Развој на народноослободителната борба на Македонија

Развојот на народноослободителната борба на Македонија се одвива во текот на 1942 година. Во овој период се формираале четири нови одреди во Скопско, Битолско, Прилепско и Велешко. Покраинскиот воен штаб бил преименуван во Главен штаб на НОПО, на чело со Михаило Апостолски (летото 1942) и беа формирани уште четири одреди во Битолско, Крушевско, Мавровско и на Шар Планина. Во Пиринскиот дел на Македонија беа формирани нови партизански групи во Горноџумајско, Неврокопско и Петричко и беше извршен оружен напад на германската станица за врски во Горна Џумаја. Во Воденско, во Егејскиот дел на Македонија, беше формирана Македонската антифашистичка организација (МАО). Ширум Македонија беа покренати нови илегални весници: Политики листок, Народен глас, Весник, Билтен, Октробрис, Неделен весник, Народен глас и др.

Слободните територии во Вардарска Македонија во 1942 г.

Засилена активност во Вардарска Македонија

уреди
 
Вардарска Македонија во рамките на етничка Македонија

Во текот на 1942 година народноослободителното движење во Вардарска Македонија се развивало во неколку фази. Првата фаза започнала со излегувањето на новите одреди во април и траела до јули 1942 година. Во тој период се развивала политичката атигација и се одвивало военото организирање, а во Скопско, Велешко, Прилепско, Битолско, Крушевско и во Ресенско излегле одреди и се вршеле оружени акции. Втората фаза траела од јули до есента 1942 година. Во тој период се зацврстил Главниот штаб, а некои членови на ПК и на Главниот штаб заминале на терен за да ја пренесат директивата за засилување на оружената борба и да им помогнат на месните воени штабови и партиски организации. Третата фаза започнала есента 1942 година, кога Главниот штаб започнал да презема мерки за реорганизација и за поголема самостојност на партизанските одреди. Во оваа фаза одредите добиле задача секојдневно да вршат акции на железничките линии и патните комуникации, да прекинуваат телефонски линии, да вршат диверзии во рудниците што ги користеле окупаторите. Поради таквите акции одредите почнале да се движат на поширок простор од роднокрајната територија. На тој начин поголемиот дел од територијата бил покриен со партизански одреди, оружената борба се засилила во сите краеви и се создале основните претпоставки за формирање македонска регуларна војска.

Јануарско советување

уреди

Сложената положба во вардарскиот дел од Македонија придонела во Покраинскиот комитет на КПЈ, под раководство на Бане Андреев, да се јават различни размислувња за надворешната и внатрешната политика, како и за воената сотојба, а особено за местото и улогата на партизанските одреди.

Бугарските власти започнале со мобилизација на Македонците во окупираните територии, а ПК немал сила да ја попречи мобилизацијата. Тактичките неуспеси на партизанските одреди од дел од раководната структура биле разбрани како војнички и политички порази на ослободителната борба. Напластените проблеми биле разгледани на Јануарското советување одржано во Скопје на 7 јануари 1942 година. На ова советување учествувале 25 делегати и други кумунистички дејции. На советувањето било одлучено во иднина партизанските одреди треба да бидат мали и подвижни, да имаат народен карактер, а нивната цел е преку развивање на националноослободителната борба да се извојува национална слобода на македонскиот народ. Во однос на дејноста на ПК било одлучено засилување на партиската политичка активност сред селаните.

Покраински штаб

уреди

ПК и Покраински штаб под влијание на внатршната и надворешната состојба, во март 1942 година донеле одлука за организирање на нови партизански одреди, констатирајќи дека вооружената борба е единствениот начин за извојување на национална слобода. Во перидот март-април Покраинскиот штаб започнал подготовки за оргазнизациско формирање на нови партизански одреди, начинот на нивното дејствување, утврдување на нивните задачи и слично. Било одлучено да се формираат пртизански одреди на целата територија на Вардарска Македонија. Во април 1942 година, уште пред формирањето на партизанските одреди, Покраинскиот штаб за непосредно раководење на партизанските одреди на просторот Велес - Крушево - Прилеп - Битола - Ресен формирал оперативен штаб во состав: Кирил Крстевски - Платник, Трајко Бошковски - Тарцан и Перо Тиквар. Штабот имал задача да го забрза формирањето на новите одреди, нивното војничко оспособување и кординирање на нивните дејствија.

Оперативни штабови

уреди

Во текот на процесот на вооружената борба се јавила потреба од создавање на окружни опративни штабови во реоните каде дејствувале партизанските одреди. Отука, бил формиран оперативен штаб за Битолско - Преспанско - Крушевско, меѓутоа обидот за Прилепско - Велешкиот реон бил неуспешен.

Создавање на партизански одреди во првата половина на 1942 година

уреди
 
Стефан Наумов - Стив
 
Елпида Караманди

Согласно одлуките, се започнало со подготовките за формирањето на нови партизански одреди, подготовките биле насочени кон сондирање на планинските реони, каде требало да се формираат бази, создавање на органи во селата и пренесување на оружје и храна во базите и селата. Бил изршен избор на раководниот кадар на партизанскиот одреди какко и почетниот состав на самите одреди, во кои биле вклучени партизаните од претходната година, илегалци и компромитирани лица, војници што бие мобилзирани од бугарските власти и др.

Во текот на подготовките за формирање на партизанските одреди, бугарската полиција го открило присуството на некои илегална дејци во Битола. Во судирот со полицијата загинал Јордан Чопела - Кулакот, а некои биле уапсени. По оваа провала, партислата организација ги повлекла своите илегални дејци ог Битола.

