Англиски јазик

западногермански јазик
(Пренасочено од English language)

Англиски јазик (самонар. English language) — западногермански јазик со потекло од Англија, и мајчин јазик на најголемиот број на луѓе во Австралија, Ирска, Канада, Комонвелтските Кариби, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и САД (групно наречени Англосфера). Во голема мера се користи како втор јазик и како службен јазик низ светот, особено во земјите од Комонвелтот како Индија, ЈАР, Пакистан и Шри Ланка и од многу меѓународни организации.

Англиски
English
Изговор/ˈɪŋɡlɪʃ/ [1]
Застапен вонаведени во статијата
ГоворнициПрв јазик: 309[2] – 380 милиони[3]
Втор јазик: 199[4] – 600 милиони
Вкупно: 1,8 милијарди[5]  
Јазично семејство
Писмолатиница (англиска варијанта)
Статус
Службен во53 земји
 ООН
Јазични кодови
ISO 639-1en
ISO 639-2eng
ISO 639-3eng
Земјите, државите и провинциите во светот каде англискиот е главен јазик се темносини; земјите, државите и провинциите каде тој е офоцијален, но не главен се светлосини. Англискиот е и еден од службените јазици на Европската Унија.

Современиот англиски јазик може да се рече дека е лингва франка.[6][7] Англискиот е доминантен меѓународен јазик во комуникациите, науката, деловното работење, воздухопловството, медиумите и дипломатијата.[3] Влијанието на Британската Империја е главната причина за првичното проширување на јазикот далеку од Британските Острови.[5] По Втората светска војна, растечкото економско и културно влијание на САД значително го има забрзано ова ширење на јазикот.

Познавање на англискиот јазик се бара во работењето на извесни полиња, професии и занимања. Како резултат на ова најмалку една милијарда луѓе зборуваат англиски барем основно. Англискиот е еден од шесте службени јазици на Обединетите Нации.

Историја

уреди

Англискиот е англофризиски јазик. Германофоните од северозападна Германија (Саксонци и Англи) и Јитланд (Јити) ја зазеле денешна источна Англија околу V век. Спорно е дали староанглискиот јазик се раширил со поместувањето на првобитното население, или пак локалните келти полека го прифатиле јазикот и културата на новата владеачка класа, или пак комбинација од двете (видете Подримска Британија).

Овие германски дијалекти подоцна се соединиле (останале географски варијации) и го формирале староанглискиот јазик. Староанглискиот грубо наликува на некои крајбрежни дијалекти во денешна северозападна Германија и Холандија (т.е. Фризија). Низ историјата пишаниот староанглиски, ја задржал својата синтетичка структура поблиска до праиндоевропскиот, во голема мера прифаќајќи западносаксонски пишани обичаи, додека говорниот староанглиски станувал сѐ повеќе аналитички по природа, јубејќи го посложениот падежен систем, користејќи повеќе предлози и фиксен збороред за искажување на саканото. Ова се гледа во средноанглискиот период, кога книжевноста се пишувала сѐ повеќе на народен (говорен) начин, по губењето на статусот на староанглискиот како јазик на благородништвото. Се претпоставува дека раниот развој на јазикот бил под влијание на келтски слој.[8][9] Подоцна бил под влијание и на сродниот северногермански јазик старонордискиот, користен од викинзите кои се населиле главно на северното и источното крајбрежје, па до Лондон, област позната како Данелаг.

Норманското освојување во 1066 извршило длабоко влијание врз еволуцијата на јазикот. Во следните 300 години норманите се користеле со англонормански јазик, кој бил близок на старофранцускиот, како јазик на дворот,правото и управувањето. Во XIV век англонорманските заемки придодале 10,000 збора кон англискиот, од кои 75% се користат и денес. Ова се многу зборови во правните и административни сфери, но и обични зборови за храна, како овчешко (mutton)[10] и говедско (beef)[11].Благодарение на овие нормански влијанија јазикот се претворил во денес наречениот средноанглиски јазик. Подоцна, за време на Англиската ренесанса, во јазикот влегле и многу, директно земени латински и старогрчки зборови.

За време на XV век, средноанглискиот јазик се преобразил заради Големото преместување на самогласките, ширењето на престижниот југоисточно-основан дијалект на дворот, управата и академскиот живот, и стандардизирачкиот ефект на печатењето. Раносовремениот англиски датира од Елизабетанскиот период.

