Црква „Св. Илија“ - Витолиште
Црква „Св. Илија“ - Витолиште — манастирска црква на Витолишкиот манастир изградена во 1872 година во атарот на некогашното село Мелница, а денес во рамките на селото Витолиште. Се одликува со исклучително богат фрескоживопис создаден од познатиот зограф, Аврам Дичов, син на Дичо Зограф.
Црква „Св. Илија“
| |
Поглед на манастирската црква Свети Илија | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Прилепечко-витолишка |
Местоположба | |
---|---|
Место | Витолиште |
Општина | Прилеп |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Илија |
Изградба | 1870 |
Завршено | 1872 |
Осветување | 1872 |
Живопис | 1881 година |
Ктитор | Стале Чешелков |
Зограф | Аврам Дичов |
Архитектонски опис |
Историја
уредиТемелите на црквата биле поставени во 1870 година на иницијатива на Стале Чешелков од селото Полчиште, која била планирана да биде главна манастирска црква на тогашниот Мелнички манастир (денес наречен и Витолишки манастир), која била помогната од целото мариовско население.
Изградбата завршила по неполни две години од нејзиниот почеток и веднаш биле повикани мијачките зографи од селото Тресонче предводени од Аврам Дичов, син на познатиот зограф Дичо Зограф.
Како ктитор на манастирската црква, а подоцна прогласен и за доживотен игумен на самата црква, се јавува Стале Чешелков, кој бил главниот иницијатор за изградба на манастирската црква и самиот манастир во целост. На барање на месното население бил насликан на ѕидовите од манастирската црква.
Во рамките на манастирската црква постои натпис од 1872 година каде пишува дека со помошта на православните христијани од околните села бил изграден манастирот и главната манастирска црква од мајсторот Пере Лауца.
Живопис
уредиЦрквата „Св. Илија“ го добила својот живопис во 1881 година, скоро една декада по завршување на нејзината изградба. Целата внатрешност на црквата била зографисана од рацете на мајсторот Аврам Дичов. Во црквата воедно се наоѓаат и голем број икони од XIX век, работени од истиот зограф-иконописец што работел во црквите на мариовските села.
Во последните години се забележуваат траги на отпаѓања на самиот малтер на ѕидовите на црквата, како и уништување на вредниот живопис. Самиот манастир и главната манастирска црква е напуштен и е само повремено посетуван. Фреските на западниот дел од сводот се отпаднати, а слична е состојбата и со фреските во олтарниот простор и на северната страна на тамбурот на куполата.[1]
Галерија
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Мицевска, Каролина. „Распукува фрескописот во „Св. Илија" во Мариово“. Нова Македонија. Скопје. Посетено на 21 август 2015.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Илија“ - Витолиште на Ризницата ?
- Црква Св. Илија - Витолиште — Прилепечко-витолишка парохија
- Текст за манастирот и црквата Архивирано на 7 септември 2016 г.