Селечка Река
Селечка Река — река која потекнува од селото Селце, по кое и го добила своето име. Реката се наоѓа во малореканскиот крај, западна Македонија. Се влева во Тресонечка Река, која подоцна заедно со Гарска Река, ја создаваат Мала Река, збирно име за сите реки од подрачјето на планините Бистра и Стогово, која подоцна се влева во реката Радика (Голема Река).
Селечка Река Јадовска Река[1] | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Тресонечка Река |
Особености на сливот | |
Течение | Тресонечка Река → Мала Река → Радика → Црн Дрим → Јадранско Море |
Извор
уредиРеката извира на самото сретсело во селото Селце. Нејзиниот извор е уреден, а покрај него се наоѓа и самата селска чешма.
Воден потенцијал
уредиРеката отсекогаш изобилува со воден потенцијал, кој бил искористуван на различни начини, тргнувајќи од големиот број на воденици и валавница на самата река изградени во селото Селце.
Покрај тоа, реката е планирано да биде дел од идниот хидросистем „Бошков мост“, кој се предвидува да биде изграден во овој крај, за што била изработена и соодветна студија од страна на Електрани на Македонија.[2]
Наводи
уреди- ↑ Геинг КуК (јули 2011). „Студија за оцена на влијанието врз животната средина и социјални аспекти“ (PDF). Електрани на Македонија. Скопје. Посетено на 22 ноември 2015. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ „ХЕ „Бошков Мост"“ (PDF). Електрани на Македонија. Посетено на 16 ноември 2015.
Надворешни врски
уреди- Селечка Река на Ризницата ?