Географска распределеност

уреди

Над 380 милиони луѓе зборуваат англиски како мајчин јазик. Со овој број на говорници на англиски како мајчин јазик, англискиот е на трето место по мандаринскиот кинески и шпанскиот.[12][13] Меѓутоа ако ги земеме говорниците на англиски како мајчин и како немајчин јазик, добиваме дека англискиот е најзборуван јазик во светот, или можеби втор ако ги собереме сите кинески јазици, зависно од тоа дали ги сметаме за „јазици“ или „дијалекти“.[14][15] Проценките во кои се вклучени говорниците на англиски како втор јазик варираат во голема мера - од 470 милиони до над милијарда, зависно од тоа како ја дефинираме писменоста или „владеењето“ на јазикот.[16][17] Некои велат дека оние кои го зборуваат англискиот како втор јазик се трипати побројни од оние на кои им е мајчин.[18]

Земјите со најголем број на говорници на англиски како мајчин јазик се (во надолен ред): САД (215 милиони),[19] Обединетото Кралство (58 милиони),[20] Канада (17,7 милиони),[21] Австралија (15 милиони),[22] Ирска (3,8 милиони),[20] ЈАР (3,7 милиони),[23] и Нов Зеланд (3.0-3,7 милиони).[24] Земјите како Јамајка и Нигерија исто така имаат милиони автохтони говорници на дијалектни континууми, од креолските јазици на англиска основа, па до постандардизирана верзија на англискиот. Од земјите каде англискиот се зборува како втор јазик, највеќе вакви говорници има Индија ('индиски англиски јазик') и воопшто земено Индија има повеќе куѓе кои зборуваат/разбираат англиски од било која друга земја во светот.[25] По Индија доаѓа Кина.[26]

 
Рапсределеност на говорниците на англиски како мајчин јазик низ светот (Кристал 1997)
Земја Говорници од раѓање
1   САД 214.809.000[19]
2   Обединето Кралство 58.200.000[20]
3   Канада 17.694.830[21]
4   Австралија 15.013.965[22]
5   Ирска 4.200.000+ (прибл.)[20]
6   ЈАР 3.673.203[23]
7   Нов Зеланд 3.500.000+ (прибл.)[24]
8   Сингапур 665.087[27]

Англискиот е главен јазик во следниве:Австралија, Американски Девствени Острови, Ангвила, Антигва и Барбуда, Барбадос, Бахами, Белиз, Бермуда, Британска Индоокеанска Територија, Британски Девствени Острови, Гвајана, Гернзи, Гибралтар, Гренада, Доминика, Ирска, Јамајка, Јужна Џорџија и Јужни Сендвички Острови, Кајмански Острови, Канада, Ман, Монтсерат, Науру, Нов Зеланд, Обединето Кралство, Питкерн, САД, Света Елена, Света Луција, Свети Винсент и Гренадините, Свети Китс и Невис, Сингапур, Тринидад и Тобаго, Туркс и Кајкос, Фокландски Острови и Џерси

Во многу други земји, каде англискиот не е најзборуван јазик, тој сепак е службен. Тие земји се: Боцвана, Гамбија, Гана, Замбија, Зимбабве, Индија, Камерун, Кенија, Кирибати, Лесото, Либерија, Мадагаскар, Малта, Маршалови Острови, Намибија, Нигерија, Пакистан, Папуа Нова Гвинеја, Порторико, Руанда, Самоа, Свазиленд, Сиера Леоне, Сингапур, Соломонски Острови, Танзанија, Уганда, ФД Микронезија, Филипини, Фиџи, Хонгконг, Шри Ланка. Англискиот е и еден од 11-те рамнправни службени јазици во ЈАР („јужноафрикански англиски“). Важен јазик е и во неколку поранешни колонии или моментални зависни територии на Обединетото Кралство и САД, како во Хонгконг и Маврициус.

Англискиот не е службен јазик ниту во САД ниту во Обединетото Кралство.[28][29] Иако федералната влада на САД нема службени јазици, англискиот има добиено глас за службен јазик во 30 од 50 држави.[30]

Англискиот како глобален јазик

уреди

Поради тоа што англискиот се зборува така нашироко, често се нарекува глобален јазик, лингва франка на совремието.[7] Додека тој не е службен јазик во многу земји, денес е јазикот кој најчесто се учи како втор јазик во светот. По меѓународен договор е службениот јазик на воздушните и поморски комуникации, како и еден од службените јазици на Европската Унија, Обединетите Нации, и речиси сите меѓународни спортски организации, меѓу кои и Меѓународниот олимписки комитет.

