Црква „Св. Атанасиј“ - Витолиште
Црква „Св. Атанасиј“ - Витолиште — православна црква во мариовското село Витолиште. Претставува главна селска црква во селото и се наоѓа на самото сретсело.
Свети Атанасиј
| |
Поглед на главната селска црква во Витолиште | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Прилепечко-витолишка |
Местоположба | |
---|---|
Место | Витолиште |
Општина | Прилеп |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Атанасиј |
Архитектонски опис |
Како селска слава на селото е земен светецот Свети Атанасиј по кој е именувана и самата црква.
Обичаи во црквата
уреди- Водици
Специфичен настан поврзан со црквата е прославата на православниот празник Водици. Имено на тој ден селаните се собираат сретсело каде што се наоѓа црквата. Секој зема по една икона и сите заедно вртат три круга во дворот на црквата, кажувајќи молитви. Потоа сите заедно одат кај реката Краваштина каде што се фрла крстот. Отакако најсреќниот ќе го фати крстот, тој шета низ селото и луѓето го даруваат со мед, сирење, ракија и со слатки. Во водата каде што бил фрлен крстот се мијат иконите и се враќаат назад во црквата. Истиот ден се избира новиот кум за в година, а потоа се одбираат 10 луѓе наречени Шкуртари. Кај секој од нив се оди дома, сè додека не се стигне до последниот каде што се служи вечера[1].
- Венчавка
За време на некоја венчавка, невестата на денот на самиот ден била носена во црква од страна на жените. Откако ќе кажела неколку молитви, таа, според обичајот, морала да оди на влезот од селото каде што има кладенец пред кој невестите гувееле. Затоа и кладенецот се нерекувал гувелник. Тоа го правеле за да бидат послушни пред да влезат во домот на свекорот и свекрвата.[2]
Галерија
уреди-
Страничен поглед кон црквата
-
Куполата на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „с. Витолиште, Мариовска Клисура“. Крале Марко. Посетено на 2011-01-12.
- ↑ „Последна свадба во Мариово“. 12 ноември 2009. Посетено на 2011-01-12.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Атанасиј“ - Витолиште на Ризницата ?