Жерве Јао Куази (роден на 27 мај 1987), подобро познат како Жервињо, е фудбалер од Брегот на Слоновата Коска, напаѓач на Парма и на репрезентацијата на Брег на Слоновата Коска.

Жервињо
Лични податоци
Полно име Жерве Јао Куази
Роден на 27 мај 1987(1987-05-27)(37 г.)
Роден во Анјама, Брег на Слоновата Коска
Држава Брег на Слоновата Коска Брег на Слоновата Коска
Висина &100000000000001790000001,79 м
Позиција напад
Клупски податоци
Сегашен клуб Парма Парма
Број 27
Младинска кариера
АСЕК Мимозас АСЕК Мимозас
Тумоди
Беверен Беверен
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005-2007 Беверен Беверен 61 (14)
2007-2009 Ле Ман Ле Ман 59 (8)
2009-2011 Лил Лил 67 (28)
2011-2013 Арсенал Арсенал 46 (9)
2013-2016 Рома Рома 71 (17)
2016-2018 Хебеј Чајна Форчун Хебеј 22 (4)
2018- Парма Парма 9 (5)
Репрезентација
2007- Брегот на Слоновата Коска Брег на Слон. Коска 84 (22)
* Ажурирано на: 6 јануари 2012
** Ажурирано на: 6 јануари 2012

Технички одлики

уреди

Игра претежно на позицијата крило, има одличен удар и дриблинг, со брзи промени на правецот.[1]

Клупска кариера

уреди

Рани години

уреди

Жервињо е роден во Анјама, Брегот на Слоновата Коска.[2] Тој ја започнал својата кариера во младинската академија на АСЕК Мимозас, каде што поминал пет години. Во АСЕК, го добил Бразилско-португалскиот прекар "Жервињо", изведен од неговото име Жерве.[3]

По ова, тој се преселил во екипата на Тумоди (исто така во Брегот на Слоновата Коска), каде што станал професионалец.[4]

Во 2004 година дошол во Европа, приклучувајќи му се на младинскиот тим на белгискиот Беверен.

Беверен

уреди

Следната сезона 2005-06 бил унапреден во првиот тим на Беверен, а своето деби за клубот го имал на 6 август 2005 во поразот на домашен терен од Брисел со 0-2, појавувајќи се во игра како замена во 53-тата минута на местото на сонардникот Констан Каипе Кипре.

Жервињо одиграл две сезони во дресот на Беверен, и постигнал 14 гола во 61 првенствен настап.

Ле Ман

уреди

По завршувањето на сезоната 2006-2007 Жервињо се преселил во францускиот прволигаш Ле Ман за сума од 600.000 €, каде што играл заедно со Ромарик, исто така, играч од средниот ред на Брегот на Слоновата Коска и репрезентативец. Тој постигнал два гола во неговата дебитантска сезона во Лига 1, еден против лутиот соперник Нанси,[5] а другиот против екипата на Ленс.[6] Жервињо постигнал 9 гола во 59 натпревари во Лига 1 во две сезони во францускиот клуб.

На 21 јули 2009 година, Жервињо му се приклучил на Лил за пријавена сума од околу 6.000.000 € потпишувајќи со нив тригодишен договор.[7] Жервињо постигнал 13 гола во 32 настапи во неговата дебитантска сезона за клубот.<[2] Својот прв гол за Лил го постигнал во победата со 3-2 на гостувањето кај Булоњ на 4 октомври 2009 година.[8]

Тој имал уште поуспешна втора сезона со Лил. Жервињо постигнал 18 гола во сите натпреварувања, 15 во Лига 1,[9] со кој му помогнал на Лил да стане Шампион на Франција за првпат по 56 години.[10] Неговиот тим исто така го освоил и Купот на Франција, а Жервињо бил стрелец во победата со 2-0 во полуфиналето против Ница на 20 април.[11][12] На крајот на сезоната, очекувано Жервињо е поврзуван со многу клубови како Арсенал,[13] Париз Сен Жермен,[14] Атлетико Мадрид [15] и Њукасл Јунајтед.[16]

Арсенал

уреди
 
Жервињо игра за Арсенал против Сандерленд.