Англискиот е најизучуван како странски јазик во Европската Унија (од 89% од учениците), по кој следат францускиот (32%), германскиот (18%) и шпанскиот (8%).[31] ВО ЕУ голем дел од населението вели дека може барем донекаде да разговара на англиски. Голем дел од населението вели дека може да разговата на англиски во: Холандија (87%), Шведска (85%), Данска (83%), Луксембург (66%), Финска (60%), Словенија (56%), Австрија (53%), Белгија (52%) и Германија (51%).[32] Норвешка и Исланд исто така имаат големо мнозинство на способни говорници на англискиот јазик.

Книги, весници и списанија на англиски можеме да најдеме во многу земји ширум светот. Англискиот често се употребува и во науките.[7]

Дијалекти и регионални вариетети

уреди
 
Карта на која се прикажани главните дијалекти во Обединетото Кралство и Ирска

Распростанетоста на Британската Империја и во последите 50 години, проминентноста на САД го имаат проширено англискиот јазик ширум Земјината топка.[7] Заради оваа глобална распространетост, англискиот има развиено многу дијалекти, како и креолски јазици и пиџини на англиска основа.

Главните вариетети на англискиот, во највеќето случаи, подразбираат неколку подвидови како сленгот Кокни во рамките на британскиот англиски; њуфаундлендскиот англиски во рамките на канадскиот англиски, афроамериканскиот англиски („Ебоника“) и јужниот американски англиски во рамките на американскиот англиски. Англискиот е плуризентричен јазик, без централен јазичен регулатор како Француската академија во Франција; и, иако ниеден вариетет не се смета јасно за стандарден, низа акценти се сметаат за попрестижни, како да речеме стандардниот британски изговор (наречен Received Pronunciation или RP) во Британија.

Шкотскиот јазик се развил — главно независно — од истото потекло, н по Унитарниот Акт 1707 започнал процес на јазично губење, каде подоцнежните генерации присвојувале сѐ повеќе одлики на англискиот јазик, причинувајќи дијалектизација. Дали сега тој е посебен јазик или дијалект на англискиот наречен шкотски англиски е спорно. Изговорот, граматиката и лексиката на традиционалните форми се разликуваат, понекогаш сосема, од други вариетети на англискиот.

Заради распространетоста на англискиот како втор јазик, говорниците имаат многу различни акценти, кои често укажуваат на родниот дијалект или јазик на говорникот. За позабележителните одлики на регионалните акценти, видете Регионални акценти на говорниците на англискиот јазик, а за позабележителни одлики на регионалните дијалекти, видете Список на англиски дијалекти.

Како што англискиот зајмувал разни зборови од други јазици низ историјата, така и англиските заемки сега се јавуваат во голем број на јазици низ светот, што укажува на технолошкото и културно влијание на неговите говорници. Постојат неколку пиџини и креолски јазици на основа на англискиот, како јамајскиот креол, нигерискиот пиџин и Ток писин.

Фонологија

уреди

Самогласки

уреди
Бр. Ам. збор
монофтонзи
i need
ɪ ɪ bid
ɛ ɛ bed
æ æ back
ɒ (ɑ) box
ɔː ɔ paw
ɑː ɑ bra
Бр. Ам. збор
монофтонзи (продл.)
ʊ ʊ good
u food
ʌ ʌ but
ɜː ɜr bird
ə ə comma
(ɪ) ɨ roses
Бр. Ам. збор
дифтонзи
bay
əʊ road
cry
cow
ɔɪ ɔɪ boy
ɪə (ɪr) fear
ɛə (ɛr) fair
ʊə (ʊr) lure

Белешки:

Самогласките се елементот кој најмногу се разликува од регион до регион.

Додека знаците се јавуваат во парови, првиот соодветствува на американскиот англиски, општоамерикански изговор; вториот соодветствува на британскиот англиски, стандарден британски изговор.

