Глаголски вид
Во лингвистиката, под глаголски вид или аспект на глаголот се подразбира формалното својство на глаголот коешто ја означува трајноста на дејството, односно неговото течење низ времето. Ова својство е најопшто, секако, различно од глаголското време, коешто го сместува дејствието во одредена временска рамка во однос на моментот на говорење. Но во многу јазици, глаголскиот вид или е врзан за одредено време или воопшто не постои како посебна глаголска категорија (барем морфолошка).
Начин наспрема време
уредиИ глаголскиот вид и глаголското време ги опишуваат временските својства на дејствието означено со глаголот. Но, додека времето означува кога се одвива дејствието, видот означува како се одвива дејствието. Така, на пример, дејствието може да биде: трајно, целосно, повторливо и сл. и за секое од овие својства би одговарал различен глаголски вид. Уште повеќе, секое време (би требало да) има форми за секој вид, па така едно глаголско време би можело, да речеме, да се пројави во различни глаголски видови, зависно од природата на глаголското дејствие.
Глаголскиот вид е карактеристичен за индоевропските, угрофинските и други јазични семејства. Но повеќето од современите индоеврпоски јазици не разликуваат вид, туку само време, во чие значење и во чија употреба е интегриран глаголскиот вид. Формално доследно глаголскиот вид сѐ уште се разликува кај словенските јазици, вклучително и македонскиот.
Глаголскиот вид кај словенските јазици
уредиСловенските јазици разликуваат два глаголски вида: свршен (перфективен) и несвршен (имперфективен) глаголски вид, коишто стојат еден наспроти друг. Словенските глаголи припаѓаат или на едниот или на другиот вид, со само неколку исклучоци. Исто така, најчесто доаѓаат во парови свршен-несвршен. Најопшто, за ист глагол, а различен вид, постојат и различни форми, на пример во македонскиот: викне наспрема вика, седне наспрема седи. Некогаш едниот вид се добива од другиот со морфолошка манипулација:
- свршен од несвршен: гледа → погледа, стои → постои, знае → дознае и сл.
- несвршен од свршен: јави → јавува, прости → проштава, стави → става и сл.
Во сите словенски јазици глаголите има (стсл. iměti) и сум (стсл. byti) се несвршени. Во македонскиот пак, несловенските глаголи (заемки) кои завршуваат на „-ира“ се двовидови, и свршени и несвршени (на пример: информира, протестира, диригира, тероризира и сл.). Ова важи и за ограничена група словенски (изворни) глаголи (на пример: руча)
Дека видот во словенските јазици е сѐ уште независен од времето, ќе покажеме со примери од македонскиот, српскиот и бугарскиот.
|
|
|
Одредени времиња пројавуваат наклонетост кон одреден вид. Така, на пример, во македонскиот, аористот претпочита свршени, додека имперфектот несвршени глаголи. Но иако во книжевниот македонски не се среќаваат несвршени глаголи во аорист (иако се прилично чести во дијалектите и секојдневниот говор: зна он = тој знаеше, ме гледá = ме гледаше и сл.), дотолку се чести свршените глаголи во имперфект: викнеше, дојдеше, познаеше, видеше и сл.
Видот ги опфаќа сите категотрии на глаголот. На пример глаголот пишува-пише:
- сегашно време: пишувам — пишам
- минато определено несвршено време (имперфект): пишував — пишев
- минато определено свршено време (аорист): / — пишав
- глаголска л-форма: пишувал — пишал
- заповеден начин (императив): пишувај! — пиши!
- пасивна глаголска придавка: пишуван — пишан
- глаголски прилог: пишувајќи — *пишејќи
- глаголска именка: пишување — *пишење
Поврзано
уредиКористена литература
уреди- Бојковска, Стојка; Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски (декември 2008). Саветка Димитрова (уред.). Општа граматика на македонскиот јазик. Скопје: АД Просветно Дело. ISBN 978-9989-0-0662-7 Проверете ја вредноста
|isbn=
: checksum (help).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски (2001). Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Friedman, Victor (2001). Macedonian grammar (англиски). SEE LRC, USA.
- Lunt, Horace (1952). Grammar of the Macedonian literary language (англиски). Skopje.
- Конески, Блаже (1967). Граматика на македонскиот литературен јазик. I и II. Скопје: Култура.
Оваа статија од областа на лингвистиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |