ЖС „Кукуричани“

железничка станица во месноста Кукуричани, Општина Неготино

Железничка станица „Кукуричани“железничка станица во ,месноста на некогашното село Кукуричани, Општина Неготино, на железничкиот коридор 10 во јужниот дел на земјата.

ЖС „Кукуричани“
Поглед на железничката станица (сликана од воз)
Општи информации
МестоКукуричани
Општина Неготино
Македонија Македонија
Надморска височина135
СопственикМакедонски железници
ЛинииВелесГевгелија
Колосеци3

ЖС Кукуричани е железничка станица и железничка крстосница на меѓународната железничка пруга Скопје - Гевгелија - Солун. Со изградбата на железничката пруга Скопје - Солун во 1873 година, во месноста Кукуричани е изградена железничка станица. Железничката станица Кукуричани, која се наоѓа веднаш на десниот брег на реката Вардар, помеѓу железничките станици Градско и Криволак, односно помеѓу железничките стојалишта Стоби и Црвени Брегови е во функција сè до денес и е најчесто одредиште на риболовците од цела Македонија. Од главната станица Скопје е оддалечена 89,1 километри.

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди

41°32′54″N 22°02′22″E / 41.54833° СГШ; 22.03944° ИГД / 41.54833; 22.03944