  1. Американскиот англиски го нема овој глас; зборовите со него се изговараат со /ɑ/ со /ɔ/.
  2. Многу дијалекти на северноамериканскиот англиски не ја имаат оваа самогласка.
  3. Северноамериканската варијанта на овој глас е ротска самогласка.
  4. Многу говорници на северноамерикански англиски не разликуваат помеѓу овие две неакцентирани самогласки. За нив, roses и Rosa's се изговара исто, и симболот кој се користи обично е темниот глас /ə/.
  5. Овој глас често се транскрибира како /i/ или /ɪ/.
  6. Дифтонзите /eɪ/ и {{МФА| /oʊ/ се монофтони за многу општоамерикански говорници, како /eː/ и /oː/.
  7. Буквата <U> може да означува /u/ или јотирана самогласка /ju/. Во брит. станд. говор, ако оваа јотирана самогласка /ju/ се јави по /t/, /d/, /s/ или /z/, често предизвикува палатализација на претходната согласка, претворајќи ја во /ʨ/, /ʥ/, /ɕ/ и /ʑ/, како во tune, during, sugar и azure. Во американскиот палатизацијата не се јавува, освен ако /ju/ е проследено од r, кое резултира во помената на /(t, d,s, z)jur/ во /tʃɚ/, /dʒɚ/, /ʃɚ/ и /ʒɚ/, како во nature, verdure, sure и treasure.
  8. Самогласната должина игра фонетска улога во највеќето англиски дијалекти, и се смета за фонемска во неколку дијалекти, како австралискиот и новозеландскиот англиски. Во извесни дијалекти на современиот англиски, на пример општоамериканскиот, постои алофонска должина на самогласките: самогласните фонеми се реализираат како долги самогласни алофони пред звучни согласни фонеми во завршетокот на слогот. Пред големото преместување на самогласките, должината на самогласките била фонемски контрастна.
  9. Овој глас се јавува само во неротските акценти. Во некои акценти, овој глас може да стои наместо /ʊə/, /ɔ:/.
  10. Овој глас се јавува само во неротските акценти. Во некои акценти, полусамогласката шва на /ɛə/ може да биде испуштена, монофтонирајќи и издолжувајќи го гласот до /ɛ:/.
Поврзано: МФА за англиски јазик.

Согласки

уреди

Ова е англискиот согласен систем со симболи од МФА.

  Двоуснени Уснено-
забни
Забни Венечни Задно-
венечни
Предно-
непчени
Задно-
непчени
Уснено-
венечни
Гласилни
Носни m     n     ŋ  
Избувни p  b     t  d     k  ɡ  
Слеани         tʃ  ʤ      
Струјни   f  v θ  ð s  z ʃ  ʒ   (x) h
Приближни       r   j   w  
Странични       l        
  1. Заднонепчената носна согласка [ŋ] е нефонемски алофон на /n/ во некои северни британски дијалекти, и се јавува само пред /k/ и /g/. Кај сите други дијалекти е посебна фонема, иако само се јавува кај слоговните завршетоци.
  2. Венечната едноударна согласка [ɾ] е алофон на /t/ и /d/ кај ненагласените слогови во северноамериканскиот и австралискиот англиски.[33] Ова е гласот на tt или dd кај зборовите latter и ladder, кои се хомофони за многу говорници на северноамерикански англиски. Кај некои акценти како шкотскиот и индискиот го заменува /ɹ/. Ова е истиот глас претставен со едно r во шпанскиот јазик.
  3. Во некои дијалекти како, кокни, меѓузабните /θ/ и /ð/ обично се спојуваат со /f/ и /v/, а во други, како афроамериканскиот, /ð/ се спојува со забното /d/. Кај некои ирски вариетети, /θ/ и /ð/ стануваат соодветни забни избувни согласки, кои потоа се во спротивност со вообичаените венечни избувни согласки.
  4. Гласовите /ʃ/, /ʒ/, и /ɹ/ се лабијализират во некои дијалекти. Лабијализацијата не е никогаш спротивна на првичната положба и затоа понекогаш не се транскрибира. Говорниците на општоамерикански го реализираат <r> (секогаш ротизирано) како свиената приближна согласка /ɻ/, додека истото кај шкотскиот, итн. се реализира како венечна трепетна согласка.

Безвучната преднонепчена слеана согласка /ç/ во највеќето акценти е само алофон на /h/ пред /j/; на пример human /çjuːmən/. Меѓутоа во некои акценти, /j/ се испушта, но првичната согласка е иста. Тешкотиите во совладувањето на англискиот изговор најчесто се поврзуваат со изговорот на самогласките, како и со -th- или /r/.[34]

  1. Безвучната заднонепчена струјна согласка /x/ се користи од Шкотите и Велшаните (шкотски или гелски) кај зборови како loch /lɒx/ или за заемки од германски или хебрејски како Bach /bax/ или Chanukah /xanuka/. Во некои дијалекти како Скаус (Ливерпул) може да се користи или [x] или слеаната согласка [kx] како алофон на /k/ во зборови како docker [dɒkxə].
  2. Безвучното w [ʍ] го наоѓаме кај шкотскиот и ирскиот англиски, како и кај некои вариетети на американски, новозеландски и англиски англиски. Кај другите дијалекти се спојува со /w/, а во некои шкотски дијалекти, со /f/.

