Отошничко Езеро
езеро во Македонија
Отошничко Езеро — вештачко езеро во близина на селото Отошница. До езерото води асфалтен пат од самото село Отошница. Изградбата на езерото била со првична намера за наводнување на земјоделските посеви долж долината на Отошничка Река во целокупната Општина Ранковце. Во поново време, езерото се користи за риболов и рекреативни цели, особено во текот на летниот период.
Отошничко Езеро | |
---|---|
Поглед на Отошничкото Езеро | |
Координати | |
Вид | вештачко |
Главни приливи | Отошничка Река |
Главни истеци | Отошничка Река |
Сливни земји | Македонија |
Брана
уредиБраната на Отошничко езеро е земјена. Состојбата на браната Отошница била прогласена за критична и воедно било препорачано ургентно да биде санирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.[1]
Галерија
уреди-
Истечниот канал од езерото
-
Земјената брана на езерото
-
Околината околу езерото
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ А., Е. (18 септември 2015). „Шест македонски брани опасни за околината“. Вест. Скопје: МПМ Македонија. Архивирано од изворникот на 2016-08-18. Посетено на 24 јануари 2016.
Надворешни врски
уреди- Отошничко Езеро на Ризницата ?