Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Росоки
Воведение на Пресвета Богородица — главна селска црква во селото Росоки, Општина Маврово и Ростуше. Се наоѓа на самото сретсело, покрај една од селските чешми.
Воведение на Пресвета Богородица
| |
Поглед на главната селска црква „Воведение на Пресвета Богородица“ во Росоки | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Дебарско |
Парохија | Дебарско-реканска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Росоки |
Општина | Маврово и Ростуше |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Пречиста |
Изградба | 1835 |
Завршено | 1835 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата потекнува од XVIII век и се одликува со извонреден живопис и икони од еден од најголемите мајстори во своето време Дичо Зограф, кој работел во црквата како едни од првите позначајни самостојни остварувања.
Во храмот од негова страна се изработени престолните икони на иконостасот. Дичо ги изработил иконите Исус Христос Цар и Велики архијереј, Св. Јован Претеча, потпишани и датирани во 1844 година и Богородица Одигитрија, потпишана и датирана во 1845 година.[1]
Во 1850 година, Дичо е повторно во Росоки каде ги изработува празничните икони за иконостасот и го работи живописот во црквата во лунетата над влезната врата. За овој негов ангажман сведочи ктиторскиот натпис, испишан над влезот во храмот, над јужниот надвратник. Овде Дичо остварува низа нарачки сè до 1854 година, меѓу кои се издвојува иконата Богородица со Исус и седумте допојасни претстави на светители, во долниот дел, од 1851 година, и Св. Харалампиј, од вратата на ѓаконикот, која ја потпишал и датирал во март 1852 година.[1]
Грабеж
уредиЦрквата била ограбувана неколкупати, како дел од акциите на крадци кои пустошеле низ мијачките села. Била ограбена во текот на октомври 2012 година, заедно со црквите во соседните села Тресонче и Селце.[2]
Галерија
уреди-
Предниот дел од црквата
-
Поглед на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Алексиев, Емил (18 октомври 2008). „ДИЧО ЗОГРАФ - еден од најистакнатите македонски зографи“. Премин Портал. Скопје: НИП Ѓурѓа. Посетено на 21 ноември 2015.
- ↑ „Ограбени цркви во реканскиот крај“. Нова Македонија. Скопје: Репро Принт. 27 октомври 2012. Посетено на 21 ноември 2015.
Надворешни врски
уреди- Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Росоки на Ризницата ?