Звучност и приздив

уреди

Звучноста и приздив на избувните согласки кај англискиот зависат од дијалектот и контекстот, но можеме да дадеме неколку општи правила:

  • Безвучните избувни и слеани согласки (/p/, /t/, /k/ и //) имаат приздив ако се на почеток или започнуваат нагласен слог — споредете: pin [pʰɪn] и spin [spɪn], crap [kʰɹ̥æp] и scrap [skɹæp].
    • Во некои дијалекти, приздивот важи и за ненагласените слогови.
    • Во некои дијалекти, како индопакистанскиот, сите безвучни избувни согласки се неприздивни.
  • Почетните звучни избувни согласки може да бидат обезвучени во некои дијалекти.
  • Крајните безвучни избувни согласки може да бидат неуспуштени или придружени од гласилна избувна согласка кај некои дијалекти (на пр. многу вариетети на американскиот англиски) — примери: tap [tʰæp̚], sack [sæk̚].
  • Крајните звучни избувни согласки може да бидат обезвучени во некои дијалекти (на пр. некои вариетети на американски) — примери: sad [sæd̥], bag [bæɡ̊]. Во други дијалекти овие се наполно звучни на крајна положба, но само делумно звучни ако стојат на почетокот.

Супрасегментални особености

уреди

Тонски групи

уреди

Англискиот е интонативен јазик. Тоа значи дека тон (висината) на гласот се користи синтаксички, на пример, за да искаже изненадување или иронија, или промена на исказ во прашање.

Во англискит интонационите шеми се на групи зборови, кои се наречени тонски групи, тонски единици, интонациони групи или смисловни групи. Тонските групи се искажуваат во еден здив и, како резултат на тоа, се со ограничена должина, најчесто во просек пет збора долги или во времетраење од две секунди. For example:

-/duː juː niːd ˈɛnɪˌθɪŋ/ Do you need anything?
-/aɪ dəʊnt | nəʊ/ I don't, no
-/aɪ dəʊnt nəʊ/ I don't know (збиено, на пример, до -/aɪ dəʊnəʊ/ или /aɪ dənəʊ/ I dunno во брзиот народен говор кој ја однагласува паузата помеѓу don't и know уште повеќе)

Одлики на интонацијата

уреди

Англискиот е силно нагласен јазик, што значли дека извесни слогови, кај зборови и фрази, добиваат релативна истакнатост/гласност во изговорот додека другите не. Првиот вид се нарекува акцентирани/нагласени, а другиот неакцентирани/ненагласени. Сите добри англиски речници ги обележуваат акцентираните слогови со апострофен знак ( ˈ ) или пред (како кај МФА, Оксфордски англиски речник или Меријам-Вебстер) или по (во многу други речници) слогот каде паѓа нагласокот. Општо земено, за двосложен збор на англиски, може да се рече дека доколку е именка или придавка, првиот слог се нагласува; но ако е глагол, тогаш се нагласува вториот слог.

Оттука во една реченица, секоја тонска група може да се подели на слогови, кои можат да бидат нагласени (силни) или ненагласени (слаби). Нагласениот слог се нарекува и јадрен слог. На пример:

That | was | the | best | thing | you | could | have | done!

Тука единствено нагласени се слоговите/зборовите best и done. Best е повеќе нагласена и затоа е јадрен слог.

Јадрениот слог е носител на главната поента која ја намерава говорникот. На пример:

John hadn't stolen that money. (... Некој друг бил.)
John hadn't stolen that money. (... Ти рече ги украл. или ... Не тогаш, но подоцна да.)
John hadn't stolen that money. (... Ги добил парите на друг начин.)
John hadn't stolen that money. (... Украл некои други пари.)
John hadn't stolen that money. (... Украл нешто друго.)

Исто така

I didn't tell her that. (... Некој друг ѝ кажа.)
I didn't tell her that. (... Ти рече ѝ кажав. или ... Но сега ќе ѝ кажам!)
I didn't tell her that. (... Не ѝ реков; може го заклучила, итн.)
I didn't tell her that. (... Му реков на некој друг.)
I didn't tell her that. (... Ѝ реков нешто друго.)

