Неготински манастир
Манастир „Св. Ѓорѓи“ — манастир кај Неготино, изграден во 1860 година на месноста Црквиште. Се наоѓа на десниот брег на реката Вардар, каде што брегот во блага нагорнина се издигнува околу 100 метри над нивото на реката, а на највисокиот дел е изграден манастирот кој со својата околина, и особено широк поглед, се шири на североисток каде се протега коритото на реката Вардар и Пепелишкото Поле, па сè до сртот на планината Серта.
Свети Ѓорѓи
| |
Поглед на манастирот | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Кавадаречко |
Парохија | Неготинска |
Местоположба | |
---|---|
Општина | Неготино |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Ѓорѓи |
Изградба | 1860-1866 |
Градител | Андон Китанов |
Архитектонски опис |
Историја
уредиНа ова место во средниот век постоел манастир, уништен од Османлиите во XIV век. Новата црква е изградена со прилози од граѓаните на Неготино меѓу 1860 и 1866 г. — дело на познатиот градител Андон Китанов.[1][2]
Конаците на манастирот биле изградени нешто подоцна од изградбата на црквата „Св. Ѓорѓи“ која е во склоп на манастирот, или поточно биле изградени при градбата на железничката пруга Скопје - Солун, а нив ги изградил инженер по народност Полјак. Тој го подигнал конакот и првобитната цел и намена на конаците била за сместување на работниците кои работеле на пругата. Во август 1873 год. пругата е пуштена во сообраќај, а тоа било воедно кога конаците ја завршиле својаата првобитна функција и намена, и истите биле подарени на црквата „Св. Ѓорѓи“.
Старите конаци кои биле изградени од слаб градежен материјал — дрво, плет, тули и кал, се целосно обновени, кога во 1978-1980 г. на местото на старите конаци биле изградени нови, од тврд материјал, тежнеејќи да се запази старата архитектура.[3][4] Конаците имаат приземје и спрат, и располагаат со голем број на простории. Источната страна на конаците, која претставува и лице на објектот е свртен кон црквата и се наоѓа на едно повисоко издигнато плато. Таа страна е целосно поврзана со чардаци и издадени балкони изработени во армиран бетон, од кој се шири поглед кон реката Вардар. Исто така, и конаците од јужната страна се реновирани од тврд материјал и претставуваат една целина сите заедно.
За време на Втората светска војна, во манастирот имало заробено 20 партизани кои извесна баба Митра која живеела таму ги ослободила. Кога Германците виделе дека партизаните се ослободени, го запалиле манастирот а бабата жива изгорела во него.[5] Во нјзина чест во манастирскиот двор е поставена спомен-плоча, а народниот пејач нејзе ѝ ја посвети Песната за бабата Митра.
Прослави на верски празници
уредиВо манастирот се одржуваат големи општонародни собири за прослава на верските празници Ѓурѓовден на 06.05. и Рождество на Пресвета Богородица, меѓу народот познат како Мала Богородица на 19.09[6]. За време на одржувањето на прославата на овие празници, спиењето во манастирските конаци е бесплатно[7].
Галерија
уреди-
Патоказ за манастирот „Св. Ѓорѓи“ на влезот во Неготино
-
Поглед на манастирот
-
Манастирската црква
-
Страничен поглед на црквата
-
Задната страна на манастирската црква
-
Камбанаријата на манастирот „Св. Ѓорѓи“
-
Влезот во манастирската црква
-
Манастирските конаци
-
Манастирските конаци
-
Плоча над влезот во црквата
-
Спомен-плоча од НОБ во манастирскиот двор
-
Паркингот пред манастирските конаци
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Димитров, Божидар (2000). Български старини в Македония. София: Анико. стр. 121.
- ↑ Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 206.
- ↑ „Манастир Св. Ѓорѓи - Неготино“. Повардарска епархија. 20 октомври 2008. Посетено на 14 февруари 2014.
- ↑ „Манастир „Св.Ѓорѓија" - Неготино“. Македонска нација. 7 септември 2011.
- ↑ „Свети Ѓорѓи, Неготино“, „Македонска нација“, 17 август 2011.
- ↑ Според кажување редовна посетителка на манастирот од Кавадарци. Забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски и Никола Цибрев на 10.04.2015
- ↑ Според кажување на редовна посетителка на манастирот од Кавадарци. Забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски и Никола Цибрев на 10.04.2015
Надворешни врски
уреди- Неготински манастир на Ризницата ?
- Манастир Св. Ѓорѓи - Неготино — Повардарска епархија