Црква „Св. Атанасиј Велики“ - Неготино
Црква „Св. Атанасиј Велики“ - Неготино — единствена црква во градот Неготино. Оваа градска црква претставува соборен храм за целата Неготинска парохија. Се наоѓа во близина на средиштето на градот, до кејот на Тимјаничка Река.
Свети Атанасиј Велики
| |
Поглед на црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Неготино | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Кавадаречко |
Парохија | Неготинска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Неготино |
Општина | Неготино |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Атанасиј |
Изградба | 1837 |
Мрежно место | Св. Атанасиј |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата е изградена во почетокот на XIX век, односно во 1837 година.
За време на Втората светска војна, од страна на бугарскиот окупатор, самиот стар живопис во рамките на црквата бил премачкан со вар и врз него бил насликан нов живопис, но со многу послаб квалитет од претходниот. Целта на ваквиот потег на окупаторот била побрза асимилација на месното население на Неготино.
Во 2015 година започнале градежни зафати во и околу црквата. Бил обновен внатрешниот дел на црквата, каде биле сменети прозорците и била обновена фасадата на црквата, а во текот на годината се продолжило со цртање на фреските. Воедно, било најавено и поставување на нов иконостас, кој веќе се изработувал.[1] За време на обновата на црквата и за време на поставување на новите фрески и иконостас, дел од иконите на црквата биле сместени во стаклената просторија пред официјалниот влез на самата црква.
Работите во црквата за најновата обнова, прва таква после 30 години, биле финансирани од страна на Повардарската епархија, донации од фирми и граѓани. Фреските ги сликаат тајфата Александарски од Велес.[1]
Во текот на февруари 2015 година, во црквата била извршена кражба, при што биле украдени 50.000 денари. Кражбата била изведена со кршење на влезната врата, а касата била отворена со помош на бормашина.[2]
Галерија
уреди-
Влезот на црквата „Св. Атанасиј Велики“
-
Врата на задниот дел од црквата
-
Горниот дел од портата на црквата
-
Влезот на црквата и влезот во привремената просторија во која се сместени иконите
-
Крст на страничниот дел од црквата
-
Поглед од задниот дел на црквата
-
Целосен поглед на црквата од далечина
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Се реновирана црквата „Св.Атанасиј" во Неготино“. Скопје: Сител Телевизија. 23 јануари 2015. Посетено на 15 април 2015.[мртва врска]
- ↑ „Од црква во Неготино украдени 50 илјади денари“. Скопје: Телеграф. 24 февруари 2015. Посетено на 15 април 2015.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Цркви во Неготино на Ризницата ?
- Црква Св. Атанасиј Велики - Неготино — Повардарска епархија
- Црква Св. Атанасиј Велики - Неготино Архивирано на 2 март 2014 г. — Општина Неготино