Ова се користи и за изразување на чувство:

Oh really? (...Не сум знаел)
Oh really? (...Не верувам)

Јадрениот слог се искажува погласно од другите и има карактеристична промена на тонот. Промените на тон кои најчесто ги среќаваме во англискиот се растечки тон и опаѓачки тон, иако понекогаш имаме и опаѓачко-растечки тон и/или растечко-опаѓачки тон. Во оваа спротивставеност помеѓу опаѓачкиот и растечкиот тон, кој игра поголема улога во ангискиот околку во другите јазици, опаѓачкиот тон искажува сигурност, а растечкиот несигурност. Ова е круцијално за значењето на реченицата, особено во однос на поларитетот, позитивно–негативната спротивставеност; така, опаѓачкиот тон значи „познат поларитет“, додека растечкиот значи „непознат поларитет“. Ова е присутно кај прашањата од обликот „да или не“. На пример:

When do you want to be paid?
Now? (Растечки тон. Тука, го означува прашањето: „Може да ме платите сега?“)
Now. (Опаѓачки тон. Тука, го означува исказот: „Сакам да ме платите сега.“)

Македонска транскрипција

уреди
Видете: Македонска транскрипција на англискиот јазик

При транскрибирањето (предавањето) на англиските зборови во македонски јазик се тргнува од нивниот приближен изговор. Бидејќи за ред англиски самогласки и согласки нема соодветни во македонскиот јазик, тие се адаптираат кон оние македонски гласови што им се донекаде блиски. Од овој принцип се отстапува при имиња влезени порано во македонскиот јазик со поинаква форма.

Граматика

уреди

Англиската граматика има минимална флексија споредено со другите индоевропски јазици. На пример, современиот англиски, за разлика од германскиот или романските јазици, нема граматички род и придавно сложување. Падежите имаат речиси исчезнато од јазикот и постојат главно во заменките. Моделирањето на силни (на пр. speak/spoke/spoken) наспроти слаби глаголи наследено од германското потекло има опаднато во значење кај современиот англиски, и остатоците од флексијата (како бележењето на можината) имаат станато поправилни.

Истовремено јазикот има станато повеќе аналитички, и има развиено особености како модални глаголи и збороред како богати извори за пренос на смисла. Помошните глаголи одбележуваат коснтрукции како прашања, негативен поларитет, пасивен вид и тековни времиња.

Зборовен фонд

уреди
 
Потеклото на зборовите во англискиот јазик

Англискиот зборовен фонд низ вековите се има значително менувано.[35]

Германските зборови (обично зборови од староанглиско и, во помала мера, нордиско потекло) во кои спаѓаат сите основни заменки (I, my, you, it) и коњугации (and, or, but) се пократки од латинските зборови во англискит, и почести во секојдневниот говор. Подолгите латински зборови се сметаат за поелегантни образовани. Меѓутоа, претераната или излишна употреба на латински зборови може да се смета за претенциозна (како полициското „apprehending the suspect“) или обид за замачкување на поентата.

Во многу случаи, говорникот на англиски јазик има избор од германски и латински синоними: come или arrive; sight или vision; freedom или liberty. Во некои случаи има избор помеѓу германски-изведен збор (oversee), латински-изведен збор (supervise), и француски латински-изведен збор (survey). Богатството на јазикот доаѓа од разновидноста на разните значења и нијанси кои ги носат синонимите, овозможувајќи му на говорникот да изрази истенчени варијации и нијанси на мисла. Запознаеноста со етимологијата на групите синоними даваат можност за поголемо владеење на лингвистички регистар.

Исклучок од ова и уникатна одлика на англискиот се именките за меса кои се обично различни од, и неповрзани со, оние на животните од кои се добиваат - животното има германски, додека месото француски назив. Примери: deer и venison; cow и beef; swine/pig и pork или sheep и mutton. Ова се претпоставува дека е резултат на норманската инвазија, каде франкофонските нормани биле потрошувачи на месо, кое се произведувало од подолните англофонски класи.

Во секојдневниот говор, најголемиот дел на зборови се германски. Ако говорникот сака силно да се искаже на мошне отворен начин, тогаш се одбираат германски зборови. Најголемиот дел од латинските зборови се користат за поформален говор или пишување, како во судницата или во енциклопедиски статии. Меѓутоа не сите латински зборови во секојдневниот говор се формални; ова се главно зборови за концепти кои повеќе немаат германски зборови за нив, па се имаат асимилирано, и во многу случаи не ни изгледаат латински. Вакви се зборовите: mountain, valley, river, aunt, uncle, move, use, push и stay.

