Основен суд Неготино

основен суд со основна надлежност

Основен суд Неготино — суд со основна надлежност сместен во градот Неготино и го опфаќа подрачјето на општините Неготино и Демир Капија.[1]

Поглед на влезот на основниот суд во градот Неготино

Судот во Неготино ја извршува судската власт во прв степен во рамките на двете гореспоменати општини. Основниот суд во Неготино одлучува за сите дела во прв степен по кривични дела и прекршоци извршени на подрачјето на општините Неготино и Демир Капија.

Историја

уреди

Основниот суд во Неготино е основан на 1 јануари 1977 година.

Внатрешна организација

уреди

Основниот суд во Неготино е поделен на четири одделенија: граѓанско, кривично, приемно и прекршочно. Самиот суд располага со три судници. Судот е сместен во простории на улицата „Маршал Тито“ 84.

Судот има ангажирано седум судии за решавање на предметите, од кои еден е претседател на судот, еден заменик-претседател и пет судии.

Претседатели на судот

уреди

Од неговото основање во 1977 година, претседатели на ОС Неготино биле следниве:

  • Љубомир Бочваров
  • Милутин Перчинков
  • Ратко Петровски
  • Лазар Ризов
  • Ацо Анѓелковски

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Закон за судовите“ (PDF). Министерство за правда на Македонија. Службен весник на Република Македонија. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 15 септември 2014.

Надворешни врски

уреди

41°29′9″N 22°5′24″E / 41.48583° СГШ; 22.09000° ИГД / 41.48583; 22.09000