Извор (Мегленско)

бивше село
(Пренасочено од Извор (Ениџевардарско))

Извор (грчки: Ανάβρα, Анавра; до 1926 г. Ίσβορο, Исворо[1]) — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Сè до неговото растурање непосредно пред Балканските војни, било населено исклучиво со Македонци.[2]

Извор
Ανάβρα
Извор is located in Грција
Извор
Извор
Местоположба во областа
Извор во рамките на Меглен
Извор
Местоположба на Извор во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 41°3.0′N 22°7.16′E / 41.0500° СГШ; 22.11933° ИГД / 41.0500; 22.11933
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаМеглен
Општ. единицаКапињани
Надм. вис.&10000000000000180000000180 м
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото било сместнео во северниот дел на областа Маглен, во јужното подножје на плнината Пиново. Лежело западно од Фуштани и северозападно од Кожушани.[2]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Извор живееле 70 Македонци-христијани.[3][4]

Целото христијанско население на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Извор (Izvor) имало 88 Македонци под егзархијата.[3][5]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна во 1912 г. селото било окупирано од грчка војска и неговото население се иселило во Бугарија. Во 1913 г. е заведено како напуштено и понатаму не е обновено[2] Во 1926 г. празното село е преименувано во Анавра. Во 1928 г. е отпишано, и неговиот атар е припоен кон соседното Фуштани.[6]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ίσβορο -- Ανάβρα
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 90.
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 148. ISBN 954430424X.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102 – 103.
  6. Φούστανη.