Википедија:Викиекспедиции 2015
„Викиекспедиции“ |
Во текот на 2015 година биле организирани шест викиекспедиции, со кои биле опфатени следните области:
- Неготино со околината — дводневна експедиција во два дела:
- Прв дел: Град Неготино — еднодневна експедиција;
- Втор дел: Неготинско — еднодневна експедиција;
- Кратово со околината — дводневна експедиција во два дела:
- Прв дел: Град Кратово — еднодневна експедиција;
- Втор дел: Кратовско — еднодневна експедиција;
- Мариово — тридневна експедиција во еден дел;
- Мијачија — тридневна експедиција во еден дел;
- Општина Ранковце — еднодневна експедиција во еден дел; и
- Општина Градско — еднодневна експедиција во еден дел.
- Неготино со околината — дводневна експедиција во два дела:
Прва експедиција
уредиНеготино со околината
уредиОваа експедиција поради временските услови беше поделена на два дела, па така најпрвин го посетивме градот Неготино (на 4 април 2015 г.), а веќе наредниот викенд (на 10 април 2015 г.) посветивме уште еден на шест неготински села, како и манастирот Св. Ѓорѓи.
Прв дел: Град Неготино
уредиНа првиот дел на експедицијата учествуваа тројца членови: Ehrlich91, Kiril Simeonovski и Cibrev, кој се спроведе во градот Неготино. Сите тројца се сретнавме околу шест часот на железничката станица во Скопје, по што купивме билети и тргнавме кон Неготино со воз. И покрај доцнењето од 40-тина минути на возот во Неготино, сепак имавме и повеќе од доволно време да го прошетаме градот и да ги сликаме сите позначајни институциите, како што се: Домот на културата, Градската библиотека, Општинскиот суд, Црквата Св. Атанасиј, Автобуската станица, Музејот на град Неготино, двете основни училишта, распаднатата Саат-кула и други објекти.
Со сликањето на сите објекти завршивме порано отколку што имавме предвидено, односно околу 13:30 часот, по што решивме да се упатиме во винаријата „Попова кула“ во Демир Капија. Најмивме таксист од Неготино и стигнавме таму за половина час, по што добивме тура низ винаријата, каде што извршивме доста добри фотографии. Персоналот во винаријата беше доста љубезен и немавме никаков проблем со фотографирањето. Ги видовме подрумските простории, бурињата со вино, собата за дегустација, сместувачките капацитети и надворешноста на винаријата.
Втор дел: Неготинско
уредиНа вториот дел од експедицијата учествуваа повторно тројца членови: Ehrlich91, Македонец и Cibrev, кој се спроведе низ шест неготински села, како и манастирот во близина на Неготино.
Овој пат бевме со автомобил и тргнавме од Скопје околу 06:15 часот, а во Неготино веќе бевме околу 08:00. Бидејќи, единствено манастирот Св. Ѓорѓи остана непосетен од минатиот пат, одлучивме веднаш да започнеме од него, пред сè и поради неговата местоположба, веднаш до излезот кај Неготино. По кратката пауза на бензинската пумпа на Макпетрол, продолживме кон селата Пепелиште и Криволак, кои се наоѓаат едно наспроти друго и со тоа имаше можност за одлични панорамски фотографии на двете села. И во двете села стапивме во разговор со месното население, кои ни кажуваа одредени факти за самите села.
Подоцна, се упативме кон селото Тремник (во близина на ТЕЦ „Неготино“), од кое планиравме да го посетиме и селото Дуброво, но сепак на крајот се одлучивме да продолжиме кон градот Неготино, а оттаму кон селата Тимјаник, Долни Дисан и Горни Дисан. По редот на нештата, започнавме од најгорното планинско село, Горни Дисан, кое е целосно напуштено и има само повремени жители, но поседува прекрасно зачувана стара македонска архитектура, стара црква и старо основно училиште. Барајќи ја црквата налетавме на единствените луѓе кои дошле токму тој ден на прошетка. Добивме покана и седнавме со нив при што ни раскажаа на кратко за историјата на селото. Подоцна, се спуштивме и во двете подолни села Долни Дисан и Тимјаник.
