Црква „Св. Вознесение“ - Криволак
црква во селото Криволак
Црква „Св. Вознесение Христово“ - Криволак — единствена црква во селото Криволак, во Општина Неготино. Црквата се наоѓа на влезот на селото, над самиот пат, обрабена со зимнозелени дрвја. Покрај самата црква се сместени и селските гробишта, каде се наоѓал параклис, кој долго време служел како единствен верски објект во селото.
Свети Вознесение
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Кавадаречко |
Парохија | Тимјаничка |
Местоположба | |
---|---|
Место | Криволак |
Општина | Неготино |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Спас |
Изградба | 1986-2000 |
Завршено | 2000 |
Осветување | 2006 |
Мрежно место | Св. Спас |
Архитектонски опис |
После 20 годишна изградба црквата е осветена во 2006 година после посетата и чиноначалствувањето на владиците Тимотеј и Петар. Сѐ уште во изградба се трпезаријата и крстилницата. За време на патрониот празник Спасовден се делат ручек и вечера[1].
Галерија
уреди-
Околината околу црквата
-
Влезот во црквата
-
Автентична купола на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Според кажување на жители на Криволак. Забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски и Никола Цибрев на 10.04.2015
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Вознесение“ - Криволак на Ризницата ?
- Црква „Св. Спас“ на страницата на Повардарската епархија