На 12 јули 2011 година Жервињо го комплетирал својот трансфер од Лил во Арсенал за сума која се верува дека изнесувала околу 10.800.000 £.[17][18][19] Тој го добил дресот со број 27., кој за последен пат бил носен од страна на неговиот сонародник и колега од Репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, Емануел Ебуе кој бил веќе на работ на напуштање на клубот.[20] Тој го направил своето деби во пред-сезонски пријателски натпревар против Келн, во кој постигнал два гола во рамките на првите 15 минути.[21] На своето деби во Премиер лигата, Жервињо добил црвен картон во 76-тата минута од натпреварот против Њукасл Јунајтед, откако тој влегол во физичка пресметка со лудиот Џои Бартон кој го испровоцирал при една ситуација во шеснаесетникот на страчките. Натпреварот завршил 0-0.[22] Ова резултираше со стандардната казна од три-натпревари суспензија заради насилно однесување.[23] Алан Пердју (менаџерот на Њукасл Јунајтед) го обвинил Жервињо за симулирање во двобојот со Шеик Тиоте во шеснаесетникот, по што следување онаа ситуација со Бартон.[24] Тој го постигнал својот прв лигашки гол за Арсенал во поразот со 4-3 од Блекбурн Роверс.[25] На 23 октомври 2011 година, Жервињо придонел за сите три гола во победата на Арсенал со 3-1 над Стоук Сити, постигнувајќи го првиот и асистирал за двата гола на Робин ван Перси.[26] Тој потоа го постигна својот трет гол за Арсенал на 3 декември 2011 година, во победата со 4-0 над Виган Атлетик. Својот четврти гол за Арсенал во сезоната го постигнал на 27 декември 2011 година во ремито 1-1 против Вулверхемптон. По поразот од Фулам со 2-1, Жервињо заминал на Африканскиот куп на нации. Тој го направил своето враќање во Арсенал на 18 февруари 2012 година во натпревар од ФА Купот против Сандерленд, кој завршил со пораз 2-0 со кој Арсенал бил елиминиран од ова натпреварување.[27]

Следната сезона, Жервињо играл во три од првите четири првенствени натпревари на Арсенал и постигнал два гола во подбедата со 6-1 на домашен терен над Саутхемптон на 15 септември.[28] Жервињо го постигнал својот прв гол во новата сезона во натпреварот од Лигата на шампионите против Монпелје на 18 септември во победата со 2-1.[29] По долга пауза, на 16 март, Жервињо постигнал гол и ја запечатил победата над Свонзи Сити (2-0), постигнувајќи го својот прв гол за Арсенал од септември.[30] На 30 март, Жервињо постигнал гол и асистирал за други два гола на Арсенал во победата над Рединг со 4-1 и бил прогласен за играч на натпреварот.[31][32]

