Миливоје Трбиќ - Војче
Миливоје Трбиќ - Војче (Браилово, Прилепско, 13 април 1913 - Скопје, 24 септември 1947) — македонски четник. Тој бил син на четник Василие Трбиќ и Софија Кожинкаровска (од с. Теово, Азот, Велешко).
Во текот на Втората светска војна, во јуни 1942 година[1] бил испратен од Равногорското движење на Дража Михаиловиќ во Вардарска Македонија за да формира чети. Тој бил водач на поречките четнички сили во текот на Втората светска војна.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Зборник докумената и података o Народноослободилачком рату југословенских народа“, том VII, књига 1, Београд, 1952.
- ↑ Ѓорѓи Малковски, „Профашистичките и колаборационистичките организации и групи во Македонија 1941-1944 година“, Скопје, 1995.
Литература
уреди- Александар Симоновски, „Учеството и дејноста на Миливој Трбиќ-Војче во Равногорското движење во Македонија (1942-1944)“ во „Гласник ИНИ“[мртва врска], Скопје, 2014, бр. 1-2, 131-142 стр.
- Миливој Трбиќ-Војче, Документи, Избор, редакција и коментар доц. д-р Александар Симоновски, Скопје 2016.
- Александар Симоновски, Миливој Трбиќ (1913 - 1947), ИНИ, Скопје 2018.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |