Дијалект
(Пренасочено од Дијалекти)
Дијалект[1][2] (грчки: διάλεκτος) или наречје[3][4] — разновидност на еден јазик којшто се зборува на одредена географска област и којшто не е кодифициран (за разлика од книжевниот јазик). Дијалектот се употребува при усно општење, а поретко и писмено. И покрај тоа што дијалектот не е официјално кодифициран, сепак тој си има одредени граматички, фонетички, синтактички и пред сè лексички особености, коишто во помала или поголема мерка го прават поразличен од книжевниот (литературен, стандарден) јазик. Дијалектот на поширока област може да се дели и на поддијалекти, а тие на свои поддијалекти итн.
Науката којашто ги изучува дијалектите се нарекува дијалектологија.
Поврзано
уредиНаводи
уредиОваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |