ОУ „Страшо Пинџур“ - Неготино
Основно училиште „Страшо Пинџур“ (официјално: Основно општинско училиште „Страшо Пинџур“ - Неготино; скратено: ООУ „Страшо Пинџур“) — централно основно училиште во градот Неготино, Општина Неготино.[1]
Страшо Пинџур
| |
---|---|
Влезот на училиштето
| |
Место | |
Општина: | Општина Неготино |
Наречено по: | Страшо Пинџур |
Нас. место: | Неготино |
Адреса: | ул. „Партизанска“, бр. 146 |
Местоположба | |
Основни информации | |
Директор: | Сашо Ѓорѓиев |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Мреж. место | strasopindzur.wordpress.com |
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски народен херој Страшо Пинџур.
Местоположба
уредиУчилиштето се наоѓа близу центарот на градот, сместено веднаш наспроти единствената градска црква, долж течението на Тимјаничка Река.
Историја
уредиИзградбата на училишната зграда започнала во 1933 година и била завршена четири години подоцна, во 1937 година. Средствата за изградбата на училиштето биле обезбедени со доброволни прилози.
Првите ученици во зградата биле примени во учебната година 1937/1938 година. Четири години училиштето работело без никаков назив, за во 1941 година да го добие името „Александар Станоев“, во чест на некогашниот учител, родум од Неготино. По ослободувањето на Македонија, училиштето го добило денешното име, односно било наречено по тиквешкиот револуционер и комунист, Страшо Пинџур.
Во учебната 1946/1947 година, во рамките на истата зграда била отворена гимназија. Една година подоцна двете училишта биле споени во неполна гимназија со заедничко име „Страшо Пинџур“.
Поради порастот на бројот на ученици и паралелки во учебната 1985/1986 година започнала со изградба на нов дел од објектот, во кој се нашле девет училници, кујна и трпезарија.
Во 2002 година била извршена обнова на дел од старата училишна зграда, каде биле сменети вратите, прозорците и пластичниот под на шест училници во износ од 11.000 долари преку донација од страна на Католичката служба за помош.
Во учебната 2002/2003 година, со грант од страна на УСАИД во висина од 61.000 американски долари била целосно обновена старата училишна зграда, како и две училници во новиот дел.
Подрачни училишта
уредиВо рамките на општинското основно училиште „Страшо Пинџур“ се наоѓаат и четири подрачни основни училишта од прво до петто одделение, а чии ученици подоцна наставата ја продолжуваат во средишниот објект на училиштето во градот Неготино. Овие училишта се:
- ПУ „Страшо Пинџур“ - Криволак, подрачно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Страшо Пинџур“ - Пепелиште, подрачно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Страшо Пинџур“ - Војшанци, подрачно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Страшо Пинџур“ - Црвени Брегови, подрачно училиште на македонски наставен јазик.
Организација
уредиВо училиштето работат околу 60 наставници. На ниво на училиштето во просек се школуваат 1.000 ученици, распоредени во четириесетина паралелки. Во состав на училиштето постои и паралелка за деца со посебни потреби, како и дневен престој.
Опременост
уредиУчилиштето поседува дваесет училници, кабинет по техничко образование, информатика, медијатека и библиотека. Воедно, во училиштето постои и кујна која опслужува околу 600 ученици.
Галерија
уреди-
Дворот на училиштето
-
Официјалниот влез во училиштето
-
Споменик за патронот во дворот на училиштето
Наводи
уреди- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-14.