Рубињо (фудбалер)
Рубенс Фернандо Моедим, попознат како Рубињо — професионален бразилски фудбалер, голман. Моментално е без клуб.
Рубињо | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Рубенс Фернандо Моедим | ||
Роден на | 4 август 1982 | ||
Роден во | Саун Пауло, Бразил, | ||
Висина | 1.86 м | ||
Позиција | голман | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Слободен играч | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2001–2004 | Коринтијанс | 34 | (0) |
2005-2006 | Виторија Сетубал | 12 | (0) |
2006–2009 | Џенова | 95 | (0) |
2009–2011 | Палермо | 6 | (0) |
2010 | → Ливорно | 11 | (0) |
2010–2011 | → Торино | 26 | (0) |
2012–2016 | Јувентус | 2 | (0) |
2016–2017 | Комо | 0 | (0) |
2017 | Џенова | 2 | (0) |
Репрезентација | |||
2000–2003 | Бразил 20 | 19 | (0) |
* Ажурирано на: 1 јули 2011 |
Животопис
уредиРубињо е роден во Саун Пауло, Бразил. Тој е помлад брат на Зе Елијас, кој исто така бил професионален фудбалер и играл за Бајер Леверкузен и Интер меѓу попознатите клубови.
Рубињо исто така поседува и италијански пасош.
Кариера
уредиПрвите чекори во фудбалот Рубињо ги направил во ФК Коринтијанс, клуб од неговиот роден град Саун Пауло. Таму ги минал првите четири сезони како професионален фудбалер пред да се пресели во португалската екипа Виторија Сетубал.[1]
По една сезона мината во првата португалска лига, преминал во Џенова, која тогаш се натпреварувала во италијанската Серија Б. Во неговата прва година помеѓу „црвените“ од Џенова настапил на 29 натпревари и му помогнал на клубот да избори пласман во елитната Серија А. Во таа екипа минал три успешни сезони како прв чувар на мрежата, бележејќи вкупно 95 натпревари на голот.
Претсезоната 2009/2010 се случила трампа помеѓу Џенова и Палермо, по која Рубињо и Марко Амелија си ги замениле постојните тимови.[2] Бидејќи Салваторе Сиригу бил првиот избор за голманското место во Палермо, Рубињо бил отстапен на Ливорно за време на зимскиот преоден рок, по само 8 одиграни натпревари од официјален карактер.[3]
По крајот на сезоната било јасно дека Рубињо повторно ќе оди на позајмица, па така ФК Кјево Верона пројавил интерес за голманот.[4] Првично постогнатиот договор со тимот од Верона пропаднал,[5] по што Рубињо претстојната сезона ја минал како почетна „единица“ на Торино.[6]
Сезоната 2011/2012 повторно се вратил во Палермо, но овој пат го загубил и второто голманско место во составот, по што бил приморан предвреме да го раскине договорот со тој клуб на 16 декември 2011.[7] Остатокот од сезоната го поминал тренирајќи во неговиот роден Бразил, во локалниот тим на Гремио. Имал и една успешна проба во италијанскиот второлигаш Варезе,[8] пред да потпише договор во траење од една година со екипата на Јувентус.[9]
Титули
уредиЈувентус
уреди- Серија А (4) : 2012-2013, 2013-2014, 2014-2015, 2015-2016
- Куп на Италија (2) : 2014-2015, 2015-2016
- Суперкуп на Италија (1) : 2015
Наводи
уреди- ↑ Italy calling for Artmedia starlet; UEFA.com, (12 јануари 2006)
- ↑ „Amelia to Genoa, Rubinho comes“ (италијански). ФК Палермо. 5 август 2009. Посетено на 12 август 2011.[мртва врска]
- ↑ „Goalkeeper exchange with Livorno Rubinho-Benussi“ (италијански). ФК Палермо. 1 февруари 2010. Архивирано од изворникот на 2010-02-24. Посетено на 1 февруари 2010.
- ↑ „L'Arena: "Rubinho is gialloblu. Palermo also wants Meggiorini"“ (италијански). ФК Кјево. 30 јуни 2010. Архивирано од изворникот на 2010-07-06. Посетено на 1 јули 2010.
- ↑ „Sorrentino, Greek smoke“ (италијански). ФК Кјево. 2 јули 2010. Архивирано од изворникот на 2010-07-06. Посетено на 4 јули 2010.
- ↑ „Exit movements in Palermo“ (италијански). ФК Палермо. 31 август 2010. Архивирано од изворникот на 2010-09-03. Посетено на 31 август 2010.
- ↑ „Rubinho rescision official“ (италијански). ФК Палермо. 16 декември 2011. Архивирано од изворникот на 2012-06-09. Посетено на 15 февруари 2012.
- ↑ „Face to face... with Rubinho“ (италијански). Tutto Mercato. 9 август 2012. Посетено на 4 септември 2012.
- ↑ „Rubinho in black-and-white“ (италијански). Juventus FC. 29 август 2012. Посетено на 4 септември 2012.
Надворешни врски
уреди- Рубињо на Tutto Calciatori (италијански)
- Рубињо на Zerozero[мртва врска]