ОУ „Гоце Делчев“ - Неготино

основно училиште во градот Неготино

Основно училиште „Гоце Делчев“ — едно од двете основни училишта во градот Неготино, во истоимената општина, Македонија. Училиштето се наоѓа на булеварот „Маршал Тито“.

ООУ „Гоце Делчев“ - Неготино

Место
Општина: Неготино
Нас. место: Неготино
Адреса: бул. Маршал Тито 117, 1440 Неготино
Местоположба

Карта

Основни информации
Директор: Петар Мантев
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место gdnegotino.weebly.com

Училиштето својот патронен празник секоја година го прославува на 4 мај.

Историја уреди

Општинското основно училиште „Гоце Делчев“ од Неготино започнало со работа во 1972 година во месец ноември.

Подрачни училишта уреди

Во рамките на општинското основно училиште „Гоце Делчев“ се наоѓаат и четири подрачни основни училишта од прво до петто одделение (освен тоа во Долни Дисан, кое е со девет одделенија), а чии ученици подоцна наставата ја продолжуваат во средишниот објект на училиштето во градот Неготино. Овие училишта се:

Поради зголемување на бројот на учениците, во учебната 1987/88 година подрачното основно училиштето во селото Војшанци, кое дотогаш било подрачно училиште на ова училиште му било отстапено на ОУ „Страшо Пинџур“ - Неготино.

Организација уреди

Во училиштето учат околу 1000 ученици од градот и приградските места, распоредени во 55 паралелки. На почетокот во училиштето биле вработени 52 наставници, а денес во него работат вкупно 64 наставници од кои 35 во предметна, а 29 во одделенска настава.

Опременост уреди

Училиштето располага со вкупно 3.580 м2 работна површина, која ја сочинуваат 17 училници, 6 кабинети, 2 занимални, 1 фискултурна сала, 5 канцеларии и 3 простории за друга намена.

Натпревари уреди

Училиштето постојано учествува на разни училишни, регионални, државни или меѓународни натпревари и постигнува солидни резултати. Традиционално неколку години по ред (2005 - 2007 г.), во училиштето во месец март по повод месецот на франкофонијата се спроведува републичкиот натпревар по француски јазик.[1]

Освоени награди уреди

Училиштето е добитник на наградата Осми Ноември.

Наводи уреди

  1. „Републички натпревар по француски јазик "POETES EN HERBE". Архивирано од изворникот на 2010-06-11. Посетено на 2021-08-14.

Надворешни врски уреди

41°28′53″N 22°5′0″E / 41.48139° СГШ; 22.08333° ИГД / 41.48139; 22.08333