Корешта

историски регион на Македонија, Грција

Корешта (дијалектно: Корешча; грцизирано: Κορέστια, Корестија) — историско-географска и етнографска област во Егејска Македонија, денес во Грција. Го зафаќа северозападниот дел од денешната административна област Западна Македонија.

Карта
Местоположба на Корештата

Потекло на иметоУреди

Според некои грчки и македонски научници, името на оваа област произлегува од древномакедонската област Орестида.[1][2] Според Љубица Станковска, „Корешта“ доаѓа од личното име Корета.[3]

ИсторијаУреди

Корештата за првпат се среќава во грамота на византискиот цар Василиј II од 1019 г. во која се определуваат правата на Охридската архиепископија, на која ѝ е одземен статусот на патријаршија по поразот на Самуиловото Царство.

ГеографијаУреди

Корештата на северозапад се граничи со планината Корбец (Трикларио), на североисток со Бигла (Варнудас), на југоисток со областа Пополе и на југозапад со Нестрамско. Низ оваа област поминува Желевска Река (Рулска Река), а нејзина притока е Беличка Река.

Населени местаУреди

 
Косинец во 2011 г.
 
Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Смрдеш.
 
Женски носии од Желево.

Корештата опфаќа вкупно 22 населени места, распоредени во четири општини во денешна Грција е едно село во денешна Албанија. Три села се сосема напуштени и отпишани како населени места, а од нив се останати само рушевини.

Населени места во Корештата
Населено место Грчки назив Население
(2011)[4]
Местоположба
Населени места во Општина Костур
Габреш Γάβρος 0 40°37′35″ N; 21°11′23″ E / 40.6265° СГШ; 21.1897° ИГД / 40.6265; 21.1897 (Габреш)
Д’мбени Δενδροχώρι 266 40°34′52″ N; 21°08′45″ E / 40.5810° СГШ; 21.1459° ИГД / 40.5810; 21.1459 (Д’мбени)
Дреновени Κρανιώνας 5 40°37′10″ N; 21°12′49″ E / 40.6194° СГШ; 21.2135° ИГД / 40.6194; 21.2135 (Дреновени)
Жервени Άγιος Αντώνιος 50 40°38′07″ N; 21°16′30″ E / 40.6353° СГШ; 21.2751° ИГД / 40.6353; 21.2751 (Жервени)
Жупаништа (Άνω) Λεύκη 379 40°31′43″ N; 21°12′33″ E / 40.5286° СГШ; 21.2091° ИГД / 40.5286; 21.2091 (Жупаништа)
Кономлади Μακροχώρι 117 40°40′24″ N; 21°15′47″ E / 40.6734° СГШ; 21.2631° ИГД / 40.6734; 21.2631 (Кономлади)
Косинец Ιεροπηγή 294 40°34′44″ N; 21°04′47″ E / 40.5788° СГШ; 21.0796° ИГД / 40.5788; 21.0796 (Косинец)
Лабаница Άγιος Δημήτριος отпишано 40°35′10″ N; 21°03′47″ E / 40.5861° СГШ; 21.0630° ИГД / 40.5861; 21.0630 (Лабаница)
Поздивишта Χάλαρα 13 40°38′44″ N; 21°13′58″ E / 40.6455° СГШ; 21.2329° ИГД / 40.6455; 21.2329 (Поздивишта)
Статица Μελάς 88 40°42′13″ N; 21°15′52″ E / 40.7035° СГШ; 21.2645° ИГД / 40.7035; 21.2645 (Статица)
Чрновишта Μαυρόκαμπος 6 40°37′41″ N; 21°13′59″ E / 40.6280° СГШ; 21.2331° ИГД / 40.6280; 21.2331 (Чрновишта)
Населени места во Општина Преспа
Бесвина Σφήκα отпишано 40°42′43″ N; 21°08′51″ E / 40.7120° СГШ; 21.1475° ИГД / 40.7120; 21.1475 (Бесвина)
Брезница Βατοχώρι 23 40°40′13″ N; 21°08′53″ E / 40.6704° СГШ; 21.1480° ИГД / 40.6704; 21.1480 (Брезница)
В’мбел Μοσχοχώρι отпишано 40°38′34″ N; 21°03′48″ E / 40.6429° СГШ; 21.0634° ИГД / 40.6429; 21.0634 (В’мбел)
Желево Ανταρτικό 84 40°45′32″ N; 21°12′26″ E / 40.7589° СГШ; 21.2071° ИГД / 40.7589; 21.2071 (Желево)
Оштима Τρίγωνο 29 40°44′28″ N; 21°12′12″ E / 40.7411° СГШ; 21.2033° ИГД / 40.7411; 21.2033 (Оштима)
Рулја Κώτας 22 40°41′36″ N; 21°10′14″ E / 40.6933° СГШ; 21.1705° ИГД / 40.6933; 21.1705 (Рулја)
Смрдеш Κρυσταλλοπηγή 314 40°38′12″ N; 21°05′05″ E / 40.6366° СГШ; 21.0847° ИГД / 40.6366; 21.0847 (Смрдеш)
Трново Πράσινο 21 40°43′29″ N; 21°11′50″ E / 40.7246° СГШ; 21.1972° ИГД / 40.7246; 21.1972 (Трново)
Населени места во Општина Лерин
Турје Κορυφή 0 40°42′18″ N; 21°18′06″ E / 40.7050° СГШ; 21.3016° ИГД / 40.7050; 21.3016 (Турје)
Населени места во Општина Нестрам
Крчишта Πολυάνεμο 11 40°32′05″ N; 21°02′21″ E / 40.5346° СГШ; 21.0391° ИГД / 40.5346; 21.0391 (Крчишта)
Населени места во Општина Девол (Албанија)
Населено место Албански /
грчки назив
Население
(2005)
Местоположба
Врбник Verniku (Vërnik) / Βερνίκι 280 40°38′40″ N; 21°01′26″ E / 40.6444° СГШ; 21.0238° ИГД / 40.6444; 21.0238 (Врбник)

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Историја — Општина Костур Архивирано на 4 март 2008 г. (грчки)
  2. Аргировски, Мито. За етимологијата на Корешта. Onomastica Jugoslavica бр. 6, Загреб, 1979, стр. 112-113.
  3. Станковска, Љубица. „Топонимски варијации во Костурско-Леринската област“. во: Македонските дијалекти во Егеjска Македонија, Скопjе, 1994, стр. 241.
  4. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.

Координати: 40°39′50″ N; 21°11′46″ E / 40.6639° СГШ; 21.1960° ИГД / 40.6639; 21.1960