Росочка Река
Росочка Река — река која потекнува од селото Росоки, по кое и го добила своето име. Реката се наоѓа во малореканскиот крај, западна Македонија. Се влива во Тресонечка Река, која подоцна заедно со Гарска Река, ја создаваат Мала Река, збирно име за сите реки од подрачјето на планините Бистра и Стогово, која подоцна се влива во реката Радика (Голема Река).
Росочка Река | |
---|---|
![]() Реката во селото Росоки | |
Земја | ![]() |
Слив | |
Устие | Тресонечка Река |
Течение | Тресонечка Река → Мала Река → Радика → Црн Дрим → Јадранско Море |
Сливна повр. | 7,38[1] |
Физички особености | |
Должина | 5 единица? |
Проток |
|
ИзворУреди
Реката извира непосредно над селото Росоки, од карстен извор. До самиот извор постои патека која води од селото.
Воден потенцијалУреди
Реката отсекогаш изобилува со воден потенцијал, кој бил искористуван на различни начини, тргнувајќи од големиот број на воденици и валавница на самата река изградени во селото Росоки. Како резултат на големиот месечен проток на вода од Росочка Река — 1,603 м3с[2] — дел од реката се зафаќа за градскиот водовод на Дебар. Капацитетот на цевководот е со 200 л/ч, кој поминува на некои места над Росочка Река. Покрај Дебар, од овој цевковод како вода за пиење ја користат и селата Долно Косоврасти и Могорче.[1]
Покрај тоа, реката е планирано да биде дел од идниот хидросистем „Бошков мост“, кој се предвидува да биде изграден во овој крај, за што била изработена и соодветна студија од страна на Електрани на Македонија.[2]
ГалеријаУреди
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 Геинг КуК (јули 2011). „Студија за оцена на влијанието врз животната средина и социјални аспекти“ (PDF). Електрани на Македонија. Скопје. Посетено на 22 ноември 2015. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ 2,0 2,1 2,2 „ХЕ „Бошков Мост"“ (PDF). Електрани на Македонија. Посетено на 16 ноември 2015.
Надворешни врскиУреди
- Росочка Река на Ризницата ?
- Географски податоци за Росочка Река на OpenStreetMap
Координати: 41°34′09″N 20°41′35″E / 41.56917° N; 20.69306° E