Отвори го главното мени

Антонио Ди Натале

Антонио Ди Натале (роден на 13 октомври 1977 година) е италијански поранешен фудбалер, напаѓач.

Антонио Ди Натале
Antonio di natale.JPG
Лични податоци
Роден на 13 октомври 1977 (1977-10-13) (42 г.)
Роден во Неапол, Италија
Држава  Италија
Висина &100000000000001700000001,70 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Младинска кариера
Емполи Емполи
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1996-2004 Емполи Емполи 158 (49)
1997-1998 →Иперцола 33 (6)
1998Варезе Варезе 5 (0)
1998-1999Вијареџо Вијареџо 25 (12)
2004-2016 Удинезе Удинезе 385 (191)
Репрезентација
2002-2012 Италија Италија 42 (11)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 11 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 11 јануари 2012

Познат по својот прекар Тото.

Технички карактеристикиУреди

Како разноврсен напаѓач со смртоносно око за гол, Ди Натале може да игра било каде во нападот, како осамен напаѓач или по крилните позиции во формација со тројца напаѓачи. Тој е познат по неговите дриблинг вештини и неговата способност да реализира голови и да креира шанси.

КариераУреди

Својата кариера ја започнал во Емполи, а своето деби за првиот тим го направил во натпревар од Серија Б во сезоната 1996-97. Следувале две сезони кој ги поминал на заем во екипите на Иперцола, Варезе и Вијареџо, по што се вратил во Емполи во летото 1999 година. Во сезоната 1999-2000 се афирмирал во клубот играјќи во 25 првенствени натпревари и постигнал 6 гола. Во сезоната 2001-02 со 16 постигнати гола му помогнал на Емполи да избори промоција во Серија А. Во својата прва сезона во највисоката лига на италијанскиот фудбал оформил партнерствo во нападот со Томазо Роки и Лука Саудати и се истакнал со 13 постигнати голови.

Пред почетокот на сезоната 2004-2005, Ди Натале потпишал за Удинезе. Во следните 10 години тој станал капитен и икона на клубот со преку 400 натпревари и скоро 300 голови. Ди Натале бил најдобар стрелец во Серија А две сезони едноподруго во 2009-10 и 2010-11.[1] Во 2010 година ја добил наградата за Италијански фудбалер на годината.

Надворешни врскиУреди

НаводиУреди

  1. rsssf.com / tablesi / italtops.html „Италија, Серија А - Најдобри стрелци“. конс. 18 февруари 2013.  Unknown parameter |издавач= ignored (помош);