, во ремито 2-2 против Новара.[13] По првата половина од сезоната, во која на 18 натпревари, Сапонара постигнал 8 гола и 7 асистенции,[1] на 21 јануари 2013 на Милан откупил 50% од неговиот договор[14] за 3,8 милиони €;[15] играчот останал на позајмица во Емполи до крајот на сезоната.[16]

Емполи ја завршил сезоната на 4 место во лигата, обезбедувајќи учество во плејофот, каде тие биле поразени во финалето од Ливорно.[17] Вкупно Сапонара одиграл 40 натпревари и постигнал 13 гола за сезоната 2012-2013.[18] По завршувањето на позајмицата, тој ја започнал неговата авантура со росонерите, одлучувајќи да го носи дресот со број 8.[19] Тој го направил своето деби со екипата од Милано на 27 октомври 2013 година, во 9-тото коло од првенството, во поразот со 3-2 на гостувањето кај Парма.[20] На 22 декември за првпат во дресот на Милан бил стартер, играјќи во Миланското дерби против Интер[21] (пораз со 1-0). На 20 јуни 2014 година, Милан ја откупил и втората половина од договорот на играчот.[22]

Враќање во Емполи

уреди

На 16 јануари 2015, Сапонара се вратил во Емполи на позајмица до крајот на сезоната, со право на откуп.[23] Своето деби го направил четири дена подоцна во натпреварот Рома-Емполи 2-1 во Купот на Италија. Дебитирал во лигата, десет дена подоцна во натпреварот Емполи-Удинезе 1-2 отворајќи го резултатот од пенал; ова бил неговиот прв гол во Серија А во кариерата и првиот гол во неговата второ искуство со тосканците. На 22 март за првпат бил двоен стрелец на еден натпревар во Серија А, во натпреварот Емполи-Сасуоло 3-1.[24] На 13 мај 2015 година бил откупен од Емполи за 4 милиони €[24].

На 23 август 2015, го одбележал својот прв гол за сезоната против Кјево, за моментален резултат 1-0 (на крајот Кјево победил со 1-3). Веќе во следното коло повторно бил стрелец во поразот со 2-1 од неговиот поранешен тим Милан.

Фјорентина

уреди

На 28 февруари 2017, Сапонара се преселил во Фјорентина на заем до крајот на сезоната со обврска за откуп на играчот по завршувањето на позајмицата.[25]

Репрезентативна кариера

уреди

Сапонара може да се пофали со 26 натпревари и 3 гола за три различни италијански младински репрезентации. На 22 септември 2009, дебитирал во дресот на репрезентацијата под 19 години, влегувајќи како замена во второто полувреме на пријателскиот натпревар против Данска кој го загубиле со 4-1.[26]

Статистика

уреди

Статистика е ажурирана на 2 ноември 2015.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2008-2009   Равена 3 0 КИ+КИ-ЛП 1+3 0+0 - - - - - - 7 0
2010-2011   Емполи Б 17 0 КИ 0 0 - - - - - - 17 0
2011-2012 Б 30+2[27] 1+0[27] КИ 2 0 - - - - - - 34 1
2012-2013 Б 36+4[28] 11+2[28] КИ 0 0 - - - - - - 40 13
2013-2014   Милан А 7 0 КИ 0 0 ЛШ[29] - - - - - 7 0
2014-јан. 2015 А 1 0 КИ 0 0 - - - - - - 1 0
Вкупно Милан 8 0 0 0 - - - - 8 0
јан.-јун. 2015   Емполи А 17 7 КИ 1 0 - - - - - - 18 7
2015-2016 А 33 5 КИ 1 0 - - - - - - 34 5
2016-јан. 2017 А 18 2 КИ 1 0 - - - - - - 19 2
Вкупно Емполи 151+6 26+2 5 0 - - - - 162 28
јан.-јун. 2017   Фјорентина А 11 2 КИ - - ЛЕ 0 0 - - - 11 2
2017-2018 А 11 0 КИ 2 0 - - - - - - 13 0
Вкупно Фјорентина 22 2 2 0 0 0 - - 24 2
Вкупно во кариерата 184+6 28+2 11 0 0 0 - - 201 30

