Црква „Св. Никола“ - Манастир
Црква „Св. Никола“ - Манастир — средновековна македонска православна црква, сместена во Мариовскиот манастир, во селото Манастир, во областа Мариово. Се одликува со исклучителна архитектонска градба и прекрасен богат фрескоживопис, една од ретките во Македонија.
Свети Никола
| |
Поглед на манастирската црква Свети Никола | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Прилепечко-витолишка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°9′54″N 21°43′34″E / 41.16500° СГШ; 21.72611° ИГД |
Место | Манастир |
Општина | Прилеп |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Изградба | 1095 и 1266 година (XI и XIII век) |
Живопис | 1271 година |
Ктитор | протостратор Алексеј, игумен Акакиј |
Зограф | ѓакон Јован |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Стил | ран средновековен византиски |
Во црквата се насликани значајни претстави на житието на св. Никола, големите празници посветени на Исус и на Богородица, на пророците и на други светители. Црквата е живописана во 1271 година и е еден од најзначајните споменици на културата од византискиот период, кој содржи извонредни фрески, какви што се „Св. Богородица со ангелите“ и „Св. Никола“. Овој тип на сликарство е застапен само во црквата во Курбиново и во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид.
Историја
уредиПосебна одлика на манастирската црква е што таа претставува трикорабна базилика која е посветена на три светии: централниот кораб е посветен на Света Богородица, северниот на Свети Архангел Михаил, а јужниот на Свети Никола[1].Според архитектонскиот тип на манастирската црква се забележуваат две фази на градба. Црква започнала со градба во 1095 година, а нејзината сегашна градба потекнува од 1266 година кога ја обновил игуменот Акакиј кој пред замонашувањето се викал Јоаникиј[2]. Самиот нејзин фрескоживопис бил изведен пет години подоцна. Постарата црква, од која се забележуваат делови во внатрешноста, е била подигната во 1095 година, а поновата односно сегашната градба била изградена во 1266 година, додека живописана била во 1271 година.[3]. Темелите на постарата црква се верува дека биле поставени од страна на протостаторот Алексеј, роднина на византискиот цар Алексеј I Комнин.[4]. Ова се потврдува според натписот во централниот кораб е наведено дека црквата е подигната во 1095 година од страна на протостраторот Алексиј кој бил роднина - стрико, вујко или тетин на византискиот цар Алексиј Комнин[5]. Од подоцнежни истражувања се знае дека црквата била возобновена во 1271 година, од кога датира и целиот живопис со натписите[5]. За изградбата во 1095 година е запишано во натпис на јужниот и северниот ѕид на централниот кораб[1]. Според еден натпис на грчки јазик од 1560 година, живописот во црквата потекнува од 1271 година[1]. Понатамошната историја на манастирот може да се следи само по некои делумно сочувани фрески на фасадата со еден натпис и три словенски записи испшани со остар предмет на фреските[5]. Живописот на јужната и западната фасада се од XVI век односно од 1506 година, а записите на словенски со остар предмет потекнуваат од 1592 година[5]. Ова укажува дека во манастирот подолго време имало калуѓери кои го познавале словенското писмо, односно биле Македонци или Словени[5]. Ваквите факти пак укажуваат дека манастирот постоел и во него имало монашки живот и во отоманско време и тоа не само од XVI век па натаму, туку и пред XVI век, бидејќи според народното предание Турците кон Мариово покажувале особено внимание[5]. Други документи за подоцнежниот период со исклучок на XIX век, не се сочувани. Иконите коишто се наоѓаат денес во црквата се од 19 век, што укажува на обемноста на реставраторските зафати од ова време[5].
Градба
уредиАрхитектонскиот тип на манастирската црква претставува трикорабна базилика,[3] налик на катедрална црква, каква што е Света Софија во Охрид. Според стилот таа припаѓа на раниот средновековен византиски вид, од кој вклучително со оваа црква има само 4 на подрачјето на Македонија. Јасен доказ за староста на црквата се пронајдените фрески во внатрешноста кои датираат и од XIII век, како и застапеноста на натписи на глаголица и самиот архитектонски изглед на манастирската црква. Живописот потекнува од 1271 година е дело на зографот Јован којшто работел и во манастирот Св. Архангел Михаил во Варош[1]. Тој содржи и ретки фрески на кои се претставени личности од стариот и новиот завет, меѓу кои и испосникот пустиник старец Онуфриј. Пред влезот, како и внатре во црквата, има мермерни сполии од римското време, а на просторот околу неа има и средновековна некропола.[3] Во текот на конзерваторските работи на црквата се преземении археолошки ископувања во северниот дел на манастирскиот двор каде што се откриени 12 гроба со конструкции од камени плочи или делумно оградени со камен.[3].
