Мазда
Мазда (јапонски: マツダ株式会社|) — јапонско мултинационално претпријатие за производство на моторни возила, со седиште во Фунчу, Хирошима.[1] Претпријатието е основано на 30 јануари 1920 година од Џуџиро Мацуда, под името Тојо Корк Коџо, за се занимавало со производство на тапи.[2] Во 1927 година го променило името во Тојо Коџо, а четири години подоцна започнало да произведува автомобили.[3] Името „мазда“ е изведено од Ахура Мазда, богот на хармонијата, интелигенцијата и мудроста во зороастризмот, како и од презимето на основачот.[4] Мазда е еден од најголемите автопроизводители во светот. Во 2015 година, производството изнесувало 1,5 милиони возила од кои речиси еден милион биле произведени во Јапонија, а останатите во другите земји.[5] Истата година, Мазда се наоѓала на 15. место во светот според бројот на произведените автомобили.[6] Таа е позната и по учеството во автомобилските трки при што во 1991 година нејзиниот модел Мазда 787В победил на познатат трка 24 часа Ле Ман.[7] Инаку, Мазда е вклучена во неколку соработки и алијанси со други автопроизводитлеи, како: Тојота, Нисан, Исузу, Сузуки и Форд.
Галерија
уреди-
Мазда 2
-
Мазда 2
-
Мазда 3
-
Мазда 3
-
Мазда 3
-
Мазда 3 Скајактив
-
Мазда 323
-
Мазда 323Ф
-
Мазда 6
-
Мазда CX-5
Наводи
уреди- ↑ "Offices Архивирано на 7 октомври 2009 г.." Mazda. Retrieved on October 29, 2009.
- ↑ „Japan's Mazda founded“. History. Архивирано од изворникот на March 8, 2010. Посетено на May 1, 2023.
- ↑ „History of Mazda 1931-1945“. Mazda. Посетено на April 27, 2023.[мртва врска]
- ↑ „MAZDA: A Story Behind the Name of "Mazda" | We are Mazda“. www.mazda.com. Посетено на 2024-02-21.
- ↑ „MAZDA:Mazda Production and Sales Results for December 2007 and for January through December 2007 (Flash Report) | Production and Salese Results“. Архивирано од изворникот на April 18, 2008. Посетено на July 31, 2016.
- ↑ „World motor vehicle production OICA correspondents survey without double counts world ranking of manufacturers year 2015“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на December 25, 2016.
- ↑ „History of Mazda 1991-2000“. Mazda. Посетено на April 27, 2023.[мртва врска]