ЖС „Драчево“

железничка станица во Драчево, Македонија

Железничка станица „Драчево“железничка станица на железничкиот коридор 10 во населбата Драчево, во југоисточниот дел на градот Скопје, во Македонија.

ЖС „Драчево“
Поглед на железничката станица (сликана од воз)
Општи информации
МестоДрачево
Општина Кисела Вода
Македонија Македонија
СопственикМакедонски железници
ЛинииСкопјеГевгелија
Перони2
Колосеци4

Таа е трета по ред железничка станица на пругата Скопје - Велес и меѓународниот железнички коридор 10 Скопје - Гевгелија - Солун. Оваа станица претставува распатница бидејќи на нејзе се надоврзува кракот од скопскиот железнички јазол (обиколница) кој директно ги поврзува пругите Скопје - Гевгелија - Солун и Скопје - Куманово - Белград. Нејзината оддалеченост од главната станица во Скопје изнесува 12,2 километри. На оваа станица најчести патници се жителите на Драчево и работниците во околните фабрики и производствени погони. Станичната зграда е со типична архитектура за железнички објекти од крајот на XIX и почетокот на XX и поседува затворена чекална. На железничката станица Драчево, сообраќаат и застануваат патничките возови кои одат за Велес, Гевгелија, Битола и Кочани.

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди

41°56′23.10″N 21°32′06″E / 41.9397500° СГШ; 21.53500° ИГД / 41.9397500; 21.53500