Носна согласка (назална согласка) се изведува со долното меко непце во устата, така што воздухот слободно изглегува низ носот. Усната шуплина сепак игра улога на звучна комора за гласот, но воздухот не струи низ устата бидејќи јазикот е препрека. Во ретки случаи, други видови на согласки можат да бидат назализирани.

Начини на творба
Препречни
Избувни
Слеани
Струјни
Шушкави
Гласници
Носни
Едноударни
Приближни
Течни
Самогласка
Полусамогласка
Странични
Трепетни
Механизам
Белодробни
Исфрлени
Уфрлени
Чрапави
 
Алитерација
Асонанца
Поврзано: Место на творба
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош]
уреди

Дефиниција

уреди

Акустички, носните согласки се гласници (сонанти), што значи дека не го ограничуваат текот на воздухот и истите речиси секогаш се звучни. Забележлив исклучок е исландскиот кој има четири безвучни носни гласови. (Споредете ги уснените избувни согласки (плозиви), кои сосема го попречуваат воздухот, и струјнитеите (фрикативи), кои го попречуваат воздухот со тесен провод. Избувните и струјните согласки се почесто безвучни отколку звучни, и како такви се нарекуваат препречни согласки или опструенти.)

Меѓутоа носните се истовремено и избувни по нивната творба (артикулација) бидејќи текот на воздухот низ устата е сосема запрен. Ова двојство, гласничко струење низ носот заедно со препречување во устата, значи дека носните избувни согласки се однесуваат и како гласници и како опструенти. При акустички опис тие обично се сметаат за гласници , но во многу јазици тие можат да произлезат од или да се претворат во избувни согласки.

Акустички, носните избувни согласки имаат опсег на енергетска честота од 200 и 2,000 Hz.

Звучни Безвучни
Опис МФА Опис МФА
звучна двоуснена носна согласка [m] безвучна двоуснена носна согласка [m̥]
звучна усненозабна носна согласка [ɱ] безвучна усненозабна носна согласка [ɱ̊]
звучна забна носна согласка [n̪] безвучна забна носна согласка [n̪̊]
звучна венечна носна согласка 1 [n] безвучна венечна носна согласка 1 [n̥]
звучна свиена носна согласка [ɳ] безвучна свиена носна согласка [ɳ̊ ]
звучна преднонепчена носна согласка [ɲ] безвучна преднонепчена носна согласка [ ɲ̥]
звучна заднонепчена носна согласка [ŋ] безвучна заднонепчена носна согласка [ŋ̊]
звучна ресична носна согласка [ɴ] безвучна ресична носна согласка [ɴ̥]

1. ^ Симболот ⟨n⟩ често се користи за претставување и на забна носна согласка, за сметка на ⟨⟩, бидејќи ретко се разликува од венечната носна согласка.

Примери за јазици со носни согласки:

Англискиот, германскиот и кантонскиот имаат [m], [n] и [ŋ]. Тамилскиот користи посебни букви за означување на [m], [n̪], [n], [ɳ], [ɲ] и [ŋ] (ம,ந,ன,ண,ஞ,ங).

Каталонскиот, окситанскиот, шпанскиот и италијанскиот ги имаат [m], [n], [ɲ] како фонеми, а [ɱ] и [ŋ] како алофони.

Поимот „носна избувна согласка“ (назален плозив) се смета за вообичаена носовка (назал). Меѓутоа постојат и носни струјни согласки, носни едноударни согласки, како и носни самогласки, како во францускиот, португалскиот, каталонскиот (дијалектичка каратеристика), Јоруба, Гбе, полскиот, и љубљанскиот словенечки. Во МФА, носните согласки се означуваат со тилда (~) над самогласката: француски: sang [sɑ̃].

Во македонскиот

уреди

Македонскиот јазик има три носни согласки и една која се јавува во некои зборови. Тие се [m] (како во мајка), [n] (како во канта) и [ɲ] (како во коњ). Покрај ова, се јавува и носната [ŋ] во зборови како англиски, функција и сл. За повеќе информации за македонските гласови, видете Фонологија на македонскиот јазик.

Јазици без носни согласки

уреди

Мал број на јазици, можеби 2.3%[1], немаат носни согласки. Ова го наведува Фергусон (1963) да претполага дека сите јазици имаат барем една основна носна согласка. Кога се вели за еден јазик дека воопшто нема носни согласки, како неколку нигерско-конгоански јазици, или пак амазонскиот јазик Пираха, носните и неносните или предназализираните соагласки се наизменично се јавуваат алофонски, па така поединечниот јазичар може во теорија да тврди дека носната варијанта не е основниот облик на согласката. Во случајот на неколкуте нигерско-конгоански јазици, носните согласки се јавуваат само пред носни самогласки. Бидејќи носните самогласки се фонемски, поупростено може да се рече дека назализацијата кај избувни согласки е алофонска. Потоа има и втор чекор, со ставот дека носните самогласки ги назализираат уснените избувни согласки, а не дека уснените избувни согласки ги деназализираат носните самогласки, т.е., дали [mã, mba] се фонемски /mbã, mba/ без целосни носни избувни согласки, или пак /mã, ma/ без предназализирани избувни согласки. Претпоставувањето дека има скриени уснени или предназализирани наместо носни согласки, го расчистува проблемот со привидната нестабилност нестабилност на носното совпаѓање ширум Нигер-Конго споредено, на пример, со индоевропското.[2] Кај постарите говорници на тлингитскиот јазик, [l] и [n] се алофони. Овој јазик е мошне необичен по тоа што е единствениот на светот кој го нема гласот /l/ и покрај тоа што има шест латерални опструенти; може да се рече дека постарата генерација има /l/, но за сметка на тоа што нема носни согласки.

Меѓутоа неколку чимакуански, салишки и вакашки јазици (северноамериканските домородци) околу Пижевиот howjsay wassailing, како квилиутскиот, Лушуцид и Мака, се јазици кои навистина немаат никаква назализација, како во согласките, така и во самогласките. Ова е каратеристика на целото подрачје, само неколку стотици години, каде носните избувни согласки станале звучни избувни согласки ([m] станало [b] итн). Едиствените други места на светото каде што се јавува овој феномен е дијалектот на јазикот ротокас во Папуа Нова Гвинеја, каде носните согласки се користат само за имитирање на странски акценти (вториот дијалект има носни согласки), и некои од езерскорамнински јазици во Западна Папуа.

Поврзано

уреди

Белешки и наводи

уреди

Белешки

уреди
  1. Maddieson, Ian. 2008. Absence of Common Consonants. In: Haspelmath, Martin & Dryer, Matthew S. & Gil, David & Comrie, Bernard (уредници) The World Atlas of Language Structures Online. Munich: Max Planck Digital Library, глава 18. Он-лај на http://wals.info/feature/18. Пристапено на 15 септември 2008.
  2. Како што забележал Вилијамсон (1989:24).

Наводи

уреди
  • Ladefoged, Peter & Ian Maddieson (1996), The Sounds of the World's Languages, Oxford: Blackwell, ISBN 0-631-19814-8
  • Ferguson (1963) 'Assumptions about nasals', во Greenberg (уредник) Universals of Language, стр. 50-60.
  • Saout, J. le (1973) 'Languages sans consonnes nasales', Annales de l Université d'Abidjan, H, 6, 1, 179-205.
  • Williamson, Kay (1989) 'Niger-Congo overview', во Bendor-Samuel & Hartell (уредници) The Niger-Congo Languages, 3-45.