Англискиот е познат по огромниот активен зборовен фонд и неговата флуидност. Јазикот лесно прифаќа технички зборови во секојдневниот говор и презема зборови и фрази. Покрај ова, сленговите често им даваат нови значења на старите зборови и фрази. Впрочем, флуидноста е толку изразена што треба да се направи разлика помеѓу формалните облици на англискиот јазик и неговата секојдневна современа употреба. Видете и: социолингвистика.

Англиски јазик
Писмо латиница
Пример Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Текст All human beings are born free and equal in dignity and rights. They are endowed with reason and conscience and should act towards one another in a spirit of brotherhood.
Македонски Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.
Портал: Јазици

Број на зборови

уреди

Оксфордскиот англиски речник дава дефиниции за над 600,000 зборови, додека Вебстер вели дека секоја година во јазикот влегуваат по 25,000 нови зборови.

Писмо

уреди

Англискиот се пишува на латиница уште околу IX век. (пред тоа староанглискиот се пишувал со англосаксонски футорк.) Правописниот систем е повеќеслоен, со елементи на француски, латински и старогрчки правопис врз автохтониот германски систем; низ времето правописот почнал значително да се разликува од фонологијата на јазикот. Пишувањето на зборовите е често прилично различно од нивниот изговор. Видете Англиски правопис.

Видете: Македонска транскрипција на англискиот јазик

Формален пишан англиски

уреди

Верзија на јазикот на која сите говорници ширум светот се согласуваат е формалниот пишан англиски. Тој се употребува исто без разлика од кој дел на светот е говорникот. За разлика од ова, во говорниот англиски постојат огромен број на разлики помеѓу дијалектите, акцентите и видовите на сленгови, колоквијални и регионални израззи. И покрај ова, локалните варијации на формалниот пишан англиски се прилично мали, состоејќи се само од правописните разлики помеѓу британскиот и американскиот англиски.

Англискиот јазик како мотив во популарната култура

уреди

Белешки

уреди

{{|2}}

Наводи

уреди
  • Baugh, Albert C.; Thomas Cable (2002). A history of the English language (5. изд.). Routledge. ISBN 0-415-28099-0.
  • Bragg, Melvyn (2004). The Adventure of English: The Biography of a Language. Arcade Publishing. ISBN 1-55970-710-0.
  • Emerson, Ralph Waldo (2006). The Classics of Style: The Fundamentals of Language Style from Our American Craftsmen (1. изд.). The American Academic Press. ISBN 0-9787282-0-3.
  • Crystal, David (1997). English as a Global Language. Cambridge: Cambridge University Press. ISBN 0-521-53032-6.
  • Crystal, David (2004). The Stories of English. Allen Lane. ISBN 0-7139-9752-4.
  • Crystal, David (2003). The Cambridge encyclopedia of the English language (2. изд.). Cambridge University Press. ISBN 0-521-53033-4.
  • Halliday, MAK (1994). An introduction to functional grammar (2. изд.). London: Edward Arnold. ISBN 0-340-55782-6.
  • Hayford, Harrison; Howard P. Vincent (1954). Reader and Writer. Houghton Mifflin Company. [1]
  • McArthur, T. () (1992). The Oxford Companion to the English Language. Oxford University Press. ISBN 0-19-214183-X.
  • Robinson, Orrin (1992). Old English and Its Closest Relatives. Stanford Univ. Press. ISBN 0-8047-2221-8.

