Црква „Св. Никола“ - Беличица
Свети Никола“ — главна селска црква во мавровското село Беличица.[1]
Свети Никола
| |
Поглед на црквата „Св. Никола“ во селото Беличица | |
македонска православна црква | |
Епархија | Тетовско-гостиварска |
Архијерејско намесништво | Гостиварско |
Парохија | Мавровска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Беличица |
Општина | Маврово и Ростуше |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Изградба | 1885 |
Завршено | 1885 |
Архитектонски опис |
Црквата се наоѓа во долниот дел на селото, под првите куќи на Долно Маало, скоро непрегледна од остатокот на селото и скриена во шумскиот дел. Околу целата црква и нејзиниот двор се протега бедем. Се одликува со особено богат фрескоживопис и бројни икони.
Историја
уредиДве од престолните икони — Пресвета Богородица со Исус Христос и Свети Никола — се дело на истакнатиот крушевски зограф Николај Михајлов.
Грабежи
уредиХрамот се нашол под удар на масовните грабежи во црквите долж цела Западна Македонија. Во август 2012 година во црквата бил извршен грабеж, каде што биле украдени пари и 4 икони.[2] Во 2013 година повторно се украдени 20 икони и пари.[3]
Галерија
уреди-
Страничен влез на црквата
-
Влезот на црквата со иконата на патронот
-
Поглед на иконостасот
-
Дрвените врати кон олтарот
-
Икони во црквата
-
Икони во црквата
-
Икона на патронот
-
Крст во црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Украдени икони и пари од црква во Беличица“. Нет Пресс. Посетено на 3 август 2012.[мртва врска]
- ↑ „Ограбена црквата во гостиварското село Беличица“. А1он. Скопје: А1он. 31 јули 2013. Архивирано од изворникот на 2015-12-08. Посетено на 1 декември 2015.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Беличица на Ризницата ?