Антонио Кандрева

италијански фудбалер

Антонио Кандрева (роден на 28 февруари 1987 во Рим) — италијански фудбалер, играч од средниот ред, кој во моментов настапува за Интер во Серија А и италијанската фудбалска репрезентација.

Антонио Кандрева
Лични податоци
Роден на 28 февруари 1987(1987-02-28)(37 г.)
Роден во Рим, Италија
Држава  Италија
Висина &100000000000001810000001,81 м[1]
Позиција крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Салернитана Салернитана
Број 87
Младинска кариера
Лодиџиани
Тернана Тернана
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004-2007 Тернана Тернана 47 (0)
2007-2012 Удинезе Удинезе 3 (0)
2008-2010Ливорно Ливорно 52 (2)
2010Јувентус Јувентус 16 (2)
2010-2011Парма Парма 31 (3)
2011-2012Чезена Чезена 18 (2)
2012-2016 Лацио Лацио 151 (41)
2016-2020 Интер Интер 124 (12)
2020- Сампдорија Сампдорија 71 (12)
2022-Салернитана Салернитана 23 (3)
Репрезентација
2004-2005 Италија Италија 18 6 (0)
2005 Италија Италија 19 9 (1)
2005-2008 Италија Италија 20 10 (4)
2008-2009 Италија Италија 21 8 (0)
2008 Италија Италија 23 6 (0)
2009-2018 Италија Италија 54 (7)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Технички одлики

уреди

Комплетен играч од средниот ред: природна му е десната нога, роден плејмејкер, но може да игра и како крило на двете страни; и лево и десно. Неговата најдобра одлика во играта е одличниот удар од далечина, со кои постигнал многу прекрасни голови. Тој исто така е доста динамичен играч од средниот ред, со добра брзина и добра техничка позадина во однос на дриблингот. Во последно време во Лацио се развиваше на позицијата како надворешен играч за врска.[2][3]

Кариера

уреди

Дебито за Тернана и трансферот во Удинезе

уреди

Тој ја започнал својата кариера како професионален фудбалер во 2004 во Серија Б играјќи во дресот на Тернана. Своето професионално деби го направил на само 17 години на 21 септември 2004, влегувајќи во 89-тата минута од натпреварот против Емполи во гости што завршил 1-1.[4] По три сезони поминати во клубот во 2007 потпишал за Удинезе. На 27 јануари 2008, 20-годишниот Кандрева го имал своето деби во Серија А во натпреварот Удинезе-Интер (0-0). Неговата сезона во тимот од Фриули била негативна, бидејќи тренерот Пасквале Марино му дал шанса да одигра само 3 натпревари, од кој сите заедно собрал само 9 минути игра.

Различни заеми

уреди

За време на сезоната 2008-2009 е позајмен на Ливорно, во Серија Б, каде што станал незаменлив стартер и придонел за промоција во Серија А, а потоа клубот потврдил дека заемот ќе продолжи и за следната сезона. На 20 јануари 2010 е официјализиран неговиот трансфер од Удинезе во Јувентус на заем со право на откуп на крајот од сезоната во корист на Јувентус. Ливорно, клубот за кој играчот настапувал претходно истата сезона, добил надомести од нешто помалку од еден милион евра.[5][6] На 23 јануари 2010 година Кандрева го имал своеот деби за Јувентус во пресрет на натпреварот од 21-вото коло против Рома (1-2) (клуб за кој навивал како дете), заменувајќи го Григера.

На 21 февруари 2010, во текот на натпрварот Болоња-Јувентус (1-2) го постигнал својот прв гол во Серија А и Јувентус, носејќи му ја победата на неговиот тим. Тој го направи своето деби во европските купови во реванш натпреварот игран во Италија од нокаут фазата на Лига Европа против холандскиот Ајакс (0-0). На 14 март 2010 го постигнал својот втор гол во натпреварот помеѓу Јувентус и Сиена (3-3) со удар од огромна далечина. На крајот на сезоната, Јувентус одлучил да не го откупи играчот. Тој се вратил во Удинезе, но пред стартот на сезоната, заминал во Парма со право на откуп на половина од неговиот договор, на 30 август 2010.[7]. На 14 ноември, го постигнал одлучувачкиот гол во првата гостинска победа за сезоната 2010-2011 на Парма против Бари (0-1). Тој се вратил во Удинезе по крајот на сезоната, а на 21 јули 2011 се префрлил во Чезена на заем со право на откуп.[8]

Лацио

уреди

Во зимскиот трансферен прозорец, римскиот играч од средниот ред се враќа во родниот град откако беше позајмен на Лацио со право на откуп.[9]

Титули

уреди

  Лацио

уреди

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-01-28. Посетено на 2014-06-07.
  2. Candreva, juventino romano. "Se sabato segno, esulto" Gazzetta.it
  3. Candreva sprizza umiltà: "Da fantasista è un'altra vita. Ma Diamanti manca molto..." Goal.com
  4. Antonio Candreva special matches
  5. Candreva è bianconero Juventus.com
  6. È fatta: Candreva è della Juve Архивирано на 23 јануари 2010 г. sportmediaset.mediaset.it
  7. Il Parma acquista Antonio Candreva. Mercoledì la presentazione Архивирано на 6 октомври 2010 г. Parma FC - sito ufficiale 30/8/2010
  8. Antonio Candreva è un giocatore del Cesena Cesenacalcio.it
  9. sslazio.it, уред. (2012-01-31). „acquisizione a titolo temporaneo del calciatore Antonio Candreva dal Cesena“. Архивирано од изворникот на 2014-02-01. Посетено на 2014-06-07.

Надворешни врски

уреди