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Simone Gambino (10 јануари 2013). goal.com (уред.). „Generazione di Fenomeni - Riccardo Saponara, da scheggia dell'Empoli a 'top young' nel Milan... ricordando Kakà“. Посетено на 22 јануари 2013.
  2. Maurizio Garavini (13 јануари 2011). sanmartinoinstrada.com (уред.). „Riccardo Saponara - dalla Sammartinese all'Empoli!!!“. Посетено на 22 јануари 2013.
  3. Daniele Guarneri (11 јануари 2013). tempi.it (уред.). „Riccardo Saponara, ecco chi è il nuovo acquisto del Milan. «Più che Kaka, sembra El Shaarawy»“. Посетено на 22 јануари 2013.
  4. Mauro Casaccia (3 октомври 2008). Il Secolo XIX (уред.). „Il Principe entra e vince“. Архивирано од изворникот на 2015-05-18. Посетено на 22 јануари 2013.
  5. transfermarkt.it, уред. (2 октомври 2008). „Genoa - Ravenna 2 : 1“. Посетено на 22 јануари 2013.
  6. Stefano Sica (24 јануари 2009). tuttomercatoweb.com (уред.). „Ufficiale: Saponara è dell'Empoli“. Посетено на 22 јануари 2013.
  7. 7,0 7,1 Fabrizio Romano (28 декември 2012). tuttomercatoweb.com (уред.). „Saponara fu già a un passo dall'Inter: il retroscena“. Посетено на 22 јануари 2013.
  8. tuttomercatoweb.com, уред. (25 јуни 2010). „Ufficiale: Saponara all'Empoli“. Посетено на 22 јануари 2013.
  9. calciomercato.com, уред. (25 јуни 2010). „Empoli: Dal Ravenna c'è Saponara“. Посетено на 3 март 2014.
  10. legaseriea.it, уред. (13 ноември 2010). „Empoli 3 - 0 Atalanta“. Посетено на 22 јануари 2013.[мртва врска]
  11. legaserieb.it, уред. (26 септември 2011). „Empoli 3 -2 Reggina“. Архивирано од изворникот на 2014-11-11. Посетено на 22 јануари 2013.
  12. „Riccardo Saponara - Rendimento 2011/12“. transfermarkt.it. Посетено на 6 јули 2015.
  13. legaserieb.it, уред. (1 септември 2012). „Novara 2 - 2 Empoli“. Архивирано од изворникот на 2015-07-04. Посетено на 22 јануари 2013.
  14. legaseriea.it (уред.). „Tutti i trasferimenti - Milan“. Архивирано од изворникот на 2010-07-08. Посетено на 28 февруари 2014.
  15. transfermarkt.it (уред.). „Riccardo Saponara“. Архивирано од изворникот на 2013-01-22. Посетено на 22 јануари 2013.
  16. legaserieb.it (уред.). „Tutti i trasferimenti - Empoli“. Архивирано од изворникот на 2014-01-14. Посетено на 22 јануари 2013.
  17. Fabio Giorgi (2 јуни 2013). La Gazzetta dello Sport (уред.). „Livorno-Empoli 1-0. Toscani in serie A, gol promozione di Paulinho“. Посетено на 18 јуни 2013.
  18. transfermarkt.it (уред.). „Riccardo Saponara – Statistiche stagione in corso 12/13“. Посетено на 18 јуни 2013.
  19. acmilan.com, уред. (22 јули 2013). „Stagione 2013/14: i numeri di maglia ufficiali del Milan“. Посетено на 22 јули 2013.
  20. Marco Pasotto (27 октомври 2013). La Gazzetta dello Sport (уред.). „Parma-Milan 3-2, Parolo esalta il Tardini“. Посетено на 27 октомври 2013.
  21. ANSA, уред. (22 декември 2013). „Inter-Milan: Saponara, prima da titolare“. Посетено на 23 декември 2013.
  22. acmilan.com, уред. (20 јуни 2014). „AC Milan comunicato ufficiale“. Посетено на 21 јуни 2014.
  23. empolicalcio.net, уред. (16 јануари 2015). „Preso Riccardo Saponara“. Архивирано од изворникот на 2015-02-04. Посетено на 16 јануари 2015.
  24. 24,0 24,1 Davide Russo de Cerame (13/06/2015). „Addio Milan, l'Empoli riscatta Saponara“. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  25. „SAPONARA E' UN CALCIATORE DELLA FIORENTINA“. it.violachannel.tv (италијански).
  26. transfermarkt.it, уред. (22 септември 2008). „Danimarca U19 - Italia U19 4 : 1“. Посетено на 22 јануари 2013.
  27. 27,0 27,1 Плејаут.
  28. 28,0 28,1 Плејоф.
  29. Не бил вклучен на списокот за УЕФА.

Надворешни врски

уреди