Рома

уреди
 
Жервињо на подготовки со Рома во летото 2014

На 8 август 2013 година, Жервињо го напуштил Арсенал и се преселил во италијанската екипа Рома за сума од 8.000.000 €.[33] Во клубот повторно се сретнал со тренерот Руди Гарсија, кој претходно го тренирал во Ле Ман и Лил, а исто така продолжил да игра со бројот на дрес 27. (кој го носеше и во Арсенал). Тој го направил своето прво појавување за Рома влегувајќи како замена на местото на Марко Бориело во натпреварот против Ливорно на 25 август.[34] На 25 септември Жервињо го постигнал својот прв официјален гол за Рома, стрелајќи прецизно од непосредна близина по асистенцијата на Франческо Тоти, со што ја запечатил победата над Сампдорија со 2-0 конечен резултат.[35] Во следниот натпревар од Серија А, тој и помагнал на екипата да дојде до шестата победа во исто толку натпревари, тресејќи ја двапати мрежата на Болоња во убедливата победа со 5-0.[36] Жервињо го постигнал единствениот гол со акробатски потег по асистенција на Кевин Стротман во четврт-финалето од Купот на Италија на 21 јануари 2014 година, носејќи и победа над Јувентус и пласман во полуфиналето.[37] Во првиот натпревар од полуфиналето против Наполи на 5 февруари, Жервињо постигнал два гола, вклучувајќи го и доцниот победнички гол во натпреварот за победа на Рома со 3-2 и предност пред реваншот, по кој Рома била елиминирана.[38] Својата дебитанстска сезона во Италија ја завршил со 9 гола во 29 настапи во Серија А и 3 гола во 4 настапи во Купот на Италија.

Хебеј Чајна Форчун

уреди

Во јануари 2016, Жервињо потпишал договор со кинескиот клуб Хебеј Чајна Форчун за сума од 18 милиони евра.

Парма

уреди

На 17 август 2018, Жервињо се вратил во Серија А потпишувајќи за новопромовираната екипа, Парма.[39]

Репрезентативна кариера

уреди
 
Жервињо со Брегот на Слоновата Коска.

Жервињо бил капитен на Репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска под 21 година.[4]

Тој бил именуван за настап во сениорската репрезентација за првпат за пријателските натпревари против Ангола и Катар во ноември 2007 година, и беше повикан за настап на Африканскиот куп на нации 2008 во Гана, каде што тој го носел дресот со број 10. Тој го направил своето деби во сениорската репрезентација за време на Купот на нациите, каде што тој имал два настапи како замена.

Тој ја претставувал својата земја на Олимпискиот турнир во 2008, каде што тој бил капитен.[3] По поразот на Брегот од Аргентина во првиот натпревар, Жервињо постигнал еден гол и наместил два други во победата со 3-2 над Србија.[40]

Африкански куп на нации 2010

уреди

На 15 јануари 2010 година, Жервињо го постигнал својот трет репрезентативен гол на Африканскиот куп на нации во натпреварот од групната фаза против Гана.[41] Тој направил вкупно три настапи на турнирот, постигнувајќи еден гол.[42]

Светско првенство 2010

уреди

Жервињо ги постигнал својте први голови за репрезентацијата во квалификациите за Светското првенство 2010, стрелајќи двапати во победата со 3-0 над Гвинеја. Тој одиграл уште три натпревари во квалификациите сите како замена.[3] На 15 јуни 2010 година, тој го одиграл својот прв натпревар на Светските првенства. Одиграл 82 минути во првиот натпревар на Брегот на Слоновата Коска на мундијалот против Португалија кој завршил 0-0.[4] Тој направил вкупно три настапи на Светското првенство сите во групата Г, бидејќи неговата репрезентација не поминала во следната фаза.

Африкански куп на нации 2012

уреди

Жервињо го промашил одлучувачкиот пенал во пенал-рулетот во финалето на Африканскиот куп на нации 2012, со кој и дозволил на Замбија да го добие натпреварот и да стане шампион.

Светско првенство 2014

уреди

Жервињо беше вклучен во составот од 23 фудбалери на Брегот на Слоновата Коска за Светското првенство 2014 во Бразил.[43] Во нивниот прв натпревар во групата Ц против Јапонија, тој го постигнал победничкиот гол на додавање на Серж Орие за да го комплетира пресвртот и да и ја донесе првата победата на шампинатот на својата репрезентација со 2-1.[44] Во следниот натпревар, тој го постигнал единствениот гол за слоновите во поразот со 2-1 од Колумбија во Бразилија.[45]

Африкански куп на нации 2015

уреди

Жервињо бил повикан во репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска за Африканскиот куп на нации 2015 во Екваторска Гвинеја, но во првиот натпревар од групната фаза против Гвинеја тој заработил црвен картон заради удирање на противничкиот играч Наби Кеита. Тој добил два натпревари суспензија за инцидентот.[46] Жервињо се вратил за четврт-финалето на против Алжир, постигнувајќи го последниот гол во победата со 3-1[47] и исто така постигнал гол во полуфиналето, во победата со истиот резултат над ДР Конго.[48] Со победата над Гана на пенали во финалето, репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска станала првак на Африка.