- Статии
Број | Статија | Фотографија | Забелешки |
---|---|---|---|
1. | Попова Кула — винарска визба | нова статија | |
2. | Црква „Св. Атанасиј Велики“ - Неготино — црква | нова статија | |
3. | ТЕЦ „Неготино“ — термоцентрала | нова статија | |
4. | Основен суд Неготино — основен суд | нова статија | |
5. | ОУ „Страшо Пинџур“ - Неготино — основно училиште | подобрена статија | |
6. | ОУ „Гоце Делчев“ - Неготино — основно училиште | подобрена статија | |
7. | ОМУ „Владимир Арсовски“ - Неготино — музичко училиште | нова статија | |
8. | Тимјаничка Река — река | нова статија | |
9. | Музеј на град Неготино — музеј | нова статија | |
10. | Саат-кула (Неготино) — кула | подобрена статија | |
11. | НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ - Неготино — културна установа | нова статија | |
12. | Библиотека „Страшо Пинџур“ - Неготино — библиотека | нова статија | |
13. | Градски стадион Неготино — фудбалски стадион | нова статија | |
14. | Манастир „Св. Ѓорѓи“ - Неготино — манастир | подобрена статија | |
15. | ЖС „Лисиче“ — железничка станица | подобрена статија | |
16. | ЖС „Драчево“ — железничка станица | подобрена статија | |
17. | ЖС „Зелениково“ — железничка станица | подобрена статија | |
18. | ЖС „Рајко Жинзифов“ — железничка станица | подобрена статија | |
19. | ЖС „Велес“ — железничка станица | подобрена статија | |
20. | ЖС „Кукуричани“ — железничка станица | подобрена статија | |
21. | ЖС „Неготино Вардар“ — железничка станица | подобрена статија | |
22. | ЖС „Градско“ — железничка станица | нова статија | |
23. | ЖС „Стоби“ — железничка станица | нова статија | |
24. | ЖС „Криволак“ — железничка станица | нова статија | |
25. | Горни Дисан — село | подобрена статија | |
26. | Долни Дисан — село | подобрена статија | |
27. | Црква „Св. Никола“ - Горни Дисан — црква | нова статија | |
28. | Криволак — село | подобрена статија | |
29. | Црква „Св. Вознесение“ - Криволак — црква | подобрена статија | |
30. | Црква „Св. Архангел Михаил“ - Долни Дисан — црква | подобрена статија | |
31. | Црква „Св. Троица“ - Тремник — црква | подобрена статија | |
32. | Тремник — село | подобрена статија | |
33. | Црква „Св. Богородица“ - Тимјаник — црква | подобрена статија | |
34. | Пепелиште — село | подобрена статија | |
35. | Црква „Св. Илија“ - Пепелиште — црква | подобрена статија | |
36. | Дисанска Река — река | нова статија | |
37. | Винарска визба „Венец“ — винарска визба | нова статија | |
38. | Тимјаник — село | подобрена статија | |
39. | Тимјаничка парохија — црковна парохија | нова статија | |
40. | ПУ „Гоце Делчев“ - Тремник — основно училиште | нова статија | |
41. | ПУ „Гоце Делчев“ - Тимјаник — основно училиште | нова статија | |
42. | ПУ „Гоце Делчев“ - Долни Дисан — основно училиште | нова статија | |
43. | ПУ „Страшо Пинџур“ - Криволак — основно училиште | нова статија | |
44. | ПУ „Страшо Пинџур“ - Пепелиште — основно училиште | нова статија | |
45. | Планинарски дом „Горни Дисан“ — планинарски дом | нова статија |
Фотографии
уредиСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:
- Неготино и неговата околина на Ризницата ?
Втора експедиција
уредиКратово со околината
уредиОваа експедиција поради временски и логистички услови беше поделена на два дела, па така најпрвин го посетивме градот Кратово (на 16 мај 2015 г.), а веќе наредниот понеделник (на 25 мај 2015 г.) посветивме уште еден на неколку кратовски села.
Прв дел: Град Кратово
уредиНа првиот дел на експедицијата учествуваа тројца членови: Kiril Simeonovski, Cibrev и Никола Тодосовски, кој се спроведе во градот Кратово.
Сакам да ве известам дека вчера се одржа првиот дел од викиекспедицијата во Кратово и околината. Повторно решивме да ја поделиме дводневната експедиција во два дела од по еден ден, така што првиот дел решивме да ја опфати посетата само на градот Кратово, а во вториот дел да бидат опфатени селата во неговата околина. Од Скопје тргнавме околу 7:30 со автомобилот на Никола Т. и во Кратово пристигнавме околу 9:30.