Од нив и од новопридојдените борци на 22 април 1942 година во базата кај селото Лавци бил формиран Битолскиот партизански одред Пелистер составен од 21 борец. Одредот бил формиран од Стефан Наумов - Стив, а во него биле: Ангелевски Тодор-Тошо Даскало, Божиновски Пецо-Кочо, Димитровски Блажо- Рогузинаро, Димитровски Томе-Томаќи, Ѓорѓиевски Никола-Никлецот, Живковски Александар-Цане, Илиевски Томе-Поштаро, Јосифова Мара-Ѓурѓа, Караманди Елпида-Бисера, Крстевски Киро-Платник, Михајловски Ордан-Оцка, Наумов Ѓорги-командант на одредот, Николовски Димитар-Таки Даскало (политички комесар), Попандоновски Андон, Стојановски Веле-Фурнаџивчето, Трајковски Стево-Тефико, Хаџипоповски Димче, Хаџипоповски Лазо-Пламен, Христова, Ванда-Доста и Ордановска Јоска-Сандански [1]. Vо неговиот состав имало и Прилепчани кои како илегалци жиееле во Битола и Битолско, но поголемиот број биле од Битола.

Дознавајќи за постоењето на партизански одред во близината на Битола, генералот Иван Маринов и обласниот полициски началник Ќурчиев, организирале блокада на месноста каде се наоѓал одредот, т.е.во месноста меѓу селата Буково, Ореово, Лавци и Брусник. Во блокадата биле ангажирани околу неколку илјади лица, војници со офицери, полицајци и агенти. Обрачот околу Одредот на 3 мај веќе бил затворен. Уште во самото утро, одредот ја прифатил нерамната борба. Во борбата, партизаните покажале храброст и дале голем отпор. Тогаш загинале Елпида Карманди-Бисера (ранета, после убиена), Јосифовска Мара-Ѓурга, Димитар Николовски-Таќи Даскало, Хаџипоповски Димче, Михајловски Ордан-Оцка и Јордановска Јоска-Сандански.

Военото и партиското раководство во Скопје на 16 април 1942 година испратло група на борци на Скопска Црна Гора, кон кои се приклучиле илегалните борци од Скопскиот партизански одред од 1941 годиа. Од сите ови еборци бил формираан новиот скопски одред, познат како втор скопски одред.

Во средината на април 1942 година бил формиран велешкиот партизански одред. Овој одред на планината Лисец на 9 јуни 1942 година заробил 2 бугарски офицери, а на 14 јуни 1942 година водел борба со бугарската војска и полиција од скопксиот и велешкиот гарнизон. Во втората половина на јуни 1942 година во реонот на селата Зашле, Пуста Река и Горно Дивјаци бил формиран Крушевскиот партизански одред Питу Гули

 
НОПО Даме Груев

По разбивањето на одредот Пелистер се започнало со подготовки за исфрлање на нов одред. По извршените подготовки на 6 јули 1942 година во месноста над село Златари до „Синедолското кладенче“ на свечен начин бил формиран Одредот кој го добил името Даме Груев. Одредот првобитно се состоел од 17 партизани. Тоа биле: командир-Ѓоре Велковски-Косте, заменик командир-Наум Веслиевски-Овчарот, политички комесар-Јосиф Јосифовски-Свештарот, заменик политички комесар- Илија Спировски, Пецо Божиновски-Пецо Гавро Пановски-Јуноша, Петар Љутовски-Маљчик, Вангел Нечевски-Тунело, Ристо Тодоровски-Фет, Виктор Мешулам-Бустрик, Пепи Песо-Цане, Илија Ивановски-Томе, Ламбе Бошевски-Јани, Крсте Соколовски-Јордан, Мите Трајчевски-Васил, Славе Илиевски-Стево и Илија Илиевски-Цветан. Од сите борци биле формирани три десетини на чело со десетари. Во партизанскиот логор животот се одвивал по строго војнички ред. Одредот поседувал мала библиотека, биле одржувани воени и политички часови, вежби и слично.

И покрај тактичките неуспеси во борбите на партизанските одреди во 1941 година, со засилената активност во текот на првата половинја на 1942 година во Вардарска Македонија биле формирани шест нови партизански одреди.

Од април до почетокот на јуни 1942 година голем дел од Вардарска Македонија била опфатена од дејствијата на партизанските одреди. Во овој перид, одредите биле насочени кон нивно војничко, организациско и политичко зацврстување, како и агитација сред македонскиот народ за приваќање на идејата за борба против окупаторот и ослободување на Македонија.

Засилена активност во пиринскиот дел на Македонија во 1942 година

уреди

Во Пиринска Македонија по појавата на првите партизански групи во 1942 година, бугарските власти извршиле голем притисок врз македонскиот народ, меѓутоа раководителите од овој дел на Македонија ја продолжиле својата активност за засилување на вооружената борба. За го неутрализира или во најмала рака да го ограничи влијанието на официјалната бугарка пропаганда сред партизанското движење, Никола Парапунов во 1942 година испартил писмо до дејците во Разлошко и во него истакнал дека нема место за колебење и половичност во однос на потребата за засилување на партизанската борба, дека не постои среден пат и друг излез. Опуртунистички е да се изчекува победата на Русија. Слободата не треба да се чека како подарок од други, туку треба да се извојува [2].

