Основен суд Кратово
Основен суд Кратово — суд со основна надлежност сместен во градот Кратово и го опфаќа подрачјето на општината Кратово.[1]
Судот во Кратово ја извршува судската власт во прв степен во рамките на гореспоменатата општина. Основниот суд во Кратово одлучува за сите дела во прв степен по кривични дела и прекршоци извршени на подрачјето на општината Кратово.
Историја
уредиОсновниот суд во Кратово е основан на 31 март 1945 година со донесувањето на Повелбата на Президиумот на АСНОМ за устројство на редовните судови во Македонија.
Внатрешна организација
уредиОсновниот суд во Кратово располага со три судници. Судот се наоѓа на улицата „Јосиф Даскалов“ бб, сместен во центарот на градот. Зградата на судот се состои од три ката со приземје и подрумски дел.
Судот има ангажирано четири судии за решавање на предметите, од кои еден е претседател на судот и тројца судии.
Галерија
уреди-
Страничен поглед на судот
-
Биста на Павел Шатев пред самата судска зграда
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Закон за судовите“ (PDF). Министерство за правда на Македонија. Службен весник на Република Македонија. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 15 септември 2014.
Надворешни врски
уреди- Основен суд Кратово на Ризницата ?
- Матична страница