Црква „Св. Илија“ - Селце

црква во селото Селце

Црква „Свети Илија“ - Селце — главна селска црква во селото Селце, во Општина Маврово и Ростуше. Се наоѓа на самото сретсело во селото, покрај една од селските чешми, како и до самиот извор на Селечка Река.

Свети Илија

Поглед на главната селска црква „Св. Илија“ во Селце

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Дебарско
Парохија Дебарско-реканска
Местоположба

Карта

Место Селце
Општина Маврово и Ростуше
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Илија
Изградба XIX век
Завршено XIX век
Архитектонски опис

Историја

уреди

Црквата потекнува од XIX век. На црквата имаат работено Дичо Зограф и неговиот син Аврам Дичов.

Дичо целосно го има изработено самиот фрескоживопис со сцените од Стариот завет, кој потекнува од 2 мај 1864 година. Покрај фрескоживописот, Дичо го изработил и целокупниот иконостас, кој бил завршен во 1866 година.[1]

Грабежи

уреди

Црквата била ограбувана неколкупати, како дел од акциите на крадци кои пустошеле низ мијачките села. Била ограбена во текот на октомври 2012 година, заедно со црквите во соседните села Тресонче и Росоки.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Грозданова Коцевски, Викторија (10 октомври 2008). „ИКОНОПИСНОТО ТВОРЕШТВО НА ДИЧО ЗОГРАФ ВО СКОПЈЕ И СКОПСКИОТ РЕГИОН“. ПРЕМИН. Скопје: МПЦ - ОА. Посетено на 29 ноември 2015.
  2. „Ограбени цркви во реканскиот крај“. Нова Македонија. Скопје: Репро Принт. 27 октомври 2012. Посетено на 21 ноември 2015.

Надворешни врски

уреди

41°34′22″N 20°42′45″E / 41.57278° СГШ; 20.71250° ИГД / 41.57278; 20.71250