Пред 12 часот прошетавме и направивме фотографии од неколку мостови, кули и куќи што ни се најдоа по пат, а бевме забележани и од чичко Стевче Дамевски, кој ни раскажа една легенда за градот. Во 12 часот се сретнавме со туристичкиот водич Далибор Петковски, кого го ангажиравме за да ни ги покаже знаменитостите во градот. Тој на кратко ни ја раскажа историјата на градот, не прошета покрај Грофчанскиот мост и тунелот покрај него, не внесе во саат-кулата, не прошета низ чаршијата и еврејското маало, не внесе во католичка куќа каде што одигравме една партија шах, не однесе во црквата Свети Јован Крстител, како и до Радиниот и Аргуличкиот мост.
По туристичкото разгледување со Далибор, успеавме уште да влеземе и видиме еден од кратовските тунели коишто послужиле за поврзување на кулите во градот во минатото. Од Кратово кон Скопје тргнавме некаде околу 18:30 и пристигнавме околу 20 часот.
- Галерија
-
Учесниците во Кратово
-
Учесниците во Кратово
-
Учесниците во подземните тунели
-
Еден од учесниците во подземните тунели
Втор дел: Кратовско
уредиНа вториот дел на експедицијата учествуваа тројца членови: Македонец, Ehrlich91 и Petrovskyz, кој се спроведе во кратовските села во близина на градот Кратово.
Утрината на 25 мај 2015 г. околу седум часот тргнавме од Скопје со возилото на Марио и се упативме кон Кратово. По пат застанавме во близина на рафинеријата ОКТА за мала ужина, а воедно и сликање на самата рафинерија и пејзажот околу неа. По непрекинато возење стигнавме во Кратово, но само го одминавме и веднаш се упативме кон првото село Приковци, во кое зборувавме и собравме податоци за самото село и двете цркви од веројатно претседателот на месната заедница, кој го сретнавме на сретселото. Од ова село се упативме кон селото Шлегово, каде најпрвин застанавме на почетокот на селото за да ја видиме црквата „Св. Никола“ со селските гробишта и каде наидовме на постар човек кој ни објасни за историјата на селото и најбитните работи за него. Подоцна, се искачивме на рид над селото од каде се прикажуваше добра панорама на самото село. На крајот ги сликавме училиштето и главната селска црква. Од местото на крстот кај Шлегово го фативме и Кратово на панорама. После тоа, повторно одминувајќи го Кратово, се упативме кон селото Близанци, над Кратово, од кое направивме само фотографии. На враќање уловивме одлични панорамски фотографии од Кратово од голема височина. При враќањето во Кратово, застанавме во две градски цркви, од кои едната воопшто не била посетена при првата посета на Кратово.
Од таму, се упативме кон низинските села на Општина Кратово, и најпрвин започнавме со Железница, па Живалево, Туралево, Филиповци, Секулица и Шопско Рударе. Овдека наидовме на сериозно проблеми во разликувањето кое село е кое, бидејќи овие села се од разбиен тип, па така се поделени на маала кои се оддалечени едно меѓу друго и по неколку километри, па така во околината гледаш десетина збирови на куќи, кои припаѓаат на едно или повеќе различни села. За ова, ќе се обидеме да ги разликуваме преку топографски карти.
На крајот, седнавме во етно-ресторанот на патот за Куманово, кој ни послужи и како единствен ручек во денот.