Титули

уреди

Наводи

уреди
  1. Andrea Schianchi (27 јануари 2014). gazzetta.it (уред.). „Ala vecchio stile come Mora e Hamrin 1 cross, 2 sponde, 2 assist, 2 dribbling“. Посетено на 20 јуни 2014.
  2. 2,0 2,1 „Gervinho Bio, Stats, News – Football“. ESPN Soccernet. Архивирано од изворникот на 2012-12-19. Посетено на 14 August 2011.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Gervinho“. BBC Sport. Архивирано од изворникот на 2011-02-09. Посетено на 14 August 2011.
  4. 4,0 4,1 4,2 „FIFA.com profile“. FIFA. Архивирано од изворникот на 2013-12-03. Посетено на 14 August 2011.
  5. Julien Pretot (1 декември 2007). reuters.com (уред.). „Gervinho fires Le Mans up to third in Ligue 1“. Архивирано од изворникот на 2013-12-03. Посетено на 20 јуни 2014.
  6. Lens-Le Mans 1-3
  7. „Lille snap up Gervinho“. FIFA. 21 July 2009. Архивирано од изворникот на 2013-12-03. Посетено на 14 August 2011.
  8. „Boulogne 2 – 3 Lille Match Report“. ESPN Soccernet. 4 October 2009. Посетено на 14 February 2012.[мртва врска]
  9. „Gervinho“. ESPN Soccernet. Архивирано од изворникот на 2012-08-08. Посетено на 14 February 2012.
  10. „SOW GOOD AS LILLE TAKE TITLE“. Ligue 1 Official Website. 21 May 2011. Архивирано од изворникот на 2019-04-21. Посетено на 14 February 2012.
  11. „OGC Nice 0 – 2 LOSC Lille Métropole“ (француски). Coupe De France. 20 April 2011. Посетено на 14 February 2012.
  12. „Arsenal reveal Gervinho deal agreed“. FIFA. 11 July 2011. Архивирано од изворникот на 2013-12-03. Посетено на 14 August 2011.
  13. „Lille determined over duo“. Sky Sports. 7 June 2011. Посетено на 14 February 2012.
  14. „PSG fail in Gervinho quest“. Sky Sports. 13 June 2011. Посетено на 14 February 2012.
  15. „Atletico track Gervinho“. Sky Sports. 20 March 2011. Посетено на 14 February 2012.
  16. „Pardew waiting on striker move“. Sky Sports. 27 May 2011. Посетено на 14 February 2012.
  17. „Gervinho agrees deal to join Arsenal“. Arsenal.com. Архивирано од изворникот на 2011-07-13. Посетено на 11 July 2011.
  18. „Gervinho finally a Gunner“. Ligue1.com. Архивирано од изворникот на 2018-08-07. Посетено на 11 July 2011.
  19. „Arsenal complete signing of Lille striker Gervinho“. BBC Sport. 18 July 2011. Посетено на 14 August 2011.
  20. „Arsenal's first-team squad numbers announced“. Arsenal. 12 August 2011. Архивирано од изворникот на 2012-04-22. Посетено на 21 July 2012.
  21. „FC Cologne 1–2 Arsenal“. Arsenal.com. Архивирано од изворникот на 2011-09-24. Посетено на 14 August 2011.
  22. „Match Report: Newcastle United 0–0 Arsenal“. Arsenal.com. Посетено на 13 August 2011.
  23. „Arsenal's Gervinho given three-game ban after red card“. BBC Sport. 16 August 2011. Посетено на 16 August 2011.
  24. „Pardew defends Barton“. Sky Sports. 14 August 2011. Посетено на 14 February 2012.
