6 септември (настани)
шаблон на Викимедија
1522 | Шпанскиот морепловец Хуан Себастијан Елкано успеал да стигне назад во Шпанија со само 18 морнари (од вкупно 256) на еден брод од петте брода со кои Фернандо Магелан го започнал патувањето околу светот три години порано. |
1776 | Ураган го погодува Гваделуп, убивајќи повеќе од 6000 луѓе. |
1885 | Источна Румелија е присоединета кон Бугарија. |
1901 | Во Бафало, САД е извршен атентат врз американскиот претседател Вилијам Мекенли кој умре по една недела, а на 14 септември истата година Теодор Рузвелт стана нов претседател на САД. |
1939 | Втора светска војна: Јужна Африка ѝ објавува војна на Германија. |
1944 | Ослободено е Кратово. |
1943 | Италијанската војска и балистите од Кичево во го запалиле селото Извор и 25 куќи и во селото Белчиште. |
1944 | Царската влада на Бугарија ѝ објави војна на Германија. Одлуката е донесена во моментот кога единиците на Црвената армија веќе дојдоа до бугарската граница. Бугарија дотогаш беше сојузник на Третиот Рајх. |
1962 | Во Струга започна првата поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. Најзначајната награда на Струшките вечери на поезијата е „Златниот венец“, која за првпат му е доделена во 1966 година на советскиот поет Роберт Иванович Рождественски за најдобра песна. Од 1971 година „Златниот венец“ се доделува за целокупен поетски опус. |
1974 | Претставници на Фронтот за национално ослободување на Мозамбик и претставници на португалската Влада склучија спогодба за независност на Мозамбик. |
1975 | Во катастрофалниот земјотрес што ја зафати Турција загинаа околу 23.000 луѓе. |
1976 | Студена војна: пилотот од воздухопловството на Советскиот Сојуз Виктор Беленко слетува со МиГ-25 воен авион кај Хакодате на островот Хокаидо во Јапонија и бара политички азил во САД. |
2000 | Одржан е Милениумскиот самит. |