Писмото наишло на одобрување низ цела Пиринска Македонија, а особено во Разлошко, каде што Парапунов имал силна поддршка. Непосреден резутат од писмото е зголемувањето на бројот на партизанските групи и засилувањето на нивните акции. Биле презмени и чекори за поврзување на партизанското движење во пиринскиот со партизанските движења во егејскиот и во вардарскиот дел од Македонија. Во овој период била изведена акција во градот Горна Џумаја.

Засилена активност во егејскиот дел на Македонија во 1942 година

уреди

Темпото со кое започнала борбата во Егејска Македонија во 1941 година, продолжило и во текот на 1942 година. Во овој период КПГ и ЕАМ успеале организацикси да го опфатат голмел дел од населението во Грција и Егејска Македонија. ЕЛАС ја проширил својата организициска мрежа на целата територија. Кукушката чета на капетанот Петрос се префрлила на Пајак и Кожуф и речиси во текот на целата 1942 година се посветила на политичка дејност. Во април 1942 година во реонот на Корешта во манастирот св. Троица се формирал партизански одред составен претежно од Македонци на чело со Наум Пејов и Коста Тропвски. При формирањето на одредот присустѕвувал и Лазо Трповски кои се залагал за формирање на македонски одреди [3]. Во исто време се формирал и партизански одред во реонот на Полето, Костурско.

Во летото 1942 година се создале партизански групи и на планината Каракамен - Воденско - Берско и други краишта во југозападниот дел од Егејска Македонија, овие одреди до декември 1942 година извршувале претежно агитациска работ.

Разгор на вооружената борба во втората половина 1942 година

уреди

Вардарска Македонија

уреди
 
Цветко Узуновски
 
Мирче Ацев

Во втората полвина на мај 1942 година бил формиран привремен Покраински комитет на КПЈ за Вардарска Македонија со состав: Цветко Узуновски, Мирче Ацев, Љупчо Арсов, Цветан Димов и Мара Нацева. Привремениот ПК особено внимание посветил на вооружените борби. Тој извршил реорагнизација и преименувње на Покраинскиот воен штаб во Главен штаб на НОПО на Македонија (вардарскиот дел од Македонија) во состав: Цветко Узуновски, Мирче Ацев, Страшо Пинџур и Љупчо Арсов. Во екот на агитцијата во јуни 1942 година во Прилеп бил уапсен Љупчо Арсов, а потоа уследило апсењето на Цветко Узуновски, Цветан Димов и Мара Нацева, а Димов бил убиен од бугарската полиција. Оваа провала влијаела врз активноста на привремениот ПК и Главниот штаб. Во јуни 1942 година Главниот штаб изработил директива за оргтанизацијата и начинот на дејствувањето на партизанските одреди. Повеќето членови на ПК и Главниот штаб лично агитирале сред партизанските штабови и одреди. До јули 1942 година партизанските одреди развиле сила организационо-агитациона дејност. Од јули, според наредбат ана ГШ, одредите започнале со засилени вооружени акции.

Бугарската окупаторска власт сакајќи да го прикаже секој македонски национален празник како бугарски за Илинден припремила голема свечаност во село Смилево - родното место на Даме Груев, село каде се одржал Смилевскиот конгрес, село кое во Илинденското востание дало многу востаници, војводи и жртви. Во врска со тоа било планирано да го посети и селото и бугарскиот министер за внатрешни работи Габровски. Меѓутоа, раководството на партизанскиот одред Даме Груев согласно решението да го прослави Илинден решил својата прва акција да ја изведе со митинг во Смилево. Одредот помогнат од комунистите на селата Ѓавато, Смилево, и други (тие ги исекле телефонски жици) утрото свечано навлегол во село Смилево. Тука одржале митинг на кого зборувале раководители и партизани на одредот. Тие им ја разјаснувале на селаните својата борба и воопшто борбата што ја водат народните маси против фашизмот. Потоа одредот снабден со храна од селаните се повлекол.

Крушевскиот партизански одред Питу Гули на 6 август 1942 година ја нападна општината во селото Прибилци. Изборот на акција на ова село не бил случаен, имено и во Илинден 1903 година селото било нападнато, а исто така во него постоело и административна установа, општина. Во селото биле заробени пет лица, откако претходно биле разоружани, запленети триесетина воени пушки, неколку сандуци со муниција, машина за пишување, преса за умножување, радио апарат и околу четириесетина ловечки пушки. Во акцијата, партизаните на сред село ја изгореле архивата, особено даночните и реквизициони списоци. Исто така не изостанал и митингот на кого политичкиот комесар Наум Наумовски-Борче, командирот на одредот Таќа Беребровски-Климе, мештанинот Богоја Јоновски одржале говор. Заробените биле ослободени откако им се укажало дека борците се партизани и се борат за слободна Македонија, а не разбојници, како што ги нарекувале окупаторските пропагандни гласила. На 14 јули Прилепскиот партизански одред, бројно зголемен бил поделен на две чети кои обиколувале ралични реони. На 13 август 1942 година одредот ја нападнал оптината во селото Плетвар и ги заробиа и осудила на смрт кметот, други општински раководители петмина бугарски полицајци. Потоа уследиле акциите во Ново Лагово (22 август), Забрчани и Дупјани (6 септември) и други. Велешкиот партизански одред на 26 август ги прекинал телефонските линии на железницата кај Богомила, а потоа извел низа на акции во селата Крива Круша, Рудник и Војница.

