Црква „Св. Константин и Елена“ - Вакуф

црква во селото Вакуф, Македонија

Свети Константин и Елена — главна селска црква во селото Вакуф, во Општина Кратово.[1] Се наоѓа во истуреното маало Горно Стојкарци, составен дел на селото Вакуф, во близина на регионалниот пат од Кратово до Куманово, кој поминува низ самото село.

Свети Константин и Елена

Поглед на главната селска црква „Св. Константин и Елена“ во Вакуф (2022 г.)

македонска православна црква
Епархија Кумановско-осоговска
Архијерејско намесништво Кумановско-кратовско
Парохија Кратовска
Местоположба

Карта

Координати 42°04′06″N 22°02′59″E / 42.06833° СГШ; 22.04972° ИГД / 42.06833; 22.04972
Место Вакуф
Општина Кратово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Св. Константин и Елена
Изградба 2014
Завршено 2014
Осветување 2014
Архитектонски опис

Местоположба

уреди

До црквата води земјен пат кој се исклучува од регионалниот пат.

Историја

уреди

Црквата била осветена на 3 јуни 2014 година, на самиот ден на патрониот празник на црквата и празникот на светите Константин и Елена, од страна на митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф.[2]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 46. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. „Осветување на нов храм на светите Констатин и Елена“. Кумановско-осоговска епархија. 3 јуни 2014. Посетено на 21 јуни 2015.

Надворешни врски

уреди