Во 2013 година започнале археолошки истажување околу јужниот, западниот и северниот дел на црквата, со што се очекувало да се заокружат сознанијата на научниците за објектот.[4] При овие активности била извршена и конструктивна консолидација на темелите на црквата, при што биле откриени и темели на еднокорабна црква од XI век. Претходните истражувања биле спроведувани во текот на минатиот век во 1990-тите години.
Живопис
уредиФрескоживописот во внатрешноста на црквата датира од XIII век и е во релативно добра состојба[2]. Во првата зона се претставени светители во цел раст, меѓу кои се издвојуваат: Св. Димитрија, Св. Ѓорѓи, Св. Теодор Тирон и Теодор Стратилат[2]. Во втората зона се насликани допојасни фигури на светители, а во третатасцени од животот на Исус Христос[2]. Во јужниот кораб се илустрирани сцени од животот на Свети Никола, а во северниот ктиторската композиција на која е претставен јеромонахот Акакиј, кој во раце држи макета на црквата[2]. Анализата на фрескоживописот во црквата покажува дека работеле повеќе зографи[2]. Меѓу нив се истакнува името на рефендарот ѓакон Јован, за кого се смета дека е една иста личност со зографот рефендар ѓакон Јован, творецот на иконата посветена на Свети Ѓорѓи од истоимената црква во Струга која датира од 1266/67 година[2].
Конзервација
уредиВо текот на 2015 година започнала да се изведува конзервација и реставрација на фрескоживописот во црквата во рамките на првата фаза од проектот за конзервација на црквата, предвиден со проектната програма на Прилепскиот завод и музеј, финансиран од Министерството за култура. Во оваа прва фаза биле вклучени петмина конзерватори од Прилепскиот и Битолскиот завод и музеј, како и членови на Националниот конзерваторски центар, при што се вршеле и механички санирања на површините на фрескоживописот.[6]
Во рамките на истиот проект се планираат и изведба на две други фази: чистење на солите и чистење на исчаденоста. Како завршна фаза се планира ретуш, што ќе се остварува во следните две години, со што фрескоживописот ќе го добие автентичниот изглед.[6]
Галерија
уреди- Фрескоживопис во внатрешноста
-
Фрескоживописот во внатрешноста
-
Внатрешноста на црквата
-
Фрескоживопис на јужниот ѕид
-
Фрескоживопис на северниот ѕид
-
Икона на Св. Мојсеј Мурин
- Надворешност
-
Поглед на манастирската црква
-
Стара фотографија на манастирската црква
-
Слика на манастирската црква од 1954 година
-
Слика на манастирската црква од југоисток, 1954 година
-
Слика од апсидите на манастирската црква, 1954 година
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Македонија - цркви и манастири. Географска карта. „Тримакс“ - МПЦ-ОА
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Балабанов, Коста (2009). Блаже Ристовски (уред.). Македонска енциклопедија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 1332-1333.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. Том II, стр. 303 ISBN 978-9989-101-06-9
- ↑ 4,0 4,1 М., Ка. „Ќе се доистражува манастирот „Св. Никола" во Мариово“. Нова Македонија. Скопје. Посетено на 28 август 2015.[мртва врска]
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 Коцо, Димче; Миљковиќ - Пепек, Петар (1958). Манастир. Скопје: Филозофски факултет. стр. 19–29.
- ↑ 6,0 6,1 Мицевска, Каролина (21 декември 2015). „Се заштитува живописот во мариовската црква „Св. Никола"“. Нова Македонија. Скопје: Репро Принт. Посетено на 22 декември 2015.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Манастир на Ризницата ?
- Текст за манастирот и црквата Архивирано на 4 март 2016 г.
- Видео за манастирот