 
Tелото на Стефан Наумов - Стив
 
Одред Јане Сандански

Во есента 1942 година ГШ презел мерки за реорганизација на партизанските одреди, односно за создавање на поголеми и нови одреди, како и нивно посамостојно делување. Воените задачи кои требало да ги извршуваат одредите добиле нова содржина: секојдневни акции на пругите, уништување на железнички композиции, прекинување на телефонски линии, рушење на рудниците и сè што можело да им послужи на германскиот окупатор за продолжување на војната. Било предвидено и уништување на бугарските институции што ги штителе германските и бугарските интереси.

Партизанските акции довеле до раздвижување на окупаторските сили. До крајот на август 1942 година дејствата на окупаторските сили имале карактер на потери, гонење на партизанските одреди, но од септември биле преземени акции од поголеми размери. Во нив учествувале сите родови и видови на војка: пешадија, артилерија, авијација, моторизирани и тенковски единици, коњаница, полиција, контрачети и други вооружени сили од редовите на полицијата, шумарите и други. Посебна мерка против партизаните било поставувањето на воените посади во многу села и селски општински центри. Гарнизоните по селата биле во јачина од 10 до 30 души. Во нив биле вклучени униформирани и цивилни полицајци. Бугарските власти во вардарскиот дел на Македонија во 1942 година формирале контрачети, специјални единици за борба против партизаните. Создавањето на контрачетите бил обид за предизвикување на граѓанска војна во овој дел на Македонија [4]. Биле формирани 8 контачети од по 20 до 30 души составени од локалното македонско население.

Во август била организирана голема акција против крушевскиот партизански одред со учество на војска, моторизирана и коњаничка полција од Битола, како и контраши од Крушево. Меѓутоа одредот успеал да се пробие и да го нападне рудникот кај Цер. Овие акции на окупаторските сили не ги дале очекуваните резултати, бидејќи партизанските одреди успевале да се провлечат. Во Преспанко бил направен обид за опколување на одредот Даме Груев, меѓутоа тој супеал да се повлече. Но утрото на 12 септември, Стефан Наумов - Стив со неговиот близок пријател, борец и македонски поет Мите Богоевски се бореле против цела чета. Мите загинал, а Стив уште цели пет часа сам ја продолжил борбата сè до последнот куршум. Стив ја извадил последната бомба и легнал врз неа за да не им падне жив во рацете на поробителите.

 
Телото на Борка Талески
 
Партизани на планината Мукос, 1942

Покрај сите строги и вонредни мерки преземани од страна на бугарската полиција на 8 септември 1942 година бил формиран партизанскиот одред, Јане Сандански, во горската месност над селото Лавци. Во неа биле следните борци: Нисим Алба-Мики, Тодор Ангелевски-Строгов, Трајан Белев-Гоце, Пецо Божиновски- Кочо, Бошевски Васил, Броевски Сотир-Иљо, Велковски Ѓоре-Косте, Гецовски Насе, Трајче Грујовски-Павле, Тоде Дериевски-Кумо, Милан Илиевски-Сашо, Фана Кочовска, Панде, Јовчевски-Кајзеро, Димче Милевски-Добри, Алексо Мусалевски, Вангел Нечевски-Тунело, Петре Нешковски-Пјер, Петре Новачевски-Ѓершан , Анести Паневски-Ванчо, Ванчо Прке-Сермен, Петар Пупле-Пепи, Бене Русо-Коки, Самарковски Крсте-Веле, Стефановски Веле-Славе, Стефановски Трајче, Коле Тодоровски-Канински, Трпеновски Блаже, Трпеновски Ристе и Чолаковски Кочо-Станко. За командир на четата бил Горе Велковски-Косте, негов заменик бил Димче Милевски-Добри, политички комесар бил Ванчо Прке-Сермен, а негов заменик Бено Русо-Коки, комесар по исхрана Пецо Боѓиновски-Кочо, а негов заменик Трајче Грујоски-Павле.

Во овој период поголеми загуби имала втората чета при Прилепскиот одред. На 14 септември во борбата кај Мукос загинал комамдантот Борка Талески - Левата. По формирањето на одредот Јане Сандански од Велешкиот одред и една чета Прилепскиот одред била формиран партизанскиот одред Димитар Влахов, од 4 чети. На 6-7 ноември во месноста Црвени Стени, Прилепско, се формирала првата чета на одредот Ѓорче Петров, составена од борци на Прилепскиот одред и од новопристигнатите борци. Во есента 1942 година на планината Бистра, бил формиран Мавровскиот партизански одред. Тој организирал неколку комитети во околните села. Од септември 1942 година кон Скопскиот партизански одред се приклучиле нови борци. Одредот најпрво спровел агитација сред населението, а потоа дал борби кај Матејче и манастирот Благовешение. Овие судири претставувале почеток на една поголема офанзива на бугарските сили против партизаните, таа започнала во есента 1942 година во подрчјето од Вардар до Охридското Езеро и од Скопско до поранешната грчко-југословенска граница на југ.

 
Партизански одред Димитар Влахов

Одредите Питу Гули, Даме Груев, Димитар Влахов, Ѓорче Петров и Јане Сандански, од почетокот на есента па сè до крајот на 1942 година бил под секојневен притисок на бугарската офанзива спроведувана од најголемиот дел од Петтата бугарска армија (две дивизии, коњанички и други единици) како и целокупната бугарска полиција од Вардарска Македонија засилена со полцијата од Бугарија.