  25. Beasley, Rob (17 September 2011). „Blackburn 4 Arsenal 3“. The Sun. London. Посетено на 14 February 2012.
  26. „MATCH REPORT:Arsenal 3 – 1 Stoke City“. ESPN Soccernet. 23 October 2011. Посетено на 14 February 2012.[мртва врска]
  27. David Ornstein
    BBC Sport (18 February 2012). „Arsenal's troubled season took another turn for the worse after they were deservedly beaten by a rejuvenated Sunderland in the FA Cup fifth round“. BBC Sport. Посетено на 21 July 2012.
  28. „Arsenal 6–1 Southampton“. BBC Sport. 15 September 2012. Посетено на 15 September 2012.
  29. „Podolski keeps firing for Gunners“. Sky Sports. 18 September 2012.
  30. Williams, Aled (16 March 2013). „Swansea 0–2 Arsenal“. BBC Sport. Посетено на 23 March 2013.
  31. Ornstein, David (30 March 2013). „Arsenal 4-1 Reading“. BBC Sport. Посетено на 10 April 2013.
  32. „Man of the Match v Reading - Gervinho“. Arsenal F.C. 1 April 2013. Посетено на 10 April 2013.
  33. „Soccer-Italy's AS Roma buys Gervinho for 8 mln euros“. Yahoo! Sports. 19 August 2013. Архивирано од изворникот на 2013-09-28. Посетено на 25 September 2013.
  34. „Livorno 0 - 2 Roma“. Football Italia. 25 August 2013. Посетено на 25 September 2013.
  35. „Sampdoria 0-2 AS Roma“. ESPNFC. 25 September 2013. Посетено на 5 February 2014.
  36. „Roma remain perfect“. ESPNFC. 29 September 2013. Посетено на 5 February 2014.
  37. „Gervinho's goal enough to give Roma victory over Juventus“. The Guardian. 21 January 2014. Посетено на 5 February 2014.
  38. „Gervinho leaves it late“. ESPNFC. 5 February 2014. Посетено на 5 February 2014.
  39. „Official: Gervinho and Ucan join Parma“. Football Italia. 17 August 2018.
  40. „Gervinho shines as Côte d'Ivoire beats Serbia 4–2“. The Official Website of the Beijing 2008 Olympic Games. 10 August 2008. Архивирано од изворникот на 2009-05-06. Посетено на 14 August 2011.
  41. „Black Stars blown away by 10-man Elephants“. ESPN Soccernet. 15 January 2010. Архивирано од изворникот на 2010-02-11. Посетено на 14 August 2011.
  42. Benji Lanyado (2 April 2010). „Ivorian With a Game to Match His Brazilian Name“. The New York Times. Посетено на 14 August 2011.
  43. „Les 23 Eléphants pour le Brésil“ (француски). Federation Ivoirienne de Football. 1 June 2014. Архивирано од изворникот на 2014-06-02. Посетено на 1 June 2014.
  44. „World Cup: Ivory Coast hit back to see off Japan“. SkySports. 15 June 2014. Посетено на 15 June 2014.
  45. „Colombia 2-1 Ivory Coast“. BBC. 19 June 2014. Посетено на 20 June 2014.
  46. „Afcon 2015: Two-match ban as Gervinho apologises for red card“. BBC Sport. 21 January 2015. Посетено на 21 January 2015.
  47. „Ivory Coast 3-1 Algeria“. BBC Sport. 1 February 2015. Посетено на 1 February 2015.
  48. „Congo DR 1-3 Gervinho“. BBC Sport. 4 February 2015. Посетено на 4 February 2015.

Надворешни врски

уреди