Тимјаничка Река

река во Македонија

Тимјаничка Река или Неготинска Река[2]река која поминува низ градот Неготино, во средишниот дел на Македонија. Реката во текот на нејзиното течение низ градот Неготино е во целост уредена со посебен бетонски кеј, со што градот е заштитен од поплава, бидејќи самата река е спуштена под нивото на самиот град, а бетонските прегради се високи и до два метри. Реката во Неготино поминува низ самиот негов центар, покрај единствената градска црква, градскиот плоштад и главниот булевар.

Тимјаничка Река
Неготинска Река
Течението на реката низ градот Неготино
Местоположба
Физички особености
Устие 
 • место
Вардар кај Неготино
 • координати
41°29′58″N 22°6′16″E / 41.49944° СГШ; 22.10444° ИГД / 41.49944; 22.10444
Должина17,8 км[1]
Особености на сливот
ТечениеВардарЕгејско Море
Речен сливВардар

Изворот на реката се наоѓа во близина на селото Тимјаник, соседно село на градот Неготино, по кое и самата река е првично наречена.

Уреденост

уреди

Реката има уредено бетонско корито кога влегува во градот Неготино, а во самиот дел на градот во одредени делови, како кај градскиот плоштад, реката е спуштена и покриена со бетон и одозгора.

Испуштање на фекалните и отпадните води од целиот град се врши во Неготинска Река без никакво прочистување.[3]

Воедно, голем проблем за самата река и нејзиниот тек низ градот е неколкудневниот септемвриски панаѓур, кој се одржува традиционално во Неготино, а по кој најчесто коритото на реката е преполно со ѓубре и смет од најразличен вид.[4]

Поплава

уреди

Реката во 1995 година предизвикала поројна поплава. Поплавата во краткиот период оставила огромни материјални штети, но поминала без човечки жртви. Покрај реката има широк појас без куќи, па така водата која течела надвор од коритото на реката имала слободен простор на движење.[5]

Поплавата во центарот на Неготино се случила по излевање на реката од градското корито, по олујното невреме во кое за кратко време наврнале 175 мм врнежи.[1]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристиќ, Ратко; Борис Радиќ, Невена Васиљевиќ (2009). „Карактеристике великих вода на бујичним сливовима у Србији“ (PDF). Гласник на Српско географско друштво (српски). Српско географско друштво. стр. 169. Посетено на 4 јуни 2015.
  2. Се сретнува многу често и под името Неготинска, најверојатно поради тоа што главниот тек на реката е низ градот Неготино
  3. „Водовод и канализација“. Град Неготино. Град Неготино. Архивирано од изворникот на 2016-03-07. Посетено на 4 јуни 2015.
  4. К., В. (28 септември 2010). „Неготино испомочано“. Вест. Скопје: МПМ Македонија. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 4 јуни 2015.
  5. Блинков, Иван (2008). „Брошура за проектот „Римадима" (PDF). Проект „Римадима“. стр. 6. Посетено на 4 јуни 2015.

Надворешни врски

уреди