ОМУ „Владимир Арсовски“ - Неготино
Основно музичко училиште „Владимир Арсовски“ (официјално: Основно општинско музичко училиште „Владимир Арсовски“ - Неготино; скратено: ООМУ „Владимир Арсовски“) — единствено музичко основно училиште во градот Неготино, Општина Неготино.[1]
Владимир Арсовски
| |
---|---|
Поглед на училиштето
| |
Место | |
Општина: | Општина Неготино |
Наречено по: | Владимир Арсовски |
Нас. место: | Неготино |
Адреса: | ул. „Маршал Тито“, бр. 102 |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1979 |
Директор: | Драги Станков |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Мреж. место | oomuvladimirarsovski.edu.mk/ |
Училиштето е именувано по македонскиот учесник во Шпанската граѓанска војна од Неготино, Владимир Арсовски.
Местоположба
уредиУчилиштето е сместена во бела двокатна градба на влезот во градот.
Историја
уредиУчилиштето било основано на 10 октомври 1979 година, кое подоцна било именувано од страна на Собранието на Општина Неготино по борецот од Шпанската граѓанска војна од Неготино, Владимир Арсовски (1910-1937). Наставата започнала во учебната 1980/81 година, откако се обезбедиле неопходните услови за започнување со работа на училиштето. Отпрвин, наставата била изведувана единствено од Даница Михајловиќ, која била и директор на самото училиште. Бројката на ученици се зголемувала низ годините.
Најпрвин, училиштето било сместено во подрумските простории на ОУ „Гоце Делчев“, во една училница со две пијанина.
Просторните услови биле најгорливиот проблем на училиштето, затоа што неколкупати ја менувало својата положба. По четири години, во 1984 година, се преселило во ОУ „Страшо Пинџур“, па во 1987 година во детската градинка, за во 1990 година училиштето да добие свои простории.
Настава
уредиВо текот на првите три години на работењето се одвива само настава по пијано, а потоа инструменталниот оддел во 1983 година се надополнува со виолина, а во 1990 година со хармоника.
Опременост
уредиВо училиштето има 5 кабинети и една помошна просторија. Состојбата со инструменти во училиштето е следна: 4 пијанина, 1 клавинова, 1 полуконцертно пијано (подарок од ФМУ – Скопје, 1995 г.), 24 виолини и 3 хармоники.
Кадар
уредиНаставниот кадар кој работи во училиштето е следниот: Драги Станков – директор (2006-) и наставник по пијано, Лина Димова – наставник по хармоника и солфеж, Менча Богоевска – наставник по виолина и Влатко Иванов – наставник по пијано.
Галерија
уреди-
Поглед на градбата на училиштето
-
Оградата на училиштето
-
Поглед на градбата на училиштето
Наводи
уреди- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-14.