Сите одреди биле принудени секојдневно да водат борби, да се пробиват низ обрачите за да навлезат во населените места по храна. Врваната акција на оваа офанзива била концентрацијата на бугарските сили против одредот Димитар Влахов на просторот Прилеп - Велес, во октомври 1942 година, од страна на бугарските власти била наречена Бабунска акција. Таа била спроведена од велешкиот и прилепскиот бугарски гарнизон, со поддршка на полицијата, контрачетите и специјални воени единици обучени да водат борба со герлиски единици, специјалните единици биле доведени од Скопје и Бугарија.

Од септември 1942 па сè до јануари 1943 година, одредите извршиле повеќе акции или водле борби: сечење на телефонските линии кај Богомила на 22 септември, акцијата во селото Кочиште , Крушевско на 24 септември, акцијата во селото Нежилово на 27 септември, уништување на постројките на железничката станица Клајман на 27 септември, нападот на општината Чашка нна 29 септември, нападот на село Балушина на 30 септември, нападот во селото Журче, акцијата во селото Десово на 7 октомври, заробување на кметот и организтор на контрачетите, акциите во Дреново, Палиград, Алдинци, Количани, Зелениково, борбите кај Фојничката Пештера, кај Башино Село, како и други борби, што главно биле водени од партизанскиот одред Димитар Влахов.

 
Кузман Јосифовски - Питу
 
Страшо Пинџур

Бугарската офанзива која траела до јануари 1943 година придонела да го принуди партизанското движење да сплане на просторот Скопје - Велес - Прилеп во текот на 1943 година. Со оглед на офанзивата, ПК и Главниот штаб во декември 1942 година констатирале дека најпогодни услови за делување на партизанските одреди во текот на зимата има во делот од Вардарска Македонија под италијанска окупација. Партизанските одреди требале постепено да ги пренесат своите дејствија на оваа територија или на нови терени. За кординација на овие дејствија биле испратени Кузман Јосифовски - Питу и Страхил Гигов во западниот дел на Варадрска Македонија, а Мирче Ацев и Страшо Пинџур во Велешко и Прилепско.

Планот на Главниот штаб предвидувал партизанските одреди и во зимски услови да бидат воено и политички активни. Во реализирањето на овој план одредите Јане Сандански и Ѓорче Петров се обиделе своите дејствија да ги пренесат во Мариовско, меѓуто на 20 декември 1942 година одредеот Ѓорче Петров на пат за Мариово, кај манастирот Прилепец, бил поразен и не успеал да се пробие. Одредот Јане Сандански исто така не успеал да одржи во Мариовско и отаму се повлекол кон егејскиот дел на Македонија окупиран од италијанските сили..

Одредот Димитар Влахов направил неколку неуспешни обиди да ги пренесе своите дејствија на другите терени. Една чета успеала да се пробие до Водно кај Скопје, за да се поврзе со Скопксиот одред, друга стигнала до Куманово, со обид да се задржи на тој терен, трета чета се обидела да се зацврсти во Тиквешко. Во низата на обиди кон крајот на 1942 година одредот Димитар Влахов претрпел голми загуби.

Планот на ГШ за групирање на партизанските одреди на италијанската окупирана тертиторија не успеал наполно. Крушевскио одред бил поделен на два дела, еден дел заминал за Дебрца и Кичевско, а другиот останал во Крушевско. Одредот Димитар Влахов ко претрпел големи загуби бил принуден да зимува во илегала. Одредите Јане Сандански и Даме Груев премиале во Преспанско. Скопскиот одред ја продолжил својата активност во Скопска Црна Гора, а Мавровскиот одред се задржал во реонот на Мавровско.

Шарпланинскиот одред создаден во почеткот на 1942 година како Косовско-метохиски, во текот на 1942 година се зцврстил и постепено станал база за нови борци од Косово и Вардарска Македонија, односно од Тетово, Скопје, Велес и др.

Со дејствувањето на партизанските одреди во текот на 1942 година била опфатена речиси цела Македонија. Одредите развиле силна воена и политичка активност, претворајќи ги реоните на своето делување во слободни територии, на кои окупаторската власт била разбиена. Треба да се истакне слободната територија која била создадена од одредот Димитар Влахов, која го опфаќала просторот помеѓу Прилеп, Велес и Скопје, оваа слободна територија имала посебен одраз на мобилизацијата на народот за борба.

Пиринска Македонија

уреди
 
Споме плоча во Благоевград посветена на Гроздан Николов, Владо Чимер и Станко Лисичков

Во текот на 1942 година се засилило формирањето и дејствувањето на партизанските групи во Горноџумајско, Неврокопско и Петричко. Ови партизански групации вршеле напади врз полициските пунктови по селата, ликвидации на соработници со власта и слично. Во центарот во Горна Џумаја со експлозивен матаријал бил извршен напад врз штабот на германскиот гарнизон. Нападот имал силен одзук низ македонското население. Акцијата предизвикала бран на апсења и провала на месното раководство. До март 1943 година во Горна Џумаја биле осудени на смрт и со времени казни 46 лица. Голем удар врз месната организација предизвикале погубувањата врз истакнатите комунистички водачи: Гроздан Николов, Владо Чимер и Станко Лисичков [5][6]. Во Горноџумајскиот процес во отсуство на смрт бил осуден Никола Парапунов.

При блокадата на Горна Џумаја, бугарската полција на 6 мај 1942 година го опколила Никола Калапчиев, еден од раководителите на партизанското движење, за да не падне во рацете на бугарската полиција се самоубил [7]. Тој исто така бил осуден на смрт во отсуство во текот на Горноџумајскиот процес. Во текот на оваа провала сите компримитирани лица кои не биле уапсени, стапиле во партизанските групи. Апсења и судски процеси имало и низ цела Пиринска Македонија и пошироко низ Бугарија. Во овој период бил направен обид за поврзување на партизанското движење во пиринскиот со партизанските движења во егејскиот и во вардарскиот дел од Македонија.