- Галерија
-
Тројцата учесници на експедицијата низ Кратовско
-
Учесниците низ шумска патека
-
Википедијанци во дискусија
-
Учесниците во селото Близанци
-
Возилото користено за време на повеќе експедиции
- Статии
Број | Статија | Фотографија | Забелешки |
---|---|---|---|
1. | Кратовска Река — река | нова статија | |
2. | Основен суд Кратово — суд | нова статија | |
3. | Музеј на град Кратово — музеј | нова статија | |
4. | Саат-кула (Кратово) — кула | нова статија | |
5. | Јокширски мост — мост | нова статија | |
6. | Црква „Св. Ѓорѓи Кратовски“ - Кратово — црква | нова статија | |
7. | Црква „Св. Јован Крстител“ - Кратово — црква | нова статија | |
8. | Горноамамски мост — мост | нова статија | |
9. | Приковци — село | подобрена статија | |
10. | Црква „Св. Ѓорѓи“ - Приковци — црква | нова статија | |
11. | Манастир „Св. Петка“ - Приковци — манастир | нова статија | |
12. | Шлегово — село | подобрена статија | |
13. | Црква „Св. Воведение на Пресвета Богородица“ - Шлегово — црква | нова статија | |
14. | Црква „Св. Никола“ - Шлегово — црква | нова статија | |
15. | Горно Кратово — село | подобрена статија | |
16. | Близанци — село | подобрена статија | |
17. | Плавица — планина | нова статија | |
18. | Железница (село) — село | подобрена статија | |
19. | Тополовиќ — село | подобрена статија | |
20. | Туралево — село | подобрена статија | |
21. | Филиповци — село | подобрена статија | |
22. | Црква „Св. Недела“ - Туралево — црква | нова статија | |
23. | Шопско Рударе — село | подобрена статија | |
24. | Црква „Св. Никола“ - Шопско Рударе — црква | нова статија | |
25. | Живалево — село | подобрена статија | |
26. | Секулица — село | подобрена статија | |
27. | Вакуф — село | подобрена статија | |
28. | Црква „Св. Константин и Елена“ - Вакуф — црква | нова статија | |
29. | ПУ „Кочо Рацин“ - Секулица — основно училиште | нова статија | |
30. | ПУ „Кочо Рацин“ - Туралево — основно училиште | нова статија | |
31. | ПУ „Кочо Рацин“ - Шопско Рударе — основно училиште | нова статија | |
32. | ПУ „Кочо Рацин“ - Шлегово — основно училиште | нова статија |
Фотографии
уредиСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:
- Кратово и неговата околина на Ризницата ?
Трета експедиција
уредиМариово
уредиОваа експедиција е специфична од причина што беше дел во рамките на фестивалот Mariovo Off-Road Experience, кој се одржа по четврти пат на кој имаше неколку спортски дисциплини, кој се одржува во Мариово во периодот 29-31 мај 2015 г. Нашето присуство таму беше со нашите велосипеди и така за прв пат спроведовме викиекспедиција без возило.
На фестивалот бевме присутни, Македонец, Ehrlich91 и Petrovskyz, како и на претходната експедиција, секој со својот велосипед, кои ги превезе самиот организатор на фестивалот со својот автомобил уште во четвртокот на 28 мај. Јас и Ѕвонко тргнавме со воз до Прилеп на 29 мај 2015 г. (петок), а од ЖС „Прилеп“ не зема Марио (кој веќе беше отиден еден ден претходно). Патувањето со воз повторно го искористивме на начин, со што продолживме со сликање на железничките станици од Велес до Прилеп, слично како што направивме на првата експедиција до Неготино, кога исто така патувавме со воз.
По пристигнување во Прилеп, Марио не зема со автомобил и се упативме кон Мариово, па така повторно искористувајќи го моментот, влеговме во две села, Штавица и Кален, со што ги покривме со фотографии и нив, иако отпрвин не ги планиравме. Иако на почетокот се соочивме со одредени механички и технички проблеми, сепак денот го искористивме со посета и разглед на селото Манастир и прекрасниот манастир во самото село, кој го посетивме и во неговата внатрешност. Подоцна, решавајќи ги механичките проблеми се искачивме над селото, во кое сликавме панорами над селото. Вечерта, јас и Ѕвонко, поминавме три часа на карпите во близина на селото, сликајќи слики од Црна Река и од Скочивирска Клисура и барајќи добри услови за астрофотографии. И од самите карпи повторно се направија добри панорами на целото село Манастир.
Во саботата (30.05.2015), се упативме пеш кон селото Зовиќ или Бзовиќ како што го викаат селаните, кое е најпознатото по својот мост над Градешка Река, снимен во филмот „Прашина“ на Милчо Манчевски. До селото имавме три часа одење, низ кое поминавме две реки, Сатока и Градешка Река, од кои направивме одлични фотографии, а во самото село Зовиќ ги сликавме двете цркви, однадвор и одвнатре, а од погорната црква „Св. Атанасиј“ направивме одлична панорамска фотографија заедно со мостот. Во самото село, седнавме на разговор со неколку стари жители, кои се израдуваа што нè видоа.
