Димитар Ѓузелев

(Пренасочено од Димитар Ѓузелов)

Димитар Ѓузелев (роден на 10 јануари 1903 година во Дојран – починал во 1945 година во Скопје) — македонски филозоф, гимназиски учител , политички деец и претставник на бугарскиот фашистички окупатор.[1][2]

Димитар Ѓузелев
Роден 10 јануари 1903
Дојран, Отоманско Царство
Починал 1945
Скопје, СФРЈ
Занимање филозоф
политички деец
Деца Богомил Ѓузел

Животопис

уреди

Основно образование завршил во родниот град, гимназија во Штип, а Филозофски факултет (Група филозофија) на Филозофскиот факултет во Скопје, клон на Белградскиот универзитет. Бил еден од основачите на Македонската младешка тајна револуционерна организација во Скопје.[1]

Скопски студентски процес

уреди

На Скопскиот студентски процес (1927) бил осуден на 20 години затвор. Под притисок на домашната и на меѓународната јавност (Друштвото на народите) бил помилуван и пуштен на слобода (1931), но со забрана да живее и да работи во тогашна Вардарска Бановина. Работел како гимназиски професор по филозофија и психологија, како и латински, германски и француски јазик во Кикинда, Кралево и Чачак и како суплент на Универзитетот во Суботица.[1]

Втора светска војна

уреди
 
Лево на десно Антон Козаров (најлево означен со број 1), Димитар Чкатров (број 3), бугарскиот министерот за внатрешни работи Петар Габровски (број 2), Петар Думев (број 4), Димитар Ѓузелов (број 5) со нацистички поздрав го пречекуваат бугарскиот окупатор.

По распадот на Кралството Југославија,[1] односно окупацијата на Македонија (1941-1944) се вратил во Скопје[2] и се ставил во служба на бугарската окупаторска фашистичка власт, а во меѓувреме работел на докторската дисертација, која ја одбранил на Филозофскиот факултет во Загреб (1943), објавена на хрватски јазик.[1] Со група македонски интелекруалци влегувањето на бугарските окупаторски војски го поздравил како остварување на вековниот сон Македонија да се приклучи кон „мајка Бугарија“.[2] Кон крајот на 1942 година бил назначен за началник на Радио Скопје. По Ослободувањето на Скопје бил уапсен како соработник на окупаторот и од Воениот суд на Ⅳ воена област бил осуден на смрт).[1]

 
Судење на пробугарските фашистички соработници и бугарски официри во Македонија, 1945.Од лево на десноː Ибраим, Димитар Чкатров, Димитар Ѓузелов, Панчев, Спиро Китинчев и Димитар Раев.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Ѓузелев“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 506. Text "series " ignored (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 102. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)