Егејска Македонија

уреди

Една од најзначајние партизански акции се случила на 3 декември 1942 година кога партизанскиот одред од Пајак Планина ја нападнал железничката станица и железничкиот мост на Вардар во близината на Бојмица. Одредот успеал да го заземе мостот, но не успеал да го крене во воздух. Истиот одред на 7 декември го нападнал рудникот во месноста Чанга (Мавро - дендро) меѓу селата Извор и Мајадан. Во текот на нападот била уништена инсталацијата, а одредот одвлекол и поголемо количество на експлозив. Бидејќи овој оддред ги загрозувал стратешките комуникации по долината на Вардар за Солун, германските сили презеле акција и принудиле одредот да се повлече кон Кајмакчалан.

Други форми на отпор

уреди

Борбата во 1942 година, покрај дејствувањето на партизанските одреди, е исполнета со разни форми на отпор во кој на свој начин чествувал целиот народ. Чести биле атентатите, демонстрациите, саботажите и многу други активности со кои се негиралала окупаторската власт. Некои форми на отпор, како економските барања за задоволување на основните животни потреби, за основна цел ја имаат политичката мобилизација на народот за борба против окупаторот.

Атентати биле организирани врз претставниците на окупаторската власт како и нивните соработници. Во 1942 година во Скопје бил извршен атентат врз агентот Мане Мачков, во Велес бил ликвидиран полициски соработник, во Битола бил извршен атентат врз полицискиот началник и др.

Во 1942 година Покраинскиот комитет на КПЈ за Вардарска Македонија организирал повеќе штрајкови со барање за воведување на поголеми надници. Такви биле штрајковите на патот Гостивар - Дебар, на патот Кичево - Дебар и Кичево - Струга. Под раководство на комунистите, монополските работници во Крушево масовно протестирале против отпушањето на поголем број на работници, како и против самоволието на управата на Монополот. Поради лошите работни услови биле изведени протести од работниците на пругата од Кочани за Делчево, потоа во рудникот на момирок кај Прилеп и др.

Отпорот против окупаторите бил изразуван и преку саботажи, особено на монополите, преку палење на житото на нивите на државните имоти, во мандрите и насекаде каде што се изработувале производи за потребите на германската војска и Царството Бугарија. Посебно организиран отпор претставувало саботирањето на работата на реквизиционите комисии, во летото 1942 година. Во оној дел од Македонија кој бил под италијанска окупација, селаните се организирале за да ја отфрлат давачката спахилак. Селаните од Карбуница, Подвис и други села во Кичевско ги протерале спахиите и не дозволиле да им биде одземено житото.

Засилување на ослободителното движење на организациски план

уреди

Веднаш по окупацијата започнал процесот на создавање на масовни политички организации и органи за водење на ослободителната борба. Нивната изградба продолжила со засилено темпо во текот на 1942 година. Во текот на подготовките за формирање на одредите во 1941 и 1942 година, започнал процесот на создавање масовни политички организации и други органи на борбата:

Народнослободителен фонд
Народнослободителни комитети
Народноослободителен фронт
Антифашистички фронт на жените
Антифашистичка младина
 
Штабот на втората чета на Народноослободителниот партизански одред Димитар Влахов 1942

Во сите градови каде што егзистирале организации на ПК на КПЈ за Вардарска Македонија, се формирале нови одбори за народна помош. Во текот на подготовките на востанието, органите на народната помош со другите органи на борбата и партизанските одреди собирале оружје, храна, облека, помош за затворениците и слично.

Во 1941 и 1942 година, во подготвителниот период, а и за време на дејствијата, голем дел од своите потреби одредите ги задоволувале преку органите на Народната помош, односно Народноослободителниот фонд. Во 1942 година, Народноослободителниот фонд ја проширил својата дејност меѓу целокупното населени во Вардарска Македонија. Во 1942 година НО фонд бил раководен од Покраинскиот одбор на тој фонд преку месните одбори за помош. Во некои градови, Скопје, Велес, Прилеп, Куманово и други, биле формирани и пододбори.

Одборите за народна помош преку собирање на материјални и финансиски средства дејствувале политички сред народот, настојувајќи секој гражанин да го приврзат и идејно за борбата. Собраните материјали и финансиски средства преку Народната помош се употребувале за потребите на партизанските одреди, на илегалците во градовите, на политичките затвореници и за издршката на семејствата на партизаните или затворениците.

Органите на Народноослободителниот фонд во текот на 1942 година со својата активност ја опфатил целата територија на Вардарска Македонија. Во 1941 година при неспосредните подготовки за формирање на партизански одреди и започнувањето на вооружената борба, во сите градови се формирале месни воени штабови. Истовремено започнал процес на формирање на воени комитети во селата, сите тие тие биле органи на борбата, но со оглед на традициите на македонскиот народ се јавувале под разни имиња: тајни комитети, воени подкомитети, одбори и слично. Во 1942 година овие органи имале задаќа да го опфатат целиот народ, да го мобилизираат врз една широка антифашистичка основа. Тајни воени комитети во 1942 година биле формирани во сите села на Азот, Клепата и други реони на Велешко, во десетина села во Крушевско, во голем број на села во Прилепско, Битолско и Ресенско.