Во неделата или главниот настан од тридневниот фестивал, се упативме на велосипедската планинска трка, при која ги посетивме селата Полчиште, Бешиште, Витолиште и манастирот „Св. Илија“ или Витолишки манастир, во кој и ручавме на крајот на денот.
- Галерија
-
Википедијанците со своите велосипеди на завршницата на трката
-
На почетокот на трката
-
На пат кон Зовиќ
-
На пат кон Зовиќ
-
Википедијанци на пат кон Зовиќ
-
Википедијанци на пат кон Зовиќ
-
Википедијанци пред Камениот мост во Зовиќ
-
На муабет со жителите на Зовиќ
-
На пат кон селото Манастир
-
На крајот на трката во Витолишкиот манастир
-
Дел од учесниците на целиот фестивал
-
Дел од учесниците на целиот фестивал
-
Ноќна фотографија на Википедијанци
- Извештај
Оваа експедиција беше претставена и со извештај на англиски јазик за потребите на месечното издание на ГЛАМ-активностите на сите организации поврзани со Википедија. Извештајот можете да го проследите тука.
- Статии
Број | Статија | Фотографија | Забелешки |
---|---|---|---|
1. | Mariovo Off-Road Experience — фестивал | нова статија | |
2. | Манастир (село) — село | подобрена статија | |
3. | Зовиќ — село | подобрена статија | |
4. | Сатока — река | нова статија | |
5. | Градешка Река — река | подобрена статија | |
6. | Манастирски манастир - манастир | нова статија | |
7. | Витолишки манастир - манастир | нова статија | |
8. | Црква „Св. Илија“ - Витолиште - црква | нова статија | |
9. | Старавина - село | подобрена статија | |
10. | Кален - село | подобрена статија | |
11. | Црква „Св. Спас“ - Кален - црква | нова статија | |
12. | Црква „Св. Никола“ - Манастир - црква | нова статија | |
13. | Црква „Св. Атанасиј“ - Зовиќ - црква | нова статија | |
14. | Штавица - село | подобрена статија | |
15. | Дуње - село | подобрена статија | |
16. | Црква „Св. Никола“ - Зовиќ - црква | нова статија | |
17. | Витолиште - село | подобрена статија | |
18. | Црква „Св. Атанасиј“ - Витолиште - црква | подобрена статија | |
19. | Бешиште - село | подобрена статија | |
20. | Ниџе - планина | подобрена статија | |
21. | Полчиште - село | подобрена статија | |
22. | Скочивирска Клисура - клисура | подобрена статија | |
23. | Дуњска Река - река | нова статија | |
24. | ЖС „Богомила“ — железничка станица | подобрена статија | |
25. | ЖС „Васил Антевски - Дрен“ — железничка станица | нова статија | |
26. | ЖС „Гостиражни“ — железничка станица | подобрена статија | |
27. | ЖС „Мартолци“ — железничка станица | подобрена статија | |
28. | ЖС „Чашка“ — железничка станица | подобрена статија | |
29. | Писокал — историско село | подобрена статија | |
30. | Мелница (Прилепско) — историско село | подобрена статија |
Фотографии
уредиСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:
- Мариово и неговата околина на Ризницата ?
Четврта експедиција
уредиМијачија
уредиПоследната експедиција ја остваривме викендот од 3 до 5 јули, тргнувајќи од Скопје на 3 јули во попладневните часови и упатувајќи се со возило кон селото Лазарополе, каде што бевме сместени во „Калин Хотел“ две ноќи.
На оваа експедиција беа присутни вкупно пет Википедијанци, Ehrlich91, Kiril Simeonovski, Инокентиј, Petrovskyz и Cibrev, најбројна експедиција воопшто изведена. За разлика од претходната кога бевме со велосипеди, сега ја изведовме целосно со возило и вкупно посетивме седум села, многу повеќе цркви и манастири во самите села, влеговме во четири цркви и ги сликавме нивните внатрешности, сликавме панорами на повеќе села во кои не влеговме, кои се наоѓаа покрај патот кога ги посетувавме овие села. Исто така покрај самите села, добивме слики и од самите реки кои во тој регион ги има многу, па така имаме сега фотографии од сите притоки на Мала Река (Гарска Река, Тресонечка Река, Селечка Река и Росочка Река).
Вечерта во петокот со нашето пристигнување кон Маврово, застанавме на влезот од националниот парк, сликајќи ја околината со Мавровското Езеро, а подоцна се упативме кон нашето одредиште, селото Лазарополе. Наредниот ден (сабота) почнавме уште од утрината, сликајќи го селото Гари, а завршувајќи во селото каде што бевме сместени, при што го дочекавме зајдисонцето на крстот над селото.
Во неделата, утрината ја посетивме главната селска црква во Лазарополе, сликајќи ја целосно и запознавајќи се со нејзината историја, раскажана од страна на претседателот на црковниот одбор на селото, за подоцна да тргнеме кон Скопје, застанувајќи попатно кон селото Беличица, надвор од областа Мијачија, а подоцна влеговме во селото Леуново и Никифорово. Во Скопје стигнавме околу четири часот, по што седнавме на ручек.
- Галерија
-
Википедијанци сликани на карпа над селото Гари
-
Википедијанци во селото Гари
-
Википедијанци во селото Гари
-
Википедијанци во селото Лазарополе
-
На пат кон Лазарополе
-
Во разговор со мештанин на селото Осој
-
Википедијанци во близина на мостот „Еленов Скок“
-
Википедијанци во автомобилот на пат кон Маврово
- Статии
Број | Статија | Фотографија | Забелешки |
---|---|---|---|
1. | Осој (Дебарско) — село | подобрена статија | |
2. | Црква „Св. Ѓорѓи“ - Осој — црква | нова статија | |
3. | Гари — село | подобрена статија | |
4. | Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Гари — црква | нова статија | |
5. | Гарска Река — река | нова статија | |
6. | Росоки — село | подобрена статија | |
7. | Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Росоки — црква | нова статија | |
8. | Росочка Река — река | нова статија | |
9. | Селце (Ростушко) — село | подобрена статија | |
10. | Селечка Река — река | нова статија | |
11. | Црква „Св. Илија“ - Селце — црква | нова статија | |
12. | Беличица — село | подобрена статија | |
13. | Црква „Св. Никола“ - Беличица — црква | подобрена статија | |
14. | Тресонче — село | подобрена статија | |
15. | Црква „Св. Петар и Павле“ - Тресонче — црква | подобрена статија | |
16. | Црква „Св. Никола“ - Тресонче — црква | подобрена статија | |
17. | Црква „Св. Јован Крстител“ - Тресонче — црква | подобрена статија | |
18. | Црква „Св. Петка“ - Тресонче — црква | подобрена статија | |
19. | Тресонечка Река — река | нова статија | |
20. | Никифорово — село | подобрена статија | |
21. | Леуново — село | подобрена статија | |
22. | Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Леуново — црква | подобрена статија | |
23. | Маврово — село | подобрена статија | |
24. | Црква „Св. Петка“ - Лазарополе — црква | нова статија | |
25. | Црква „Св. Никола“ - Маврово (нова) — црква | подобрена статија | |
26. | Лазарополе — село | подобрена статија | |
27. | Црква „Св. Ѓорѓи“ - Лазарополе — црква | подобрена статија |
Фотографии
уредиСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:
- Мијачијата и околината на Ризницата ?
Петта експедиција
уредиОпштина Ранковце
уредиНа 7 ноември 2015 година беше спроведена петтата по ред експедиција за оваа календарска година, а прва во рамките на двете предвидени за до крајот на годината.
Бевме договорени да патуваме со автомобилот на Нино, зашто оф-роуд возилото на Марио, кое го користевме на минатите експедиции, имало проблеми, па така, јас најпрвин се најдов со Марио во Капиштец, каде што живеат тие двајца и се упативме да ги земеме Ѕвонко и Кирил. Околу 6:30 часот тргнавме од Скопје, при што со едно застанување на бензинска станица за бензин и храна по пат, веќе пред околу осум часот бевме во селото Герман, првата станица на нашата експедиција во Општина Ранковце. Од оваа експедиција сликавме вкупно девет села, односно една половина од сите села во општината Ранковце. Како позначајни моменти би ги издвоил посетата на внатрешноста на црквата „Св. Петка“ во Радибуш, погледот на Отошничко Езеро, посетата на Герман и погледот на планините Гоглин и Билина (најсеверната точка на Македонија), средновековниот манастир „Св. Никола“ во Псача.
Севкупно гледано имавме одличен ден и услови за сликање и успеавме да опфатиме голем број на села, иако големината на денот е сè помала во овие есенски денови.
