Маноло Габијадини
Маноло Габијадини (роден во Калчинате, 26 ноември 1991) — италијански фудбалер, напаѓач на Сампдорија.
Маноло Габијадини | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Маноло Габијадини[1] | ||
Роден на | 26 ноември 1991[1] | ||
Роден во | Калчинате, Италија | ||
Држава |
![]() | ||
Висина | м[1] | 1,86||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб |
![]() | ||
Број | 23 | ||
Младинска кариера | |||
![]() | |||
→Палацоло | |||
→Монтикјари | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
2009-2010 |
![]() | 2 | (0) |
2010-2011 |
![]() | 27 | (5) |
2011-2012 |
![]() | 23 | (1) |
2012-2013 |
![]() | 0 | (0) |
2012-2013 |
→![]() | 30 | (6) |
2013-2015 |
![]() | 47 | (15) |
2015-2017 |
![]() | 55 | (15) |
2017-2019 |
![]() | 51 | (10) |
2019- |
![]() | 18 | (4) |
Репрезентација ‡ | |||
2010 |
![]() | 3 | (2) |
2010-2013 |
![]() | 24 | (12) |
2012- |
![]() | 11 | (2) |
† Учества (Голови). |
ЖивотописУреди
Тој е помлад брат на Меланија Габијадини, напаѓач на Бардолино и женската репрезентација на Италија.
Технички карактеристикиУреди
Комплетен напаѓач со добра физичка сила и голема брзина кои може да играат на различни позиции. Неговиот прекар е "Лоци". Тој има одличнo чувството за простор, и убиствена лева нога со која ги постигнал поголемиот дел од своите голови.[2]
КариераУреди
Деби во Серија А со АталантаУреди
Роден во околината на Бергамо, раснел играјќи фудбал во младинските категории на Болгаре а подоцна и во оние на Аталанта, од каде бил отстапен прво на Палацоло (2006-2007), а потоа и на Монтикјари (2007-2008) пред сè врати во Бергамо, каде што тој дебитирал во Серија А со црно-синиот дрес на 14 март 2010, на возраст од 18 години и четири месеци, заменувајќи го во второто полувреме Симоне Тирибоки во натпреварот кој Аталанта го загубила со 1-0 од Парма[3]. Сезоната ја завршил со само 2 настапи и со испаѓање на клубот од Бергамо.
Сезоната во ЧитаделаУреди
На 9 јули 2010 е официјализиран неговиот премин на заем во Читадела, заедно со соиграчот Даниеле Гаспарето во размената, што го довела во Бергамо напаѓачот Матео Ардемањи.[4] Тој го направил своето деби за новиот клуб на 14 август во натпреварот од италијанскиот куп против Верона. Во првенството дебитирал во првото коло од првенството против Портогруаро (пораз со 2-0). На 29 ноември 2010, го постигнал својот прв професионале гол во натпреварот против Модена на Алберто Браља.
Во текот на сезоната за венецијанскиот клуб собрал 27 првенствени настапи, и реализирал 5 гола. Тој исто така бил избран од страна на Sky, заедно со 32 други играчи, во гласањето за најдобар млад играч на Серија Б во сезоната 2010-2011.[5].
Враќање во АталантаУреди
По сезоната во Серија Б со Читадела, целосно е откупен од Аталанта во замена за другата половина од договорот на Даниеле Гаспарето плус доплата на необјавена сума. И покрај своите добри перформанси и вниманието што го привлекол на неколку други италијански клубови, како и европски (пред сите Хамбургер), неговиот агент Силвио Паљари, навел дека Аталанта нема намера да се фокусира на него.
На 21 август, во првиот натпревар од сезоната го постигнал својот прв гол во дресот на Аталанта израмнувајќи на 3-3 во третиот круг на италијанскиот куп против Губио (натпреварот завршил 4-3 за Губио).[6] На 25 март 2012, 20-годишниот напаѓач го постигнал својот прв гол во Серија А во натпреварот против Болоња (2-0) игран на Атлети Аѕури д'Италија.
Јувентус и БолоњаУреди
На 24 август 2012, половина од неговиот договор е купен од страна на Јувентус за 5.500.000 € ; играчот веднаш бил позајмен на Болоња до јуни 2013 година.[7] На 18 ноември 2012, го одбележува својот прв гол во дресот на Болоња во натпреварот против Палермо. На крајот на сезоната се обновува ко-сопственост договорот помеѓу Аталанта и Јувентус. Заемот на играчот завршил на почетокот на јуни и тој се вратил во Јувентус.[8]
СампдоријаУреди
На 9 јули 2013, Сампдорија откупила половина од договорот од Аталанта, за сума од 5.500.000 €, а останатите 50% од договорот останале во сопственост на Јувентус. Со откупувањето на половина договор Сампдорија ги обезбедила правата на играчот за сезоната 2013-14.[9].
