[1]

Алжир Сафир Таидер
Лични податоци
Роден на 29 февруари 1992(1992-02-29)(32 г.)
Роден во Кастр, Франција
Висина &100000000000001800000001,80 м[2]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Болоња Болоња
Број 8
Младинска кариера
Кастр
Алби Алби
Гренобл Гренобл
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2010–2011 Гренобл Гренобл 26 (1)
2011-2013 Болоња Болоња 48 (3)
2013- Интер Интер 25 (1)
2014Саутхемптон Саутхемптон 0 (0)
2014-2015Сасуоло Сасуоло 15 (2)
2015- Болоња Болоња 53 (3)
Репрезентација
2010 Франција Франција 18 2 (1)
2010-2011 Франција Франција 19 7 (2)
2011-2012 Франција Франција 20 3 (0)
2013- Алжир Алжир 38 (5)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Сафир Слити Таидер (роден на 29 февруари 1992) — алжирски фудбалер роден во Франција, играч од средниот ред на Болоња и на алжирската репрезентација.

Технички карактеритстики

уреди

Играч од средниот ред таканаречен box-to-box midfielder (добро се снаоѓа и во одбрана и во напад), кој Салваторе Бањи го открил, при споредба со италијанскиот фудбалер и ѕвездата на Јувентус Клаудио Маркизио; полн е со карактер и натпреварувачки дух.[3]

Клупска кариера

уреди

Гренобл

уреди

Таидер го направил своето деби во Лига 1 со екипата на Гренобл на 15 мај 2010 во натпреварот против Олимпик Марсеј.[4][5] На 5 јули 2010, тој го потпишал својот прв професионален договор со Гренобл.[6]

Следната сезона, во Лига 2, запишал 25 настапи и еден гол во лигата.

Болоња

уреди

По испаѓањето на Гренобл од Лига 2 и нивното административно исфрлање заради финансиски проблеми дури во петтата лига, Таидер бил ослободен од клубот и на 4 јули 2011 потпишал четиригодишен договор со италијанската Болоња, екипа од Серија А. Своето деби во дресот "рособлу" го имал во ноември, во натпреварот од италијанскиот куп против Кротоне. Дебито во Серија А го направил на 11 декември 2011, во натпреварот против Милан кој завршил нерешено 2-2, влегувајќо од клупата за резерви на местото на Гастон Рамирес во текот на второто полувреме. Во 18-тото коло од сезоната играл како стартер во натпреварот против Наполи кој заврпил нерешено 1-1.

На 17 јануари 2012 на Болоња му продала половина од договорот на Таидер на Јувентус, но играчот ја завршил сезоната во Емилија како позајмен од Јувентус.[7][8][9] Својата прва сезона ја затворил со 14 настапи во Серија А. На 13 јуни 2012, договорот за ко-сопственост на Таидер меѓу Болоња и Јувентус е решен во корист на Болоња.[10] На 18 август 2012 година во натпреварот Болоња-Варезе (2-1) од третиот круг на италијанскиот куп постигнал два гола со кој го испратил својот тим во наредната рунда на натпреварување. На 31 октомври 2012 година го одбележал својот прв гол во Серија А, во 10-тото коло од првенството 2012-13, при поразот со 2-1 од Јувентус; неговиот гол дошол во второто полувреме за моментален резултат 1-1. Сезоната ја затворил со 34 настапи и три гола во лигата, постигнувајќи гол и во натпреваритее против Каљари и Парма.

Интер

уреди

На 20 август 2013 потпишал за Интер.[11]. На 25 август, дебитирал со новиот дрес во првото коло од сезоната 2013-14 против Џенова, влегувајќи од клупата за резерви. На 22 септември, го постигнал својот прв гол за Интер во натпреварот против Сасуоло кој Интер го добил со 0-7. На 4 декември постигнал гол во четвртата рунда од Купот на Италија против Трапани. Во вториот дел од оваа сезона не бил многу користен од страна на тренерот Валтер Маѕари.

Позајмици во Саутхемптон и Сасуоло

уреди

На 6 август 2014 отишол на заем во Саутхемптон како дел од трансферот на Дани Освалдо во Интер.[12][13] На 1 септември, по само 26 дена поминати во англискиот клуб, играчот се вратил во Интер без воопшто да одигра некој натпревар за "светците" и истовремено се преселил на заем во Сасуоло.[14] Тој го постигнал својот прв гол во дресот "нероверде" против Парма со шут од 25 метри.

Болоња

уреди

На 31 август 2015, Таидер се вратил во Болоња на двегодишен заем со задолжителен откуп за сума од 2.5 милиони евра.[15][16][17]

Личен живот

уреди

Таидер е роден во Франција од татко тунижанин и мајка алжирка.[18]

Тој е помлад брат на Набил Таидер, исто така фудбалер од средниот ред, кој игра за Горица и е репрезентативец на Тунис.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. https://twitter.com/saphirofficiel
  2. bolognafc.it (уред.). „Saphir Taïder“. Посетено на 18 февруари 2012.
  3. goal.com (уред.). „Dopo averlo scoperto, Bagni presenta Taider ai tifosi bianconeri: "Juve, sarà il tuo nuovo Marchisio. Un jolly di centrocampo cattivo e affamato". Посетено на 13 март 2012.
  4. „Marseille v. Grenoble Match Report“. Ligue de Football Professionnel. 15 May 2010. Посетено на 15 May 2010.
  5. „Saphir Taider titulaire contre l'OM“. Espoirs du Football. 15 May 2010. Архивирано од изворникот на 2012-03-05. Посетено на 15 May 2010.
  6. „Taïder passe pro“. France Football. 5 July 2010. Архивирано од изворникот на 2010-07-07. Посетено на 5 July 2010.
  7. Sørensen al Bologna Bolognafc.it
  8. Sorensen al Bologna Juventus.com
  9. Tutti i trasferimenti - Bologna Архивирано на 17 јули 2015 г. Legaseriea.it
  10. Legaseria.it (уред.). „Partecipazioni“ (PDF). Архивирано од изворникот (pdf) на 2013-06-26. Посетено на 17 јуни 2012.
  11. inter.it, уред. (20 август 2013). „L'Inter dà il benvenuto a Saphir Taïder“. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 24 мај 2014.
  12. „Osvaldo è dell'Inter“. Архивирано од изворникот на 2014-12-20. Посетено на 2015-01-18.
  13. „STATEMENT: Saints sign Saphir Taïder“. Архивирано од изворникот на 2014-08-08. Посетено на 2015-01-18.
  14. Calciomercato: arrivano Consigli e Taider. Kurtic alla Fiorentina Архивирано на 8 јули 2015 г. Sassuolocalcio.it
  15. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Inter2015bilancio.
  16. „Saphir Taider al Bologna“ (италијански). F.C. Internazionale Milano. 31 August 2015. Архивирано од изворникот на 2017-12-28. Посетено на 12 October 2015.
  17. „Taider al Bologna“ (италијански). Bologna F.C. 1909. 31 August 2015. Посетено на 12 October 2015.
  18. [1]