Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Леуново
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Леуново — православна црква во мавровското село Леуново, западна Македонија. Црквата е сместена на влезот на селото, покрај патот кој го обиколува Мавровското Езеро.
Света Богородица
| |
Поглед на црквата и камбанаријата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Тетовско-гостиварска |
Архијерејско намесништво | Гостиварско |
Парохија | Мавровска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Леуново |
Општина | Маврово и Ростуше |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Голема Богородица |
Изградба | 1840 |
Архитектонски опис |
До црковната зграда во висина од 20 метри е камбанаријата, а самата црква е оградена со ѕид.
Историја
уредиСпоред одредени мислења црквата потекнува од пред XIV век[1], но точниот датум не се знае.
Во црквата постои Леуновско евангелие кое според водените знаци потекнува од 1537 година.
Сепак, за денешната црква се знае дека е изградена во 1840 година. На црквата работеле претставници на дебарскиот резбарски род Филиповци.
Жителите инвестирале многу во иконостасот и олтарот. Фреските и длаборезот се изработени од Леуновчани. Во Леуново уште од XIV век се јавиле првите зографи. Во поново време леуновчани се грижат и вложуваат труд и средства за одржување на храмот[2].
Најголемата прослава на црквата се одржува секоја година на денот на Успението на Богородица, која се слави и како селска слава на Леуново.[3]
Галерија
уреди-
Целосен поглед на црквата од патот
-
Поглед на црквата
-
Камбанаријата на црквата
-
Горниот дел на камбанаријата
-
Стари гробови во рамките на дворот
-
Поглед на камбанаријата
-
Во црквата
-
Поглед на црквата и камбанаријата
-
Влезот на црквата
-
Икона над влезот во црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Црква Света Богородица, Леуново - Маврово“. Тема 1. Архивирано од изворникот на 2010-09-17. Посетено на 12 декември 2010.
- ↑ Чалоски, Томо. „Среде лето да се тресеш од студ!“. Вечер. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 12 декември 2010.
- ↑ Костовска, Ана (28 август 2007). „Со вечерна Богослужба и црковно-народен собир мештаните од Леуново синоќа ги започнаа патроните чествувања во храмот подигнат во чест на Пресвета Богородица“. Кисс Тв. Посетено на 2010-12-12.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Леуново на Ризницата ?