На 17 август, во својот прв официјален натпревар во дресот на Сампдорија постигнал два гола овозможувајќи победа во третото коло од италијанскиот куп, против Беневенто со 2-0. Својот прв гол во првенството за Сампдорија го постигнал во второто коло против Болоња, со прекрасно изведен слободен удар, поставувајќи го конечниот резултат 2-2.
НаполиУреди
На 5 јануари 2015, Габијадини бил купен од Наполи за 12,5 милиони евра.
СаутхемптонУреди
На 31 јануари 2017, Габијадини потпишал четири годишен договор со англискиот премиерлигаш Саутхемтон.
Враќање во СампдоријаУреди
На 11 јануари 2019, Габијадини се вратил во Италија и потпишал договор со неговиот поранешен клуб Сампдорија,[10][11] во трансфер вреден 12 милиони фунти.[12]
Репрезентативна кариераУреди
На 10 август 2012, за првпат добил повик во репрезентацијата од селекторот Чезаре Прандели.[13] Тој го направил своето деби во репрезентацијата на 15 август 2012, со 20 години, влегувајќи во второто полувреме од пријателскиот натпревар Италија-Англија (1-2), одигран на Стад де Свис во Берн.
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
15-08-2012 | Берн | Англија | 2 – 1 | Италија | Пријателска | - | 58' | |
18-11-2014 | Џенова | Италија | 1 – 0 | Албанија | Пријателска | - | 77' | |
28-3-2015 | Софија | Бугарија | 2 – 2 | Италија | Квал. за Евро 2016 | - | 77' | |
16-6-2015 | Женева | Италија | 0 – 1 | Португалија | Пријателска | - | 65' | |
3-9-2015 | Фиренца | Италија | 1 – 0 | Малта | Квал. за Евро 2016 | - | 64' | |
17-11-2015 | Болоња | Италија | 2 – 2 | Романија | Пријателска | 1 | 60' | |
7-6-2017 | Ница | Италија | 3 – 0 | Уругвај | Пријателска | - | 82' | |
11-6-2017 | Удине | Италија | 5 – 0 | Лихтенштајн | Квал. за СП 2018 | 1 | 75' | |
2-9-2017 | Мадрид | Шпанија | 3 – 0 | Италија | Квал. за СП 2018 | - | 78' | |
9-10-2017 | Скадар | Албанија | 0 – 1 | Италија | Квал. за СП 2018 | - | 89' | |
13-11-2017 | Милано | Италија | 0 – 0 | Шведска | Квал. за СП 2018 | - | 63' | |
Вкупно | Настапи | 11 | Голови | 2 |
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 1,2 bolognafc.it (уред.). „Manolo Gabbiadini“. Посетено на 10 декември 2012.
- ↑ Generazioneditalenti.it (уред.). „Scheda di Manolo Gabbiadini su Generazioneditalenti.it“.
- ↑ fcparma.com (уред.). „Parma-Atalanta 1-1/Il tabellino“. Посетено на 14-03-2010. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ ascittadella.it (уред.). „Gabbiadini e Gasparetto in granata“. Посетено на 9-07-2010. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ sport.sky.it (уред.). „Il miglior giovane della Serie B? Sceglilo tu!“. Посетено на 1-02-2011. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ perugiatoday.it, уред. (22 август 2011). „Coppa Italia 2011-2012, Atalanta-Gubbio 3-4“. Посетено на 9 март 2014.
- ↑ juventus.com (уред.). „Accordi con l'Atalanta Bergamasca Calcio“ (PDF). Посетено на 24 август 2012.
- ↑ tuttobolognaweb.it (уред.). „Allarme attacco: al Bologna manca il 50% dei gol“. Посетено на 1 јули 2013.
- ↑ 2013 Comunicato ufficiale della società Juventus 9 јули 2013
- ↑ „UFFICIALE: Samp, torna Gabbiadini. Arriva a titolo definitivo“ (италијански). Посетено на 11 January 2019.
- ↑ „Southampton's Manolo Gabbiadini joins Sampdoria for undisclosed fee“. BBC Sport. 11 January 2019. Посетено на 11 January 2019.
- ↑ „Gabbiadini completes £12million switch to Sampdoria“. Belfast Telegraph. 11 January 2019. Посетено на 12 January 2019.
- ↑ Sono 8 le novità di Prandelli per l'amichevole con l'Inghilterra Figc.it