ЖС „Стоби“

железничка станица

Железничка станица „Стоби“железничка станица на железничкиот коридор 10, близу археолошкото наоѓалиште Стоби, во јужниот дел на Македонија.

ЖС „Стоби“
Поглед на стар објект на железничката станица (сликан од воз)
Општи информации
МестоСтоби
Општина Градско
Македонија Македонија
СопственикМакедонски железници
ЛинииВелесГевгелија
Перони1

Железничката станица поседува само еден перон.

Претставува четврта железничка станица од Велес, од кој е оддалечена 31,9 километри, додека од главната железничка станица во Скопје е оддалечена 82,8 километри. Низ станицата редовно поминуваат домашните возови на линијата Скопје - Гевгелија, како и меѓународните возови на линиите Скопје - Солун и Белград - Солун.

Конзервација

уреди

Во текот на 2015 година, било најавено дека објектот на старата железничка станица „Стоби“ ќе стане музејски простор, односно да стане Центар за посетители, со што би се подобрила туристичката понуда на самото наоѓалиште. Сличен ваков проект веќе постоел уште пред десет години, но сепак ништо не се направило.[1]

Железничката станица ќе стане музеј во кој ќе биде сместен лапидариум и дел од пронајдените експонати. Предвидено е проектот да има две фази, а најпрвин ќе се започне со санација на зградата, замена на покривната конструкција и на фасадата. На долниот кат е предвидено да бидат поставени витрини за експонатите, додека на горниот кат е предвидена мала конференциска сала, место за образување и прикажување филмови. Во задниот дел на зградата, свртен кон самото наоѓалиште е планиран отворен простор со трем каде ќе биде сместен лапидариум со камени споменици, скулптури и натписи. Проектот ќе се одвива под водство на Националната установа „Стоби“.[2]

Во средишниот дел на просторот е предвидена кафетерија, свртена кон месноста. Проектот е одобрен и за 2015 година е финансиран со 1,8 милиони денари за реализација на првата фаза, а негово целосно завршување се очекува во 2016 година.[2]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. "Скапана" железничка станица - музеј на Стоби“. Вечер. Скопје: Вечер Прес. 4 август 2005. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 22 август 2015.
  2. 2,0 2,1 „Старата железничка станица во Стоби ќе биде музејски простор“. Утрински весник. Скопје: МПМ Македонија. 17 март 2015. Посетено на 22 август 2015.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди

41°33′17″N 21°58′42″E / 41.55472° СГШ; 21.97833° ИГД / 41.55472; 21.97833