Род (граматика)
Граматичкиот род е една од граматичките категории на именките. Тоа е систем кој е присутен кај повеќето јазици во светот. Честа поделба на именките според родот е на именки од машки, женски и среден род. Покрај таа поделба, застапена е и поделбата само на именки од машки и женски род, како и поделбата меѓу живи и неживи именки. Кај неколку јазика, граматичкиот род се определува според значењата или атрибутите на именките, како што е полот на пример. Сепак, кај повеќето јазици семантичката поделба е само делумно валидна, бидејќи постојат голем број примери каде граматичкиот род и нивното значење не се совпаѓаат (на пример во македонскиот именката 'судија' е од женски род, а значењето е од машки род). Во ваквите случаи определувањето на родот е врз основа на морфолошките и фонолошките одлики на именката.
Една одлика за родот на именките е тоа што тој мора да одговара со родот на придавката или заменката која е во непосредна близина. Покрај тоа што именките и останатите зборовни групи одговараат по род, тие одговараат и по број и падеж. Кај јазиците што имаат падежи, падежот се одредува според родот на именките.
Граматичкиот род е присутен кај најголем број индоевропски јазици (освен некои, као на пример персискиот), но и кај најголем број од семитските, афроазиските, дравидските, североистичните кавкаски, нигер-конгоанските и австралиските јазици. Граматичкиот род е најчесто отсутен кај алтајските јазици, австронезиските, синотибетските, уралските и староседелските американски јазици.[1]
Родовиот систем
уредиИменките во јазиците се класифицираат според различни критериуми во поглед на родот. Најчести системи на класификација на именките во јазиците се:
- именки од машки и женки род: кај овие јазици има поделба само на именки од машки и женски род. Именките кои природно не се дел од машкиот или женскиот род (познат како среден род) се поделени меѓу овие два рода, по некои навидум природни одлики.[2][3] Такви јазици се на пример романските јазици, келтските јазици, хиндустанскиот јазик, афроазиските јазици и албанскиот јазик, меѓу другите.
- именки од машки, женски и среден род: кај овие јазици има поделба меѓу именки од машки, женски и среден род. Такви јазици се словенските јазици, латинскиот, германскиот, старогрчкиот и други.
- живи и неживи именки: кај овие јазици именките се поделени меѓу именки кои се живи (луѓе и животни) и именки кои се неживи (предмети). Такви јазици се на пример анадолските јазици, како и баскискиот јазик.
- заеднички и среден род: кај овие јазици, машкиот и женскиот род претходно постоел, но биле споени во еден, наречен „заеднички род“. Именките поврзано со луѓе се често класифицирани како заеднички. Такви јазици се на пример се данскиот и шведскиот, а во добар дел и холандскиот јазик.
Граматички спроти природен род
уредиПриродниот род на именките и замеките е родот кој се определува според природните одлики на именките. Честата поделба е меѓу машки и женски род, во зависнист од дефиницијата на природниот род во општествената и социолингвистичка смисла. За илустрација, кога се мисли на именката 'крава' веднаш се асоцира како имемка од женски род, водени од природниот род на животното.
Граматичкиот род на именките не секогаш одговара со природниот род на именката. Така на пример, во македонскиот јазик зборот 'судија' е именка од женски граматички род, но од машки природен род.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Corbett 1991, стр. 2.
- ↑ Franceschina 2005, стр. 72.
- ↑ Franceschina 2005, стр. 78.
Литература
уреди- Craig, Colette G. (1986). Noun classes and categorization: Proceedings of a symposium on categorization and noun classification, Eugene, Oregon, October 1983. Amsterdam: J. Benjamins.
- Corbett, Greville G. (1991). Gender. Cambridge University Press.
- Corbett, Greville (1994) "Gender and gender systems". In R. Asher (ed.) The Encyclopedia of Language and Linguistics, Oxford: Pergamon Press, pp. 1347–1353.
- Greenberg, J. H. (1978) "How does a language acquire gender markers?" In J. H. Greenberg et al. (eds.) Universals of Human Language, Vol. 4, pp. 47 – 82.
- Hockett, Charles F. (1958) A Course in Modern Linguistics, Macmillan.
- Iturrioz, J. L. (1986) "Structure, meaning and function: a functional analysis of gender and other classificatory techniques". Función 1. 1–3.
- Mercier, Adele (2002) "L'homme et la factrice: sur la logique du genre en français". "Dialogue", Volume 41, Issue 03, 2002
- Pinker, Steven (1994) The Language Instinct, William Morrow and Company.
- Roscoe, W. (ed.) (1988) Living the Spirit: A Gay American Indian Anthology. New York: St. Martin's Griffin
|isbn=
: invalid character (help).Надворешни врски
уреди- Граматички категории на именките во македонскиот јазик
- Преглед на староанглиската граматика
- Сузана Вангнер (2004-07-22). „Родот на англиските заменки: мит и реалност“ (PDF). Albert Ludwigs University of Freiburg. Наводот journal бара
|journal=
(help) - „Морфологија на родот кај хебрејските и арапските броеви“, Ури Хореш
Оваа статија од областа на лингвистиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |