Јокширски мост

мост во Кратово

Јокширски мост или Јоркширски мост — еден од средновековните мостови во градот Кратово. Се вбројува меѓу четирите останати камени мостови во градот, каде денес постојат четири камени, еден дрвен и еден бетонски мост на Табачка Река и нејзините притоки.

Јокширски мост
Јоркширски мост
Поглед на Јокширски мост
Координати42°2′39″N 22°6′19″E / 42.04417° СГШ; 22.10528° ИГД / 42.04417; 22.10528
ПреминуваТабачка Река
МестоКратово
Официјален називЈокширски мост
Други називиСвински мост
Змиски мост
Тртев мост
Особености
Материјалкамен
Местоположба
Карта

Градбата на мостот се одликува со камени сводови и декоративна архитектура и многумина го сметаат за најстар од сите мостови во градот. Мостот може да се набљудува од балконот на прочуената Саат-кула.[1] Самиот мост бил граден со камен од три каменоломи носени со коли-колесници од Горно Кратово, Живалево и Лискавица.

Овој мост понекогаш е нарекуван и „Свински мост“, „Змиски мост“ и „Тртев мост“. Воедно, мостот понекогаш се сретнува и како „Јоркширски мост“.[1]

Местоположба

уреди

Мостот се наоѓа во Кожарското Маало, прочуено по мајсторите кои изработувале мешини, сместено над Табачка Река, која потоа се соединува со другите кратовски реки и ја создава Кратовска Река. Мостот ги поврзувал Кожарското Маало и Султан Мурат Мелеси-маалото.

Мостот имал две стражарници на своите краеви, а на едниот агол имало и гонг на кој се давало знак за тревога.

Преданија

уреди

Се верува дека мостот го градел мајстор Коце, кој кога поминал да го види местото каде што ќе се гради мостот, поминала ќерката на бегот, сопственик на Саат-кулата во Кратово, на која тој ѝ фрлил мерак. Мајсторот ја запрашал дали ако го изгради мостот ќе го земе за момче, на што девојката одговорила дека нејзините нема да ја дадат за христијанин.

Преданието понатаму вели дека младиот мајстор Коце се заветил дека неговите очи и неговата уста секогаш ќе гледаат кон убавата Турчинка кога ќе се појави на балконот на кулата. И ако се погледне мостот, навистина има изглед на „уста и очи“, кои добро се гледаат од самата Саат-кула.[1]

За мостот, односно за самото негово име, постои уште едно предание. Мостот некогаш ги поврзувал Кожарското и Султан Мурат Мелеси-маалото, поради што Турците не дозволувале преку него и во маалото да се пренесуваат прасиња и свињи, кои на пазар ги носеле жителите на Горно Кратово, Нежилово и други места, поради што го добил името „Свински мост“. Според друго предание, пак, мостот се поврзува со семејството Змичевци, поради што бил наречен и „Змиски мост“. Воедно, името „Јоркширски мост“ го добил по расата свињи „јоркшир“. Името „Тртев мост“ го добило по семејството Тртеви, кои го поседувале мостот исто така.[1]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Цветковска, Жаклина (19 ноември 2014). „Змискиот мост го градел Македонец вљубен во Турчинка“. Дневник. Скопје: МПМ Македонија. Посетено на 7 септември 2015.

Надворешни врски

уреди