Димитар Чкатров
Димитар Чкатров ( 1902 во Прилеп – починал во 1945 во Скопје) — член на ММТРО, ванчомихајловистичката ВМРО, МПО и претставник на бугарската фашистичка окупаторска власт во Македонија за време на Втората светска војна.[1]
Животопис
уредиСтудирал архитектура на Белградскиот универзитет и се вклучил во ММТРО. Бил уапсен и на судскиот Студентски процес во Скопје (1927 година), бил осуден на 10 години затвор. Пред Втората светска војна, заедно со Димитар Ѓузелов бил претставник на граѓанската опозиција која се залагала Македонија да биде федерална единица во Кралството Југославија. Во Втората свеетска војна се ставил во служба на бугарските окупаторски власти во Македонија,[1] за кои отворал читалишта и организирал културни клубови за ширење на пробугарска и профашистичка пропаганда.[2][3]
Поради својата предавничка дејност спрема македонскиот народ во 1945 година, бил осуден на смрт од Народниот суд и стрелан.[1][2][3]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 1626. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.
- ↑ 2,0 2,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 502. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ 3,0 3,1 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 355. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help)