Пајак (планина)
Пајак (грчки: Πάικο, Пајко) — планина во Егејска Македонија, денес во Грција.[3]
Пајак | |
---|---|
Πάικο | |
![]() Поглед на Пајак | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.650 м [1] |
Друго име | Πάικο |
Географија | |
Место | Егејска Македонија, Грција |
Матичен венец | Централна Македонија |
Планината се наоѓа во северниот централен дел на Егејска Македонија и низ неа минуваат општинските граници на Пајонија, (на исток), Меглен (на запад) и Постол на југ на областа Централна Македонија.
Највисок врв е Поглед (Πογλέτι, Поглети) - 1.650 м. Други врвови се Вртоп (Βερτόπια, Вртопија), 1.490 м и Гроб (Γκροπ, Гроп), 1.458 м.
Во источното подножје на Пајак се градовите Гуменџе (Гумениса) и Бојмица (Аксиуполи), јужно - Ениџе Вардар (Јаница), а на западната страна Меглен (Моглена).
НаводиУреди
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2011-07-16. Посетено на 2013-09-14.
- ↑ [1]
- ↑ „Μουσείο Φυσικής Ιστορίας Αξιούπολης“. Архивирано од изворникот на 2009-08-04. Посетено на 2021-08-14.
Надворешни врскиУреди
- Пајак (планина) на Ризницата ?