Во летото 1942 година биле одржани советувања на воените комитети во Велешко и Крушевско, на кои биле разглледани актуелните проблеми од дејноста на партизанските одреди и комитети. На овие советувања било одлучено да се собираа храна, облека и оружје за одредите, создавање на селски стражи, засилување на извидувачката и курирската служба.

Тајните и воените комитети и другите слични институции во оделни случаи решавале разни спорови на народот, судења на соработниците со окупаторот, а одредите дејствувале како извршен орган. Во многу села, особенмо во Азот, воените и тајните комитети биле единствените органи на борбата, но тие послужиле како база за создавање на масовни политички организации: АФЖ, НОФ и слично.

Во септември 1942 година се започнало со реорганизација на месните воени штабови и тајни воени комитети и други слични институции и се пристапило кон нивно оформување како народносолободителни одбори, со единствена задача на целата територија на Вардарска Македонија. Народносолободителни одбори, под разни имиња, во текот на 1942 година егизтирале низ целата територија на овој дел од Македонија: Скопско, Струмичко, Кичевско, Велешко и други краишта. Во втората половина на 1942 година започнал процесот на формирање повисоки институции - општински комитети, а истовремено била преземена активност за создавање на Централен македонски народноослободителен комитет.

Во 1942 година во Вардарска Македонија не постоела посебна народносолободителна и антифашистичка организација на жените. Нивната активност била раководена од ПК на КПЈ, но и покрај тоа тие претставувале и дејствувале како организирана сила во склопот на Народноослободителниот фронт. Комисиите или одборите на жените антифашисти во 1941, а особено во 1942 година развиле силна дејност, која со развитокот на ослободителната борба сè повеќе растела и претставувала поесбно значањен фактор во мобилизацијата на народот во борбата против окупаторот. Во 1942 година жените извеле повеќе демонстраци и протести за леб, против ниските и недоволни давачки на животните намирници, против мобилизацијата, интернирањето на мажите и др. Во 11 октомври 1942 година во Велес пред општината цел ден демонстрирале 200 до 300 жени. Тие се спротивставиле на бугарската мобилизација , истакнувајќи дека нема да ги пуштат своите синови и мажи во бугарската армија.

Мобилизацијата на младиниците во ослободителното движење во Вардарска Македонија се одвивалои преку СКОЈ. Во гимназиите, фабриките и на други места каде што имало поголема концентрација на младинци биле формирани оделни клонови на СКОЈ. Македонската младина дала силен отпор на бугарската денационализација и фашизација. Отпорот на младите Македонци во школите бил насочен против употрбата на бугарскиот јазик во наставата, истапување против бугарските погледи на историјата на македонскиот народ, односно неговото непостоење, против носењето на униформи и слично.

Учениците своето незадоволство од бугарската просветна политика го изразувале преку демонстрации и штрајкови. Во почетокот на учебната 1941/42 година дошло до судир помеѓу учениците и претставниците на денационализаторската политика. Кон крајот на септември 1942 година учениците од кумановската гимназија три дена штрајкувале. Ученички штарјковио имало во Велес, Штип и други градови, но и во училиштата по селата.

Македонските окупаторски соработници во текот на 1942 година

уреди
 
Димитар Чкатров
 
Лево на десно Антон Козаров (најлево означен со број 1), Димитар Чкатров (број 3), бугарскиот министерот за внатрешни работи Петар Габровски (број 2), Петар Думев (број 4), Димитар Ѓузелов (број 5) со нацистички поздрав го пречекуваат бугарскиот окупатор.

Во текот на спроведувањето и одржувањето на окупацијата на Македонија, бугарските и италијанските власти воделе политика за создавање на свои соработници. Македонците кои соработувале со бугарските власти се делеле на две групи:

Во првата, меѓу поистакнатите личности биле: Димитар Чкатров, Спиро Китанчев, Димитар Ѓузелов и други. Втората група ја сочинувале приврзаниците на Иван Михајлов, меѓу кои особено се истакнувале: Васил Хаџикимов, Стефан Стефанов, Кирил Дрангов, Борис Огненов и други.

И двете групи имале бугарска национална определба и врз таа основа ја остварувале соработката со Бугарската влада. И едните и другите го прифаќале бугарскиот карактер на македонскиот народ, но се разликувале во однос на припадноста на идната држава. Првите иднината на Македонија ја гледале во прогласувањето на автономна или независна македонска држава под протекторат на Третиот Рајх, таа требало да има бугарски карактер, а нејзиниот службен јазик да биде бугарскиот литературен јазик. Вторите се залагале за обединувањето на Македонија во рамките на бугарската држава.

На територијата на Македонија под албанска, односно под италијанска окупација, најчесто соработници биле припадниците на албанската народност. Меѓутоа тие во 1941 и 1942 година не биле доволно организирани.

Групата Чкатров - Ѓузелов во 1941 и 1942 година ја сочинувале неколку симпатизери во гравовите, главно сред ителегенцијата. Во 1942 година тие пред бугарските власти се обиделе да се претстават како претставници на народот. Чкатров и Ѓузелов, како и други лица, преку говори на разни цобири и манифестации низ Македонија ја поддржувале бугарската национална идеја кон Македонија. Групата Чкатров - Ѓузелов била загрижена за развојот на македонското националноослободителното движење под бугарка окупација, отука тие настојувале да изнајдат начини и средства за попречување на ослободителната борба. На 4 и 5 јули 1942 година, оваа група подготвила барање до бугарскиот цар Борис III, во кое ги истакнале проблемите: распарченоста на Македонија, отсуство на македонски претсавници од Вардарска Македонија во бугарското собрание, аграрна реформа, пропустите на окупациските власти, нередот во снабдувањето, грубоста на полицијата, бирократското чиновништво и запоставувањето на домашната интелегенција. Оваа групација се залагала за воружувањето на оделни селани или цели села за борба со партизанските одреди. Тие биле иницијатори и зачетници за создавање на контрачетите.