Поврзано

уреди

Речници

уреди
  Статијата „Англиски јазик“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).
  1. "English, a. and n." The Oxford English Dictionary. 2nd 1989. OED Online. Oxford University Press. 6 September 2007 <http://dictionary.ocom/cgi/entry/50075365[мртва врска]
  2. Ethnologue (1984 estimate)
  3. 3,0 3,1 The Triumph of English, The Economist, Dec. 20th, 2001 Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „triumph“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  4. Ethnologue (1999 estimate)
  5. 5,0 5,1 „Lecture 7: World-Wide English“. EHistLing. Посетено на 2007-03-26.
  6. Terri Kelly (29 јули 2004). „From language Franca to Global English“. Global Envision. Архивирано од изворникот на 2007-02-25. Посетено на 2007-03-26.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 David Graddol (1997). „The Future of English?“ (PDF). The British Council. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-06-28. Посетено на 2007-04-15.
  8. Venneman, Theo. „English, a Germanic dialect?“ (PDF). Посетено на 2006-12-09.
  9. „What was spoken Old English like?“ (PDF). Посетено на 2006-12-09.
  10. "mutton, n." The Oxford English Dictionary. Second 1989. OED Online. Oxford University Press. 6 септември 2007 <http://dictionary.ocom/cgi/entry/00319759[мртва врска]
  11. "beef, n." The Oxford English Dictionary. Second 1989. OED Online. Oxford University Press. 6 септември 2007 <http://dictionary.ocom/cgi/entry/50019353[мртва врска]
  12. Ethnologue, 1999
  13. CIA World Factbook Архивирано на 7 март 2014 г., Field Listing - Languages (World).
  14. Languages of the World (Charts), Comrie (1998), Weber (1997), and the Summer Institute for Linguistics (SIL) 1999 Ethnologue Survey. Available at The World's Most Widely Spoken Languages
  15. Mair, Victor H. (1991). „What Is a Chinese "Dialect/Topolect"? Reflections on Some Key Sino-English Linguistic Terms“ (PDF). Sino-Platonic Papers.
  16. „English language“. Columbia University Press. 2005. Посетено на 2007-03-26.
  17. http://www.oxfordseminars.com/Tesol/Pages/Teach/teach_20000jobs.php
  18. Not the Queen's English Архивирано на 6 октомври 2007 г., Newsweek International, издание 7 март 2007.
  19. 19,0 19,1 „U.S. Census Bureau, Statistical Abstract of the United States: 2003, Section 1 Population“ (pdf) (англиски). U.S. Census Bureau. стр. 59 pages. Табела 47 вели 214,809,000 за оние на возраст од мет години и постари кои дома зборуваат само англиски. Врз основа на American Community Survey, во овие резултати спаѓаат оние кои живеат групно (студентски домови, институции и групни домови), и по дефиниција тука спаѓаат говорници на англиски како мајчин јазик кои зборуваат повеќе од еден јазик дома.
  20. 20,0 20,1 20,2 20,3 The Cambridge Encyclopedia of the English Language, Second , Crystal, David; Cambridge, UK: Cambridge University Press, [1995] (2003-08-03).
  21. 21,0 21,1 Mother Tongue, 2001 Counts for Both Sexes, for Canada, Provinces and Territories - 20% Sample Data Архивирано на 16 октомври 2018 г., Census 2001, Statistics Canada.
  22. 22,0 22,1 2001 Census QuickStats: Australia[мртва врска] Main Language Spoken at Home. The figure is the number of people who spoke English only at home.
  23. 23,0 23,1 Census in Brief Архивирано на 9 август 2007 г., стр 15 (Табела 2.5), Попис 2001, Statistics South Africa.
  24. 24,0 24,1 Languages spoken Архивирано на 29 март 2007 г., 2006 Census, Statistics New Zealand. Не е даден број на говорници на англиски како мајчин јазик, но тој би бил некаде помеѓу оние кои зборуваат само англиски (3,008,058) и вкупниот број на говорници на англиски (3,673,623), доколку ги занемариме 197,187 луѓе кои не дале корисен одговор.
  25. Subcontinent Raises Its Voice, Crystal, David; Guardian Weekly: Friday 19 ноември 2004.
  26. Yong Zhao; Keith P. Campbell (1995). "English in China". World Englishes 14 (3): 377–390. Хонгконг придонесува со уште 2,5 милиони говорници (1996]).
  27. (2000). Native speakers aged 5 or more Архивирано на 10 јули 2007 г.
  28. Languages Spoken in the U.S., National Virtual Translation Center, 2006.
  29. U.S. English Foundation Архивирано на 12 јануари 2008 г., Official Language Research -- United Kingdom.
  30. „U.S. ENGLISH,Inc“. Архивирано од изворникот на 2010-01-06. Посетено на 2007-10-04.
  31. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2006-06-19. Посетено на 2009-10-14.
  32. http://ec.europa.eu/public_opinion/archives/ebs/ebs_237.en.pdf
  33. Cox, Felicity (2006). „Australian English Pronunciation into the 21st Century“ (PDF). Prospect. 21: 3–21. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-07-24. Посетено на 2007-07-22.
  34. „Англиски јазик“. greenforest.com.ua.
  35. For the processes and triggers of English vocabulary changes cf. English and General Historical Lexicology (by Joachim Grzega and Marion Schöner)
  36. DISCOGS, Elvis Costello And The Attractions* – Imperial Bedroom (пристапено на 13.5.2022)