Псачки манастир

манастир во селото Псача

Псачки манастирсредновековен македонски православен христијански манастир кој се наоѓа во селото Псача во областа Славиште. Сместен е на искачување над селото Псача во шума, од каде се пружа поглед на целото Славишко Поле.

Псачки манастир
Поглед на главната манастирска црква „Св. Никола“
Информации
Целосно имеМанастир „Св. Никола“
Манастир на:МПЦ - ОА
Посветен наСвети Никола
ЕпархијаКумановско-осоговска
Цркви„Св. Никола“
Личности
Место
Местоатар на село Псача, Ранковце, Македонија Македонија
Координати42°09′19″N 22°12′44″E / 42.15528° СГШ; 22.21222° ИГД / 42.15528; 22.21222
Видливи остатоци1 црква, конаци, трпезарија
Отворен за јавностада
Други информации(Четврта кривопаланечка парохија)

Цркви

уреди

Историските податоци се оскудни, но се смета дека е изградена во 1354 година. Црквата, како и нејзиниот ктитор властелинот Влатко со неговиот татко кнезот Пасхач се спомнуваат во една повелба издадена на 25 март 1358 година со која им било одобрено црквата да ја приложат на светогорскиот манастир Хиландар[1]. Врз основа на оваа повелба како зачуваните портрети на фрескоживописот на јужниот ѕид во црквата може да се заклучи дека севастократорот Влатко и неговиот татко кнезот Паскач се ктитори на црквата. Најверојатно, од името на кнезот Пасхач потекнува и името на селото Псача. Над западната влезна врата во црквата некогаш постоел натпис за кој се претпоставува дека бил уништен во 1876 година поради тоа што во него се спомнувале кралевите Урош и Волкашин[2]. Портретите на овие владетели се претставени на северниот ѕид, но натписите што се наоѓале до нив исто така биле уништени[2].

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Балабанов, Коста (2009). Блаже Ристовски (уред.). Македонска енциклопедија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 1333.
  2. 2,0 2,1 „Св. Никола, с. Псача“. Скопје: Македониум. Посетено на 25 ноември 2015.

Надворешни врски

уреди