Гарска Река
Гарска Река — река која потекнува од селото Гари, по кое и го добила своето име. Реката се наоѓа во малореканскиот крај, западна Македонија. Реката заедно со Тресонечка Река ја создава Мала Река, збирно име за сите реки од подрачјето на планините Бистра и Стогово, која подоцна се влева во реката Радика (Голема Река).
Гарска Река | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Мала Река |
Должина | 13,2 км[1] |
Особености на сливот | |
Течение | Мала Река → Радика → Црн Дрим → Јадранско Море |
Притоки
уредиГлавни притоки на Гарска Река се реките Валовница, Лазарополска и Ѕвончица, кои ги собираат водите на планината Стогово.[2]
Природен резерват
уредиРеката била прогласена за ботанички резерват со решение број 03-167-2/60 издадено од Националниот институт за заштита на спомениците на културата. Со ова решение биле прогласени насадите на див костен долж течението на Гарска Река за ботанички резерват.[3]
Воден потенцијал
уредиРеката отсекогаш изобилува со воден потенцијал, кој бил искористуван на различни начини, тргнувајќи од големиот број на воденици и валавница на самата река изградени во селото Гари. Во поново време била изградена и хидроцентрала, која била замислена како проточна, но сепак, никогаш не била ставена во функција.
Галерија
уреди-
Проект за изградба на мост на Гарска Река од 1938 година.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Геинг КуК (јули 2011). „Студија за оцена на влијанието врз животната средина и социјални аспекти“ (PDF). Електрани на Македонија. Скопје. Посетено на 22 ноември 2015. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ 2,0 2,1 „ХЕ „Бошков Мост"“ (PDF). Електрани на Македонија. Посетено на 16 ноември 2015.
- ↑ „Список на Прирпдни заштитени зпни и преглед на ппстпјаните акти сп кпи се уредуваат заштитените пбласти и предмети“ (PDF). Цепросард. Посетено на 16 ноември 2015.
Надворешни врски
уреди- Гарска Река на Ризницата ?