 
Кирил Дрангов, син на Борис Дрангов и член на ВМРО на панахида на својот татко, Скопје, 1942 година

Михајловистите во април 1942 година го посетиле Ванчо Михајлов во Загреб. Бугарската влада за да го исползува тоа, посветила посебно внимание во контактите со него и во заживувањето на дејноста на неговите соработници. Михаиловистите честопати се јавувале како советодавни органи во врска со мерките кои бугарските власти ги преземале притив партизаните и ПК на КПЈ за Вардарска Македонија. Михаиловистите барале некои села да бидат вооружени за борба против партизанските одреди. Михаловистите непосредно соработувале и со гереманските власти, а во 1942 година тие формирале бугарско-германски клубови. Михајловистите сметале дека со поддршката на Германците ќе ја преземат сета власт во Македонија. Преку бугарско-германските клубови се пропагирал Националсоцијализмот, како и силата и величината на Нацистичка Германија. Овие клубови истовремено дејствувале како инструменти на Гестапо.

Во Егејска Македонија, бугарските фашисти како сојузници на Нацистичка Германија и Кралството Италија, успеале да организираат бугарски клуб во Солун уште во 1941 година, под раководство на Андон Калчев. Исто така тие добиле право да испратат свои офицери при штабовите во германските гарнизони во Солун, Воден, Лерин и Костур. Бугарската влада со ова добила можност, покрај окупацијата источниуот дел од Егејска Македонија, да ја шири бугарската национална свест сред Македонците од централниот и западниот дел на Егејска Македонија, прикажувајќи ги Македонците пред германските власти како Бугари.

Во текот на 1942 и 1943 година, Солунскиот клуб, познат како Централен бугаромакедонски клуб, од Солун успеал да ја прошири својата активност на цела Егејска Македонија,, Во текот на 1942 година овој клуб успеал да стекне влијание сред македонските средини. Солунскиот клуб и офицерите за врска ос германските штабови успеале еден дел од Македонците да ги зачленат во самиот клуб.

Со запишувањето во клубот, неговите членови, односно запишаните Македонци, добивале право за снабдување со храна и на тој начин членските карти на овој клуб станале регулатор на неофицијалниот купонски ситем во исхраната на населението. Во текот на 1943 година во Костурско бил формиран клон на Солунскиот клуб под име Слобода или смрт на чело со Пандо Макриев. Овој огранок имала задача да се бори против единиците на ЕЛАС, меѓутоа тој егзистирал кратко време.

Обидот на Равногорското движење на Дража Михаиловиќ за пенетрација во Вардарска Македонија во 1942 година

уреди

Југословенската емигранска кралска влада се интересирала за состојбите во Вардарска Македонија која ја тертирале како дел од Кралството Југославија пред Априлската војна од 1941 година. За да го засили своте влијание во Вардарска Македонија, југословенската кралска влада направила напори Равногорското движење на Дража Михаиловиќ да се пробие во овој дел на Македонија и тоа врз оној дел каде што српската пропаганда била најсилна во минатото.

Во 1941 година Равногорското движење на Дража се обидело да уфрли на козјачкиот терен неколку свои приврзаници, но овој обид бил неуспешен. Во 1942 година штабот на Дража Михаиловиќ во Прилепско го испартил Војче Трбиќ со неклку луѓе, тој имал задача да создаде четничка организација во овој дел на Македонија [8]. Во текот на 1942 година Војче Трбиќ и неговата четничка групација успеала да привлече одредена група на Македонци кои биле под влијание на старата српската пропаганда, а кон нив се приклониле припадници на чиновничкиот апарат од Кралството Југославија. Војче Трбиќ успеал да создаде свои јадра во Скопје и Скопска Црна Гора, во реонот на Кумановско, Прилепско, Поречко и во некој места на Вардарска Македонија под италијанска окупација. Окупаторските власти не ја попречувале активноста на Равногорското движење надевјќисе дека четниците на Дража Михаиловиќ ќе ги искористат против народноослободителната борба во овој дел на Македонија. Организацијата на Дража, иако во 1942 година била мала, сепак таа претставувала пречка во развитокот на ослободителната борба на македонскиот народ. Водачите на ослободителното движење во Вардарска Македонија презеле низ на политички мерки за да ја оневеозможат четничката дејност сред македонските средини. Под влијание на партизанското движење македонскиот народ не ја прифатил политиката на југословенската кралска влада.

Извори

уреди
  1. „Настани 1942 година“. Архивирано од изворникот на 2011-07-22. Посетено на 2011-10-18.
  2. Историја на македонскиот народ, книга трета, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година
  3. Егејска Македонија во антифашистичката војна 1941-1943 година, Том VII, Книга 1, Скопје 1985.
  4. Историја на македонскиот народ, книга трета, издава нип Нова Македонија... страна 328
  5. Енциклопедия Пирински край, том 1, Благоевград, 1995, стр. 511.
  6. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопие, 2009, стр. 1051
  7. История на антифашистката борба в България, т. I 1939/1943 г., С., 1976, с.220
  8. Профашистичките и колаборационистичките организации и групи во Македонија 1941-1944 година" Ѓорѓи Малковски. Скопје, 1995