ЖС „Чашка“

железничка станица

Железничка станица „Чашка“ — железничка станица во селото Чашка, Македонија. Зградата на железничката станица е изградена од цврст материјал на еден кат. Железничката станица се наоѓа надвор од селото, издигната на рид, покрај патот кој води до самото село. Низ железничката станица поминуваат регионалните домашни возови на линијата Скопје - Битола.

ЖС „Чашка“
Железничка станица Чашка.jpg
Поглед на железничката станица (сликана од воз)
Општи информации
МестоЧашка
Општина Чашка
Македонија Македонија
СопственикМакедонски железници
ЛинииСкопјеБитола
Колосеци3
Услуги
Претходна станица Македонски железници Инфраструктура-Лого.svg Македонски железници Следна станица
Стари Град Коридор 10 Тополка
кон Велес
Локација
ЖС „Чашка“ is located in Македонија
ЖС „Чашка“
ЖС „Чашка“
Локација во Македонија

Во железничката станица повеќе не работи самата билетарница и дел од самата градба се користи како станбен простор, но сепак во станицата работи отправник, кој ги контролира возовите кои поминуваат низ самата станица.

Железничката станица „Чашка“ е оддалечена 65,2 километри од главната железничка станица во Скопје.

ОбноваУреди

Во текот на 2015 година била најавена обнова на железничката станица во Чашка, како дел од поголемиот проект за обнова на железничките станици долж коридорите 10 и 10д.[1]

НаводиУреди

  1. Блажевска, Светлана (2 ноември 2014). „Градени во турско, сега ќе добијат европски лик“. Вечер. Скопје: Вечер Прес. Архивирано од изворникот на 2014-11-04. Посетено на 22 август 2015.

Надворешни врскиУреди

Координати: 41°38′50.25″N 21°41′36.80″E / 41.6472917° СГШ; 21.6935556° ИГД / 41.6472917; 21.6935556