- Статии
Број | Статија | Фотографија | Забелешки |
---|---|---|---|
1. | Герман (Кривопаланечко) — село | подобрена статија | |
2. | Црква „Св. Троица“ - Герман — црква | нова статија | |
3. | П’клиште — село | подобрена статија | |
4. | Радибуш — село | подобрена статија | |
5. | Радибушка Река — река | нова статија | |
6. | Црква „Св. Петка“ - Радибуш — црква | нова статија | |
7. | Отошница — село | подобрена статија | |
8. | Отошничко Езеро — езеро | нова статија | |
9. | Црква „Св. Јован Крстител“ - Отошница — црква | нова статија | |
10. | Ранковце — село | подобрена статија | |
11. | ОУ „Христијан Тодоровски - Карпош“ - Ранковце — основно училиште | подобрена статија | |
12. | Црква „Св. Никола“ - Псача — црква | нова статија | |
13. | Псачки манастир — манастир | нова статија | |
14. | Псача — село | подобрена статија | |
15. | Станча — село | подобрена статија | |
16. | Гулинци (Кривопаланечко) — село | подобрена статија | |
17. | Гиновци — село | подобрена статија | |
18. | Црква „Св. Павле“ - Гиновци — црква | нова статија | |
19. | Љубинци — село | подобрена статија | |
20. | Славиште — област | подобрена статија | |
21. | Општина Ранковце — општина | подобрена статија | |
22. | ПУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ - Радибуш — основно училиште | нова статија | |
23. | ПУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ - Герман — основно училиште | нова статија |
Фотографии
уредиСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:
- Општина Ранковце на Ризницата ?
Шеста експедиција
уредиОпштина Градско
уредиНа 8 декември 2015 година, за време на празникот „Св. Климент“, членовите се упатиле кон Општина Градско со цел посета на повеќе села.
Уште на самото тргнување нè пречека густа магла во Скопје, но се упативме со мисла дека таму ќе се разведри и дека самата магла ќе се крене. За жал, тоа не се случи, поради што повеќе се насочивме на сликање внатрешности на цркви; објекти и само нешто од селата.
Најпрвин, се упативме кон селото Грнчиште, а понатаму да продолжиме и кон Кочилари и Свеќани, ама поради лошиот пат, маглата, го изменивме планот и со Марио договоривме пробна велоекспедиција во тој крај во почетокот на мај, кога би ги посетиле овие села.
Подоцна, го посетивме првото село, Виничани, каде ја сликавме и новата црква „Св. Илија“. По ова село, одминувајќи го Градско, се упативме кон Подлес, каде што конечно нè огреа сонце и имавме одлични услови за сликање на планината Клепа, езерото Подлес со неговата брана, црквата во селото, убавите староградски куќи. По ова село, повторно во маглата го посетивме најпрвин Долно, а подоцна и Горно Чичево, заедно со нивните стари цркви, како и убавиот и голем Чичевски манастир. На крај ги сликавме поважните установи во селото Градско, како и негова панорама од горе.
- Статии
Број | Статија | Фотографија | Забелешки |
---|---|---|---|
1. | Подлес — село | значително подобрена статија | |
2. | Подлешко Езеро — езеро | нова статија | |
3. | Хемиска индустрија Велес — фабрика | нова статија | |
4. | Згрополци — село | значително подобрена статија | |
5. | Виничани — село | значително подобрена статија | |
6. | Црква „Св. Илија“ - Виничани — црква | нова статија | |
7. | Црква „Св. Троица“ - Подлес — црква | значително подобрена статија | |
8. | Клепа — планина | значително подобрена статија | |
9. | Чичевски манастир — манастир | значително подобрена статија | |
10. | Црква „Св. Архангел Михаил“ - Чичево — црква | нова статија | |
11. | Долно Чичево — село | значително подобрена статија | |
12. | Црква „Св. Атанасиј“ - Долно Чичево — црква | значително подобрена статија | |
13. | Горно Чичево — село | значително подобрена статија | |
14. | Црква „Св. Спас“ - Горно Чичево — црква | значително подобрена статија | |
15. | Градска парохија — црковна парохија | нова статија | |
16. | Градско — село | значително подобрена статија | |
17. | Општина Градско — општина | подобрена статија | |
18. | ОУ „Даме Груев“ - Градско — основно училиште | значително подобрена статија |
Фотографии
уредиСите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:
- Општина Градско на Ризницата ?