Црква „Св. Петар и Павле“ - Тресонче
Црква „Св. Петар и Павле“ - Тресонче — најстара и главна селска црква во дебарското село Тресонче. Се наоѓа сретсело, па претставува главен православен храм во селото. Црквата претставува пример на типична селска црква која со својата големина ги задоволувала потребите на верниците.
Свети Петар и Павле
| |
Поглед на црквата „Св. Петар и Павле“ во Тресонче | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Дебарско |
Парохија | Дебарско-реканска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°33′40″N 20°43′18″E / 41.56111° СГШ; 20.72167° ИГД |
Место | Тресонче |
Општина | Маврово и Ростуше |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Апостол Петар и Апостол Павле |
Изградба | 1844 |
Живопис | 1845, 1846 и 1851 година |
Ктитор | Сарџо Брадиноски |
Зограф | Дичо Зограф и Аврам Дичов |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна бескуполна базилика |
Историја
уредиСоѕидана е во 1844 година по една голема пауза при градењето (најверојатно од околу десетина години), односно додека ктиторот Сарџо Брадиноски бил на заточение во Призрен. Храмот е добро сочуван и повремено служи и за вршење литургии (на Петровден). По содржина црквата претставува најосновен облик на христијанска трикорабна бескуполна базилика.
Грабежи
уредиВо април 2012 година во црквата е извршена кражба при што биле украни два сребрени крста, позлатено Евангелие и околу седум илјади денари.[1][2]
Во февруари 2013 година се случил најголемиот грабеж на црквата, кога биле одземени пет големи и 27 мали икони, дела на тресонечките зографи, оставајќи ја црквата без своето највредно богатство.[3]
Галерија
уреди-
Поглед на црквата и камбанаријата
-
Поглед на црквата од влезот
-
Поглед на црквата од блиската црква „Св. Никола“
-
Гробови во дворот на црквата
-
Поглед на црквата со камбанаријата (странично)
-
Чешма во дворот на црквата
-
Табла при влезот на црквата
-
Икона пред влезот на црквата
-
Табла на благодарност поставена на црквата
-
Икона со чума во внатрешноста на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Украдени сребрени крстови и пари од црквата во село Тресонче“. МТВ. 12 април 2012. Архивирано од изворникот на 2012-04-21. Посетено на 13 април 2012.
- ↑ „Украдени сребрени крстови од црквата во Тресонче“. Нова Македонија. 12 април 2012. Посетено на 13 април 2012.
- ↑ „Во Тресонче украдени 32 вредни икони“. mkd.mk. 27 февруари 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 5 декември 2015.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Петар и Павле“ - Тресонче на Ризницата ?